Чешкиот ребус

Република Македонија, земја кандидат за членство во ЕУ „што чека датум„ и никако да го дочека, има МИЗЕРНА дипломатија. Има дипломати што не примаат редовно плата, а амбасадите се во очајна состојба. Има и еден дипломат кој по разрешувањето од должноста замина во непозната насока. Игор Илиевски по заминувањето напишал две писма. Ги презентираме…

Ниту на едното, ниту на другото нема одговор. Првото писмо е адресирано до премиерот Никола Груевски. Сега вече екс амбасадорот Игор Илиевски писмото до Груевски го напишал во последниот момент кога се решаваше ќе има ли за Македонија датум за преговори со Европската Унија. Одговор на писмотот не добил. Во продолжение го пренесувам интегрално:

“Почитуван Претседателе на Владата,
Во прилог доставувам ДРАФТ-АНАЛИЗА за актуелниот геополитички шах (документот ќе биде довршен на 13 ноември). Исто така ги привршувам ДРАФТ-ТОЧКИТЕ (како и останатите подготвителни материјали) за разговор со чешкиот премиер. Користам прилика уште еднаш да Ви се заблагодарам за максималната поддршка, која беше секојдневно пружана од Република Македонија, во насока на заштита на права на малолетно дете, како и во насока на заштита на ОФИЦИЈАЛНО ЛИЦЕ на Република Македонија, но и во насока на заштита на целитоста на НАТО – АЛИЈАНСАТА, во заштита на ДЕМОКРАТИЈАТА.

Убеден сум дека максималната дневна поддршка од Република Македонија, од многу пријатели во нашата држава, од многу пријатели во Чешката Република, од многу пријатели во рамките на меѓународната заедница, НАСКОРО ЌЕ ВРОДИ СО ПЛОД. Во Прага се бранеа основните човекови права на малолетно дете (КОЕ ПРЕКУ ПРАВНО И ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО БЕШЕ ОДЗЕМЕНО НА 17 СЕПТЕМВРИ, А ВО КОЈА ПРИЛИКА СЛУШНАВ ДЕКА ПОВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ВИДАМ СИНОТ, А И ОД ТОГАШ НЕ СУМ ГО ВИДЕЛ, ОД ТОГАШ НИКОЈ НЕ МИ ДАВА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ Е СЕМЕЈСТВОТО), државјанин на Република Македонија, во Прага се бранеше неговиот идентитет, во Прага се бранеше ИДЕНТИТЕТОТ И ЧЕСТА на Република Македонија, во Прага се БРАНЕА ВРЕДНОСТИТЕ НА ЕВРО-АТЛАНТСКАТА АЛИЈАНСА И ДЕМОКРАТИЈАТА.

Во секојдневната и макотрпна БОРБА, која верувам дека привршува, помагаа многу наши сограѓани. Во Прага во одбраната на горанаведените работи активно учествуваа, односно бранеа секојдневно Македонци, Албанци, Турци, Чеси, Американци, Полјаци, Французи, Австријци, Естонци, Холанѓани. Помагаа поранешни амбасадори кои во средината на 90те години помагаа во зацврстувањето на Македонската Држава, помагаа поранешни дипломати, кои службуваа во Република Македонија, помагаа и мои поранешни професори од Полска и САД. Се надевам дека по очекуваното соединување со семејството, ќе можам на сите соодветно да им се заблагодарам.

Во Прага се одвиваше БОРБА меѓу ЗЛОТО и ДОБРОТО. Во Прага, како алатка за СОРАБОТКА СО СЛУЖБА НА НЕ-НАТО ЗЕМЈА СЕ КОРИСТЕШЕ ДЕТЕ, КОЕ НЕОДАМНА НАПОЛНИ 100 ДЕНА. Во Прага се фалсификуваше неговиот идентитет и се правеше обид за РЕГИСТРАЦИЈА НА ХУМАНИТАРЕН СЛУЧАЈ.

Во Прага се спремаа томови фалсификуван дискредитирачки материјал од страна на две адвокатски куќи, од страна Агенцијата за обезбедување АБЛ, од страна ФРАНКФУРТСКАТА МАФИЈА, од страна на служби на НЕ-НАТО земја, од страна на лице кое претставува НАТО-ЗЕМЈА, а кои НЕОФИЦИЈАЛНО работи за НЕ-НАТО земја. Регистрирани се повеќе од 100 обиди за заплашување, психолошки притисок, хакирање на мобилен телефон, влезови во компјутер, крадење работи од Амбасада итн итн итн. Во Прага полека се поклопуваат сите делови од мозаикот. Во Прага бев предмет на интерес и обработка на служби на НЕ НАТО земја уште од првиот ден. Тие служби сакаа преку мене да реализираат ЕКОНОМСКИ ИНТЕРЕСИ (за Центарот на Словенските Браќа). Во Прага ниту еднаш не потклекнав ниту на понудите ниту на многубројните притисоци. Во Прага ги бранев демократските вредности и евро-атлантските приоритети, го бранев и сојужништвото со САД, втемелено и преку Декларација од 7 мај 2008 година.

Во Прага се случи реприза на збиднувања од Студената Војна. Во Прага се бранеа основните човекови права, се бранеше демократијата, се бранеа евро-атлантските вредности. Во Прага се случи ФИЛМ во ЖИВО, кој верувам навлегува во последната сцена и верувам дека ќе добие завршница, согласно начелаат и принципите на американската кинематографија. Верувам дека од страна на Чешката Држава во најскоро време треба да се случи и официјална промена на начинот на кој беа воспоставени дипломатските односи во 1994 година, а следејќи го примерот на САД (2004 година) и Полска (2005 година). Верувам дека Чешката Држава заедно со нашата држава и други НАТО сојузници ќе покрене постапка за санкционирање на сите облици на криминал, кои се појавија минативе 55 дена (минимум 10 членови од Чешкиот кривичен законик).

Верувам дека овие настани ќе придонесат за натамошно зајакнување на одличните односи меѓу Македонија и Чешката Република, а и во контекст на идно, не само де-факто, туку и де-јуре партнерство меѓу нашите две земји, во рамките на Алијансата. Верувам дека настаните во Прага ќе претставуваат основа за темелни анализи, во контекст на ГЕО-ПОЛИТИЧКАТА поставеност на Република Македонија и околу начините на кои треба да им пристапиме на ризиците и сложените времиња кои претстојат. Овие анализи сметам дека треба да се темелат на правилата за КОНСИСТЕНТНА и ДОСЛЕДНА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА. Верувам дека нашата консистентност и доследност наскоро ќе биде вреднувана.

Ви благодарам за довербата и Ве замолувам да ми помогнете да го направам последниот чекор во ОВАА ПОБЕДНИЧКА БИТКА. Се надевам приложениот документ, подготвуван и во насока на ИЗВЕШТАЈ за моето 4 годишно работење во Прага, како прв македонски амбасадор, ќе биде позитивно оценет. Верувам дека значителни делови од документот можат да бидат искористени и како основа за подлабински академски анализи од ГЛОБАЛЕН ГЕО-ПОЛИТИЧКИ КАРАКТЕР. Ви стојам на располагање по завршувањето на мандатот во Прага.


Со почит,
Игор Илиевски
Амбасадор на РМ во Прага

Ова е писмото на сега веќе поранешниот амбасадор на Македонија во Прага испратено до премиерот Никола Груевски. НЕМА НИКАКОВ ОДГОВОР на писмото, што е најмалку индикативно. Обрнете внимание на оној дел од писмото (болдиран и подвлече!) во кој Илиевски ја опишува атмосферата околу него и случувањата достојни да се напише сценарио за трилер филм. Сметам дека не е потребен никаков дополнителен коментар…

Второто писмо го испратил до актуелниот генерален секретар на Владата на Македонија, Кирил Божиновски. Испратено е на 27.12. о.г., откако Игор Илиевски веќе не е амбасадор и откако веќе ја напуштил Чешка. Пишува од непозната локација. Ниту Кирил Божиновски не му одговара на писмото. Соддржината на ова писмо е во галеријата на овој текст.

Она што е најтрагично во овој случај е игнорирањето на писмените обраќања од страна на претседателот на Владата на РМ и генералниот секретар. Според искажувањата на Игор Илиевски, неговата кариера на дипломат завршува кога почнува конфликтот со Сашо Мијалков, директор на УБК кој во Прага има свој приватен бизнис и мрежа од фирми. Игор Илиевски некое време бил послушен кон Мијалков, но со време не можел да ги следи и слуша сите инструкции на директорот на УБК, оти морал да се впушти во организиран криминал.

Истовремено, според искажувањето на Игор Илиевски, дел од целиот притисок врз него е и киднапирањето на неговиот син Иван Џејмс, за што воопшто не добил помош од Македонија, иако ја барал повеќе пати. Собрал повеќе од 700 страници докази за случајот на неговиот изчезнат син и за односот на Македонија кон овој случај. Дел од доказите ќе објавам во следното продолжение од овој текст. Во тоа продлжение ке ги објавам и јавно достапните докази за мрежата од фимри во Чешка, сопственост на Сашо Мијалков, директор на УБК кој силно загазил во криминален судир на интереси, занимавајќи се со приватен бизнис, на штета на интересите на Република Македонија.

Игор Илиевски е под заштита на една држава од ЕУ, се наоѓа на непозната локација. Трага по неговиот син

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.