logo
Search
Close this search box.

Да им види пут капут

Екстремно е напнато во ТЕЛЕКОМ. Назим Буши под незаконски надзор ги ставил сите вработени. Го бара кртот кој ми испраќа докази за објава. Мојот извор, инаку човек до кого доставуваат материјали за криминали во ТЕЛЕКОМ е далеку од досегот на Назим Буши. Светот смислил напад и одбрана. Буши брани неодбранливо. Всушност, поим нема што брани…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Освен ФБ профилите што им ги контролира на вработените, а особено детално се следат профилите на неговите најблиски (,,Каменот од блиску доаѓа…,,), очајниот ,,директор на сите директори,, Назим Буши почнал и да ги прати со кого комуницираат вработените вон работно време. Бара сомнителни теренски средби на некој од вработените со мене. Гледа многу руски филмови од постар датум. Ама, да го оставиме ние Буши да си ги води неговите приватни истраги и да се свртиме кон она што актуелно се случува во ТЕЛЕКОМ…

Додека се чека скорешното ВОНРЕДНО Собрание на ТЕЛЕКОМ, поради вонредно нараснатиот криминал и хаос, додека се очекува и статутарна промена и директорска чистка, додека се чека доаѓањето на др Петер Фаил за нов директор на местото на избрканиот Андреас Елснер, во Компанијата продолжува криминалот со несмалено темпо и жестина. Системот така е наместен. Деновиве направив втор експеримент во последните два месеци, за да се уверам дека моите извори не ме манипулираат. И во април и во мај, во последните денови од месецот, преку мојот 070 припејд број купив пакет од 2 ГБ интернет сообраќај. Секретарката на бројот 140140 ми тврдеше дека пакетот е НЕДЕЛЕН. Се разбира дека не е неделен, туку е ДВОЧАСОВЕН! После само два часа откако купив интернет преку бројот 140140 и ми одзема 120 денари, добив смс порака дека интернет пакетот е при крај и дека преостанале некои минимални 65 МБ и ако сакам мобилен интернет пакет да си купам пак. Се потрошија а само неколку пати проверив ФБ нотификации. Вака во април, вака во мај, грабеж на дело. Си се уверив! Не беше скапо искуството, 240 денари ми украдоа за два месеци. Ама си множам напамет: колку ли крадат од претплатниците кои имаат МАГЕНТА и колку преку слични измамнички комбинации!? Мојот извор од ТЕЛЕКОМ ми тврди дека на крај од секој месец, последните денови, телефонскиот и интернет сообраќајот е наместен да се краде највеќе, дека е вклучен на најјако! Плус, наместен е да тарифира 31 ден во месецот, без разлика дали месецот има 28, 30 или 31 ден. Се плаќаат тарифирани 31 ден, дури и во февруари на пример. Сето ова е лесно проверливо и лесно се утврдува, ама ТЕЛЕКОМ е компанија во меѓудржавна сопственост, германско/македонска, па не очекувам држави да признааваат дека крадат од своите граѓани. Инаку, одговорноста е лоцирана. По име и презиме. Софтверот е сетиран да краде од страна на ИТ секторот, во режија на Христијан Колев и Борче Георгиев, кои се во координација со ,,кооперативната,, и корпоративната Емилија Андоновска (онаа специјалистката за уништивање сектори и давање откази на вишоци!,,). За валкани работи, на оваа тројка им се наоѓа и Елизабета Арсова. Освен софтверскиот грабеж на сообраќај, Арсова, Андоновска и Борис Станчев здушно работат и на ,,аутсорсинг,, на кол центарот на ТЕЛЕКОМ, брзаат да го снема пред да дојде др Петер Фаил. Можеби и нема да им успее. А можеби ќе стигнат и ова да го ,,сработат,,.

Посебен сегмент од криминалното работење на ТЕЛЕКОМ е приватната фирма ИНБОКС. Без никому да одговараат, освен на Жарко Луковски, сопствениците на ИНБОКС ја копирале архивата на целата документација од мрежата од Телеком, во хартиена форма. Копирале со недели, ама ископирале. Никој не смеел да ги праша: ЗОШТО и КОЈ ви дозволи? Целата архива на ТЕЛЕКОМ е трансферирана во приватната фирма ИНБОКС. Преку ИНБОКС проаѓаат сите барања на менаџерите за плаќања на сметки на терет на фирмата: струја, вода, телефонија, приватни градинки, приватни школи, приватни курсеви, школувања во странство и што ти не. Директорот на ИТ секторот Христијан Колев во договор со Назим Буши (,,директор на сите директори,,), во ТЕЛЕКОМ ја внел и фирмата фирмата ИТ ГМА, која во системот ровари по малку уште од 2010 година, ама кога Буши добива апсолутна моќ и власт во Компанијата, ИТ ГМА функционира внатре сосема неконтролирано. Про форма на ИТ ГМА сопственик е Филип Петков. Глуми основач и промотор во САД. Всушност се работи за класично перење пари преку доаѓање на некакви ,,консултанти,, од САД, да им ,,види пут капут,,. Преку ИТ ГМА е ,,работен,, проектот во ТЕЛЕКОМ, добиен на наместен тендер за да се прави база, под име СRM (Customer relationship management). Преку проектот се исцицани милиони евра од ТЕЛЕКОМ, без никаква контрола што е работено и сработено. Како и на многуте други проекти, сработиле вработени од ТЕЛЕКОМ, а менаџерите како Христијан Колев и Назим Буши наплатиле максимум за нив. ,,Американецот,, Филип Петков и денес е во ТЕЛЕКОМ со ИТ ГМА и си ,,работи,, проекти со Колев и Буши. Така е наместен системот, а контрола нема…

Инаку, по објавите на оваа веб страна, тимови од инжењери и техничари од ТЕЛЕКОМ и ВИП ги посетуваат сите базни станици низ Македонија и ги бришат преостанатите логови од прислушувањето наназад години. Стартуваат дневно од база сместена во ТЕЛЕКОМ, работат по шема. Даден е налог од ЛУКОВСКИ, МИЈАЛКОВ и ГРУЕВСКИ, секоја најмала трага да биде уништена!

Последниот дел од текстот е посветен на еден од поголеите грабежи, организиран на системско ниво. Затоа и му дале име СИСТЕМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ПРИВИЛЕГИРАНИ ФИРМИ (во прилог имате ТАБЕЛИ). Смислена е и раководена од Жарко Луковски, Назим Буши, Томчо Георгиев и Снежана Тиловска, во соработка со Емилија Андоновска и Бранко Станчев. Овие директори од Телеком си определиле ТОП привилегирани фирми кои се потполно технички опремени на товар на ТЕЛЕКОМ, поточно на грб и од џеб на граѓаните кои поим немаат дека и оваа ставка ја плаќаат. Кај овие ТОП ПРИВИЛЕГИРАНИ фирми сообраќајот не смеел и не смее да стивне ниту момент. Главни посредници за преговори со овие фирми биле Луковски и Буши, а останатите се само учесници и аминувачи. Што све не е инсталирано кај нив: рутери, софтвери, заштити, телефонски централи, сервери, интернет протоколи, мрежни поврзувања, системи за надзор и така натаму (ВИДИ ТАБЕЛИ). Сите зафати биле и се направени на товар на ТЕЛЕКОМ. Опремата вградена кај поедини фирми е и предмет на разгледување и истраги од поново време, бидејќи со инсталирање на оваа целокупна опрема се доаѓа до аферата со прислушкувањето. Непознато е дали оваа опрема во некои од фирмите е дислоцирана!? Но, директорите на тие фирми се под заштита на погоре спомнатите директори од ТЕЛЕКОМ, а ниту еден не е истражуван што работел во минатото. Ако се истражи тој сегмент ќе се дознае дека освен што сите вработени од тие ПРИВИЛЕГИРАНИ фирми биле и сеуште се под контрола и надзор на нивните директори (таму каде опремата сеуште е активна), туку се и под надзор и контрола и на Луковски, Буши, Андоновска, Станчев, Георгиев, Едровски и Тиловска. Оваа БАНДА и директорите на привилегираните фирми, преку софтвер за следење инсталиран во фирмите во секое време имаат детален преглед кој од нивните модерни РОБОВИ што нагалено си ги викаат вработени, со кого разговарал и каде сурфал, со кого комуницирал…

Едноставно, БАНДАТА си играла и денес си игра НАДЗОР и КОНТРОЛА!

Превземи Табели >> ⇓ << 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.