Џон Ерл: ,,Цаликидис е одстранет! На семејството ќе му платиме или ќе им се заканиме ако не молчат!,,

Пишува: Зоран Божиновски

Најдобар доказ дека во огромната афера со прислушкување во Грција, кога пред Олимпијадата 2004 година, преку Водафон биле прислушувани комплетната грчка Влада и американската амбасада во Атина, е мејл пораката од која се чита ФИНАЛЕТО на начинот на кој оваа афера ја расчистувале…

Британскиот оперативец и разузнавач, ангажиран од Водафон, Џон Ерл, на своите партнери во скандалот, генералниот директор на Дојче Телеком Рене Оберман, на директорот од Маѓар Телеком, Елек Штрауб и на секторскиот директор од Македонски Телеком, Димитар Ковачевски, им дал инструкција како ќе го затворат случајот.

Од мејл пораката испратена три месеци после убиството на електроинженерот Костас Цаликидис, се читабруталноста и немилосрдноста на овие криминалци и убијци. Џон Ерл на своите соучесници, меѓу кои е довчерашниот премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски им објаснува дека ,,ЦАЛИКИДИС Е ОДСТРАНЕТ!,,, вина фрлаат и врз петмина петмина техничари од Водафон, а на фамилијата на убиениот Цаликидис ќе им понудат поголема сума пари, а ако не прифатат тогаш ќе им се закануваат!

Актуелниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски бил задолжен за бришење на траги од прислушувањето во Грција, во делот кој се однесувал на учеството на Македонски Телеком. Не успеал во тоа, иако повеќекратно имал такви наредби од Германија и Унгарија. Поседуваме неколку стотини мејл пораки од кои се чита ваква грозоморна мејл комуникација, како оваа што ја читате во продолжение. Денес, Ковачевски на чело на СДСМ настапува како фронтмен кој ја води партијата кон нова победа на гласањето за влез во Собранието на Северна Македонија, во мај оваа година.

Димитар Ковачевски со неговото соучество во убиството на грчкиот електроинженер, застанува рамо до рамо со терористите од ОНА, денес распослани во раководството на ДУИ, обвинети и привремено амнестирани за воените злосторства во 2001 година. Ковачевски е нивни легитимен и соодветен политички партнер…

Еве ја содржината на мејл пораката:

Од: Џон Ерл (Водафон)

Испратено: четврток, 19. 05. 2005 година, 17 36 часот

До: Јоргос Корниас, Рене Оберман, Елек Штрауб, Димитар Ковачевски

Бидејќи Цаликидис е отстранет, ќе продолжиме со следново:

Петмина високо рангирани техничари на Водафон ќе бидат обвинети дека се оперативни организатори на скандалот со прислушување што ја обви грчката филијала на Водафон, гигантот за мобилни телефони.

Вработените инсталирале шпионски софтвер во централните системи на Водафон. Прислушните уреди со висока технологија им овозможувале на непознати лица да прислушуваат разговори на политичката, воената и економската елита речиси една година.

Додека околу 106 мобилни телефони биле следени за време на Олимписките игри во Атина во 2004 година, прислушувањето можело да пресретне околу 4.000 локални претплатници на Водафон.

На тој начин ќе го затвориме случајот и ќе се обидеме да разговараме со семејството за да им платиме поголема сума пари, за да молчат. Доколку е потребно ќе им се заканиме!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.