Дипломатски грабеж кај ,,ТРОЈКРСТИ,,!***

Како е ограбена Македонија и уште има за ограбување, оти сме пребогати…

Пишува: Зоран Божиновски

Огромно богатство од Македонија која е пребогата со злато и дијаманти, а особено е богата со археолошки богатства кои се ископани, изнесени од овдешни функционери/крадци и продадени највеќе на Грција, ама и на уште неколку членки на ЕУ и во САД, е главната причина за осиромашување на нашата земја!

МАКЕДОНИЈА Е ТОЛКУ БОГАТА СО ЗЛАТО И ДРАГОЦЕНОСТИ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИСПОРЕМЕТАТ СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ!

Најголем дел од тоа богатство и артефакти е изнесено во период 2000 до 2024, 65 концесии за ископување наши богатства на компании во сопственост на РОТШИЛД и РОКФЕЛЕР, под покровителство на Велика Британија и кралското семејство се потпишани од министерот ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ, додека премиер беше НИКОЛА ГРУЕВСКИ…

Огромна количина злато и дијаманти е изнесена од Македонија од ЗОРАН ЗАЕВ и неговото семејство, тоа богатство е претворено во биткоини и е темел на нивните инвестиции со ВЕНКО ФИЛИПЧЕ по ДУБАИ, КАТАР и БЕЛГРАД. Зоран Заев заедно со шеиците од Обединети Арапски Емирати е коинвеститор во проектот ,,БЕОГРАД НА ВОДИ,,, а дел е и од најголемата европска марихуанска афера, ,,ЈОВАЊИЦА,,! Предмет на кој со години буквално се крши СРБИЈА. Поголема марихуанска фарма од ,,ЈОВАЊИЦА,, нема во Европа, ниту ќе има. Сопственикот на ,,Јовањица,,, ПРЕДРАГ КОЛУВИЈА, имаше и четири марихуански концесии во Македонија, доделени од екс премиерот ЗАЕВ, потпишани од екс министер за здравство ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, по хиерархија надреден над Агенција за марихуана со која директоруваше љубовница/секс партнерка на КОЧО АНЃУШЕВ, екс вице пример во тој период.

На 13 ноември 2019 година, при претрес на фармата со марихуана ,,ЈОВАЊИЦА,,, близу Стара Пазова во Србија, покрај 65.000 стебла се запленети и 4 тони марихуана од Македонија сопственост на Заеви. Една недела подоцна на 21 ноември, на граничен премин Табановце/Прешево беше уапсен Србин, возач на камион во кој беа пронајдени 400 кг марихуана и пиштол со придушувач кој го поседувал без дозвола. Се бранеше со молчење, призна вина, беше притворен, доби пет години затвор. Не знам дали е уште во Идризово или е пуштен во режија на Заеви!? Оти како премиер, Заев го реформираше суСвото!

Да се вратиме на нашето богатство!

Најголеми лопужи, изнесувачи и препродавачи на нашето археолошко богатство, злато и драгоцености се американскиот амбасадор ЛОРЕНС БАТЛЕР, здружен со екс претседателот и кримос, адвокат и божемен ловец, РАДОВАН ЧЕСМАЏИСКИ и градоначалникот на Куманово од 2000 до 2004, СЛОБОДАН КОВАЧЕВСКИ викан ТАЧЕ, татко на ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ викан ЌУРКА. САД и Стејт Департмент, усрамени и понижени по моето ОДБИВАЊЕ на студиски престој во САД, понудено од БАТЛЕР и моја пријава до нив со што се занимава оваа битанга, го повлекоа од Македонија и го ,,наградија,,. Го испратија божем по казна во Ирак, како дел од привремената американска администрација после вадењето на САДАМ ХУСЕИН од дупка, кога го грабнаа за коси и негова ликвидација!

Ама, БАТЛЕР и ТАЧЕ здружени, откако Лоренс замина за Багдад внесуваа КУМАНОВЦИ во Ирак ,,на црно,,, а дел од тоа сценарио беа агентот на Пентагон, СЕРЏО ТАНГУМА и онаа џукела кој глуми чесен полицаец ВЛАДИМИР ПИВОВАРОВ. Регрутираа Кумановци во х. ,,МИМОЗА,,! Па регрутираните ги внесоа во полн авион, па без визи влегоа во ИРАК, каде во режија на Батлер ги прифатил новиот шеф на тамошната мафија, бивш шеф на најтесното обезбедување на Садам Хусеин. Без визи внесени во Ирак, при трансфер од кап во камп, тројца беа киднапирани па останаа без глави. Тогашната влада на СДСМ испраќаше дипломат од МНР, да се сретне со егзекуторите, како ,,професионален ТВ гледач,, да го види актот на сечење глави на овие несреќници и да им потврди на нивните семејства дека се ликвидирани а телата нема да бидат испорачани…

Останатите, со трауми се вратија од Ирак, преку Истанбул. ТАЧЕ и БАТЛЕР на синот ЌУРКА КОВАЧЕВСКИ, подоцна му завршија фалсификатно средно школо во САД, за што нема пишана трага, а тој подоцна како вработен во Македонски Телеком им возврати со инсталација на шпионски софтвер во Скопје, Подгорица и Атина, а пред Олимпијадата 2004, ,,експлодираше,, афера по кој беше ,,обесен,, грчки телекомуникационен инженер. Нему му натовариле дека организирал прислушување на грчкиот премиер Караманлис, на министерот за одбрана, на американската амбасада во Атина и други битни таргети. Ќурка Ковачевски е соучесник во забошотување на ова ,,самоубиство,, кое подоцна е оквалификувано како убиство од страна на судот во Стразбур и е вратен во фаза на истрага која ТРАЕ! Пишував нашироко за ова…

Освен ЛОРЕНС БАТЛЕР, со бескрупулозен грабеж на македонското богатство се бележани и сопружниците АНЏЕЛА и БРАЈАН АГЕЛЕР, брачен дипломатски пар кој каде и да службувал оставал огромни дубиози, црни дупки и организација на мултимилионски грабежи. АНЏЕЛА АГЕЛЕР била службеник во Македонија во периодот кога амбасадор бил ЏЕС БЕЈЛИ, добро скенирала каде се наоѓа, колку се краде и колку може да се профитира од нас будалите, па после враќање во Вашингтон со нокти гребела да се врати овде како амбасадорка. Тоа и успеа, па широкоградо и полн кофер со неколку милиони евра е дочекана на аеродром Скопје од бегалецот АРТАН ГРУБИ. Направил гест на криминално добредојде и создавање злосторничко здружение кое ќе изнесе подоцна од Македонија што повеќе злато, дијаманти и пари.

Ексклузивно ви пишувам дека од почетокот на 2025 година во Скопје, во амбасадата на САД во Скопје допатувале блиски соработници на Доналд Трамп, внатрешно воделе истрага и ја скенирале АГЕЛЕР што работела во тандем со сопругот БРАЈАН, со што се занимаваат. Констатирале дека ,,работите,, на терен за нив ги раководи ИНДИЕЦ вработен во амбасадата, здружен со ГРУБИ, па прво го спакувале него и го вратиле за САД, а следни за пат без враќање во Скопје се Анџела и Брајан. Финале на нивната истрага бил инцидентот на еден археолошки локалитет на патот во изградба КИЧЕВО – ОХРИД, на место викано ТРОЈКРСТИ!

Не доцни изградбата на овој автопат толку многу заради свлечишта и косини, туку по целата должина со години лоцираат локалитети на кои има артефакти, злато и други скапоцености, па кога ќе пронајде горенаведената екипа (покриена од ЕНКА, а не од БЕХТЕЛ И ЕНКА!) нешто вредно, градењето автопат се стопира, се црпе сето она што вреди, се изнесува од нашата земја, па потоа продолжуваат да го градат автопатот. Артан Груби е избеган за да не пропее оти знае да плачипичи во тесно, знае да побара статус заштитен сведок преку Холандија, први гусари и крадци на археолошко богатство во светот! Попатно, од милијардата и повеќе, потрошена за изградба на овој скап автопат, на секој бивш функционер на ДУИ, СДС и понекој од ДПМНЕ, кому викендицата му е покрај овој автопат, на наша сметкорасписка била реновирана и било асфалтирано патче до неа…

Наскоро Анџела и Брајан Агелер ќе заминат и ќе бидат вратени во САД. Како ќе си поминат дома е нивни проблем. Дали нивната ,,егзекуција,, ќе биде јавна или тајна, не е мој и не е наш проблем. Ние сме само колатерална штета на распродадени лажни политичари/трговци/профитери, алчни за кеш.

Ние како нуспрозивод имаме девастирана природа, депонија сме за европското ѓубре, депонија сме за опасни материјали од ЕУ, по нивните земји членки скапа за уништување, а овде профитабилна за прифаќање и складирање. Јавноста треба да знае дека Зоран Заев и неговите арапски другарчиња имаа план и веќе проектирале градење на ,,СКОПЈЕ НА ВОДА,, по течнието на Вардар, ама нивниот посредник, претставник и менаџер СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ не успеа да ги усклади апетите на Заев и Арапите и барањата на ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ПУЦКО и ФАТМИР ЕТЕМИ ДОМЕСТОС, ама и својот апетит. Земал кеш од двете страни а на ниедна не завршил работа! За истиот криминален проект воопшто не сакала да разговара ДАНЕЛА АРСОВСКА, па најверојатно ќе извисат и ќе има реперкусии по Јакимовски…

Останува на многу поефективен, поквалитетен и современ начин, уредувањето на Скопје да го реализира, од влевот на Лепенец во Вардар па до крајот на течението на нашата најголема река низ Скопје – ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ. На ЕКО начин, со современи архитектонски решенија и инвеститори кои имаат план дивите депонии затрупани со опасни материи, аранжирани и создадени од Стевчо Јакимовски и неговите блиски другарчиња, да ги исчистат! А најголемата е зад хотелот ,,Александар Палас,,, до ,,коњарот,, ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ сопственик на ,,ТИНЕКС,,. Тој до депонијата има изградено дивоградба ,,вила равиојла,, за која нема градежна маркичка па будалиот смислил да го именува како ,,КОЊИЧКИ КЛУБ,,. Неговата сопруга е тешко болна, кај и да е, ќе се разболи и тој лично, а коњите му умираат од зрачењето од депонијата.

На потег е Орце Ѓорѓиевски! Може да сработи, со дозвола од премиерот и во соработка со градоначалникот на Карпош, СОТИР ЛУКРОВСКИ, имаат ,,вин-вин-вин,, ситуација, каква немало наназад години! Секогаш имало опозиција на некое ниво. Ама, може и да не сработат ништо, да не се мешаат во работата за која се избрани и платени од граѓаните. Имамем искуство со многу функционери, кои за да не згрешат, не се мешаат воопшто во ништо и така им поминува мандатот…

Контра нив, проблем е што домашната мафија, раководена од дипломати/криминалци не мирува, туку КОПА! И девастира…

*** НАМЕРНО ПОГРЕШНО во насловот, локалитетот го нарекувам ТРОЈКРСТИ! Има друго име, ама ако го напишам како навистина се вика, ќе навалат селани и дивокопачи да дофатат што може да се дофати, како во време на американскиот Див Запад што се случувала т.н. ЗЛАТНА ГРОЗНИЦА

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.
Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.