Доста беше ќутење! (2)

Второ продолжение од четириделното писмо на Палевски, објавено без мои интервенции…

Пишува: Љупчо Палевски Палчо

Подготвил: Зоран Божиновски

Десет месеци НЕ коментирам медиумски лаги и глупости, ќутам. Законот вели додека трае истрагата, списите и доказите се ТАЈНА. Дури и за грубо кршење на ЗКП и моите права, не се жалев – ЗГРЕШИВ!

Во овие десет месеци бев во притвор 7 дена без никаков документ, а Законот вели и го обврзува судијата за претходна постапка, кога бев спроведен од Република Турција во Македонија веднаш да ми се врачи Решение за притвор. Но, тоа не го направија! Во притвор во КПУ Затвор ,,Скопје,, бев без решение за определен притвор од 15 мај до 22 мај. За потребите на гнидиве што симулираат медиуми, во крајно понижувачка процедура, со калашњикови во придружба, бев спроведуван во притвор со фото сесија после која судијата донесе Решение за притвор. Од притвор до судот бев носен само за да се направи тој спектакл, за да ми се определи притвор и да добијам решение, наместо да ми биде врчен на влез во Затвор ,,Скопје,,.

Однесувањето на ОЈО најблаго кажано е разбојничко, затоа што прво заврши истрагата на 22 јули 2024 г., па дури после две недели по нејзиното завршување, бев спроведен во ОЈО за обвинителката да ми презентира докази, ама наместо докази на УСБ флеш меморија на правниот застапник му беа ставени 1.400 страници списи од ОЈО Скопје и толку. Додека ги отпечатија и додека судот да ги достави испечатените списи до мојот правен застапник (затоа што НЕ МОЖЕЛО директно во КПУ Затвор Скопје), туку морало преку Судот, веќе пристигна и обвинителен акт на 12 август 2024 година. Јас дури потоа, на 16 август 2024 г. конечно ги добив списите, преку Кривичниот суд.

Но, ЗКП и правата на секој човек од тој Закон се НЕбитни, едноставно не постојат во Северџанија, па затоа се решив да ја скицирам целата оваа монитрана гнасотија од ЛАГИ на Оливер Спасовски бившиот и Гаврил Бубевски актуелниот криминалец. Бидејќи во Суд со 3 % доверба од тие на кои им се суди, денес само будала верува, ова писание е наменето за читање од голем број на пријатели и познаници со кои сум живеел, за да знаат дека пријателот и нивниот познаник НЕ Е ниту грабнувач, ниту убиец! Второстепено значење на ова писание е јавно прокажување на еден квази адвокат со три броја поголемо зубало во однос на празната лејка. Тој неодоливо личи на дрогирана пирана со име Џанаки и еден крастав новинар од Кавадаречко!

Ќе се обидам накратко да Ви објаснам зошто овој случај е преседан кај адвокатската фела и зошто спротивно на Закон и начелата на нејзината Комора, со медиумска подршка на чело со Џанаки и Крастата, беа натерани огромен број на адвокати да ми одбијат услуги. Ова го докажува фактот дека не само ОЈО и Судот што се катастрофа, туку адвокатите се тие без кои не може да постои корупција во судовите. Тие се инкасаторите!

Но, се најде јунак, Марјан Витановски, па некако составив одбрана, а денес веќе како обвинет ќе објаснам на пријателите и моето семејство, кој и зошто грабнувал и убивал! Во Судот НЕ верувам, а ОЈО се криминалци на кои државата со Закон им доделила власт. Доказ е токму ова обвинение според кое ЈАС на 22/11/2023 во 09.00 часот, утрото, сум дошол во Велес да го убијам Панче Жежовски. Според ОЈО, јас НЕ напаѓам, врзувам, транспортирам, туку доаѓам н алице место за да убијам, а грабнувањата ги извршиле други. Двајца од нив признаваат и сето ова го потврдуваат, но тие не убивале, секогаш Палчо убива.

Според обвинението, ОЈО тврди дека сум влегол во куќата на Панче за да го земам неговиот телефон марка ,,Хонор,,, додека Велибор Манев (убиецот) и уште еден обвинет кој го НЕГИРА делото, го врзувале убиениот Панче, а јас подоцна сум го фрлил предметниот мобилен телефон во некој дол во Велес. Веднаш побарав  списи кои едвај ги добив, во нив од 1.400 страници 1.200 се имотни листови и глупости. Во нив ја најдов Наредбата на ОЈО да се вештачи телефонот ,,Хонор,, на жртвата Панче Жежовски. МВР, оддел форензика, на 02/12/2023 направиле вештачење по наредба на ОЈО и утврдиле ДНК на извесен Александар од Делчево, а од мене (Палчо) НЕМА ДНК, нема ниту отпечатоци, па пак читам во обвинението тврдење на ОЈО дека доказ за моето присуство во куќата на Панче е намерата да го земам телефонот и да го фрлам во дол.

Вештачењето на МВР оддел форензика докажува спротивен факт од тврдењето на ОЈО во обвинението, но продолжувам со читањето за да го разберам се ова што ОЈО тврди. Со ,,цитроенот,, на Панче и со осомниченото возило „Рено Кангу“, Панче е однесен во месноста „Рудник“ на начин што јас сум го управувал ,,Реното кангу,,, а признавачот, убиец Велибор Манев го управувал ,,цитроенот,, со жртвата Панче, замотан во церадата од возилото во гепек. Ова тврдење ОЈО го докажува со видео инсерти како доказ од приватни камери на извесно лице од Велес и Хотел ,,Романтик,,, но и тука повторно е напишан во обвинението ПОГРЕШЕН ФАКТ.

Времето на камерите додека осомничените возила се сеуште во Велес е 10 35 часот, а обвинението тврди дека Панче е убиен околу 10 часот на 22/11/2023, без разлика што од Велес до месноста Рудник требааат најмалку 7-10 км возење по макадам пат, регионален пат. Во обвинението нема ниту збор по убивањето на Панче, кога и како обвинетите заминале за Скопје во смисол смер на движење и време, затоа што обдукцијата на Панче на Судска медицина НЕ утврдила време на смрт, очигледно за да може ОЈО да шета со времето на убивање на Панче како што сака! Од увидот на местото на настанот, мв. Рудник, ОЈО прибрале само една трага, додека за убиството на Вања, СВР Скопје подигнале 19 траги, предмети од местото на настан, мв. ,,Дупки,,.

Веднаш во обвинението ОЈО преоѓа на грабнувањето и убиството на малолетното дете и опишува дека тројца обвинети се направиле сами, и грабнување, и транспортирање, а јас Палчо сум им се придружил во Визбегово со единствена цел да ја убијам Вања! Па така доаѓаме до осомниченото возило ,,Рено Кангу,, според ОЈО. Јас сум го управувал, со тоа возило сум пристигнал на месноста „Дупки“. На ова возило се направени 7-8 различни вештачења по Наредба на ОЈО, но прво и најважно се биолошките траги со кои се докажува физичко присуство на обвинетиот.

На 10/12/2023 МВР оддел форензика, по Наредба на ОЈО во вештачењето утврдило:

– Влатко Кешишев со 2 ДНК,

  • Велибор Манев со 2 ДНК и
  • Боре Видевски со 1 ДНК трага.Разочараниот Бубевски од фактот дека Палчо НЕ постои во осомниченото возило, наредува ново дополнително вештачење, а обвинителката Жаклина, само потпишува, по што МВР оддел форензика, повторно врши вештачење и на 25/12/2023 констатира дека нашло уште еден ДНК профил, но овој пат на позиција возач, на браникот за сонце, но таа ДНК е на Велибор Манев, а НЕ е на Палчо, како што ОЈО тврди во обвинението.

Овие две вештачења се причината зошто Оливер Спасовски раздели фотографии и видеа на сите портали под негова контрола и по што одработија корумпираните портали во јавноста. Ова се случи затоа што ОЈО НЕМА доказ за физичко присуство на Палчо во осомниченото возило. Но, повторно се враќам на обвинението, во кое токму Велибор Манев, како убиец кој признал, мене ме посочува дека сум ја убил Вања, дека јас сум го управувал осомниченото возило иако вештачењето за биолошки траги недвосмислено утврдило 3 негови ДНК траги од која едната на позиција на шофер, на браник од сонце!

ОЈО Скопје во списите на предметот не ми ги доставило исказите на обвинетите од кои двајца од вкупно пет обвинети во нивните признанија ме посочуваат мене, за да не можам да подготвам одбрана, но на светот постојат добри луѓе и сепак ми ги доставија за да можам да разберам како ОЈО приложува докази на околност во обвинение кои докажуваат сосема спротивен факт. Ова е контрадикторно и неразбирливо!

Според ова обвинение, јас сум го управувал осомниченото возило 2 дена, цели 200 км и на крајот сум ја тргнал мојата ДНК, а сум ги оставил 6 ДНК профили на останатите тројца обвинети, читам и не можам да поверувам се што може да пројде во Судот и ОЈО во оваа држава. Ова е причината зошто Џанаки од петни жили се трудеше да останам без правен застапник, а кодошките медиуми масовно му помагаа! Но, кога сме кај вештачењата на МВР оддел форензика, изготвени по Наредба на ОЈО, која го штити убиецот, кој за да избегне доживотен затвор на задоволство на Оливер Спасовски бившиот и Бубевски послушникот на СДС мене ме посочува, овој скандалозен обвинителен акт НЕ го докажал ниту присуството на осомниченото возило на местото на настанот.

За да не ве замарам, ќе ви ги презентирам закључоците од МВР оддел форензика за предметното осомничено возило:

А. Примерокот на земја од подот на совозачкото седиште со Код ХХХХ по Каталогот на Мунсел, НЕ се совпаѓа со примероците земја подигнати со увидот на местото на настанот.

Б. Примерокот на земја од пронајдената лопата со Код ХХХХ, по нијанса на обоеност, по Каталогот Мунсел НЕ се совпаѓа со примероците земја подигнати од дупката на местото на настанот.

В. Од погоре наведеното следи мислење дека трагите од нагазни површини од пневматици на местото на настанот НЕ се предизвикани со пневматиците од осомниченото возило.

Но, без разлика што потврдуваат материјалните докази изготвени од МВР оддел форензика кои докажуваат присуство, ОЈО продолжува со конструкцијата направена благодарејќи на Велибор Манев во кого обвинителката просто се заљубила, покажувајжи подготвеност да крши Закон како знак на доверба во неговата приказна. Причината зошто ОЈО не ми го достави Исказот на Велибор кој е единствената причина зошто сум обвинет е следното:

  1. Самиот признава дека сам ја избрал локацијата за убиство на Панче!
  2. Самиот признава дека сам ја копал дупката за Панче!
  3. Самиот признава дека тој го одбрал и предложил Панче!
  4. Самиот во Исказот го опишува МОТИВОТ и го кажува следното: „Панче ме превари, ми должеше 100.000 денари, отидов во фризерница за да го тепам, но ме пријави и добив Забрана да му приоѓам и не го тепав!“. 

    После сето ова ОЈО во Обвинителниот Акт ме поставува во позиција на Судија за да го убијам Панче и да ја расчистам нивната кавга, иако во списите на предметот најдов преписка на Панче со претседателот на Советот на Обвинители се до 2022 година, каде Панче се жали како Велибор Манев е заштитен од обвинителката Славица, која и ги водеше во Велес сите истражни дејствија. Сето ова има архивски печати, дел е од списите на истрагата!Истиов Велибор Манев, главниов ресурс на ОЈО во ова монтирано судење кое следи, со негова ДНК е присатен и на сивата леплива трака на устата на Вања, а тоа го утврдила Судска медицина со вештачење кое го направила кога е правена обдукцијата, на 15/12/2023 г. Но очигледно на ОЈО не им се важни правото и правдата, туку им треба Палчо за да биде елиминиран со казна доживотен затвор, па токму затоа во ова завршна истрага и со ова лудачко обвинение, материјалните докази кои покажуваат сосема спротивен факт од тврдењата на ОЈО се приложени како доказ против мене!

    Ова е само едно и прво писание од многуте кои ќе следат, а мотивот е сите мои пријатели и семејството да ја знаат вистината. Судот ќе суди, не им требаат докази!

    За да завршам со ДНК и други вештачења во ова писание, на ред е да го објаснам вештачењето на мојата ДНК која ја немаше ОЈО, а по мојата екстрадиција на 17/05/2024 ми земаа брисеви! Тогаш веднаш е направено вештачење по Наредба на ОЈО и на 20/05/2024 мојот профил е внесен во базата на МВР за ДНК профили и тоа не само за овој злостор, туку за сите траги од ДНК во Македонија и замислите системот за пребарување утврдил 7 поклопувања на мојата ДНК.

    Јас Љупчо Палевски сум оставил трага, доказ за присуство во возилото Ренџ Ровер, кое на 01/12/2023 од Струмица дојде во Белград за да ме однесе во Турција. Тоа возило нема никаква врска со злосторов, дури ни убиецот Велибор Манев не го спомнува во неговиот исказ, но повторно ОЈО прави што сака. Без разлика што во списите постои допис од МВР кога сум влегол во Турција, а тоа е 02/12/2023 во 5 часот изутрина, а првите информативни разговори се почнати, после моето пристигање во Турција, мојот пријател кој е и сопственик на возилото заработи 3 месеци притвор, возилото го извештачија, па го пуштија пријателот на слобода, за среќа не е и тој обвинет. Тоа е единствената работа која ОЈО успеала да докаже, а тоа е фактот кој и јас го кажувам во мојот исказ, како сум патувал од Белград до Турција.

    Во следните писанија ќе објаснам со докази токму на ОЈО, како таткото Александар буквално е измислен за што погадно двајцата да изгледаме, затоа што стварно одвратно звучи дека таткото на детето и Палчо го убија детето, а сето благодарение на убиецот кој одлично го штитат и користат против мене бившиот Оливер Спасовски и актуелниов послушник Бубевски! Главен оперативен местач е Началникот на Оливер за насилен криминал Дејан Димовски, на кого ќе имам чест да му поставам неколку прашања на суд затоа што ОЈО го предлага за сведок!

    Како процедурално ќе успеат да издејствуваат пресуда е проста технологија, затоа што сите овие докази без разлика што покажуваат факт дека Палчо НЕ бил присатен, ниту во возилото ниту на местото на настан, се предложени од ОЈО како нивни доказ. Едноставно нема да ги изведат во доказна постапка на главната расправа. Затоа одбраната приложува докази на ОЈО! Буквално прават што сакаат и како сакаат, па токму затоа и сето ова во писмена форма е доставено до Претседателката на Реп. Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Судот ме извести дека писмото е испратено до Претседателот на Македонија, НЕ за аболиција, НЕ сум јас Заев гнидана, туку заради заштита на Закон и законитост.

    Тоа значи дека траги има, докази за монтирани политички случаи има, народов наивен власт им даде, по цел ден се жалат на Гаврил Бубевски послушникот на СДС дека опструирал, па еве им докази за КРИМИНАЛЕН ОБВИНИТЕЛЕН АКТ, за кој токму Оливер бившиот и Гаврил Бубевски правеа прес на 05/12/2023 пред материјалните докази да го докажат спротивното!

    Се надевам дека денес материјалните докази од оваа истрага ги посипаа со гомна Џанаки и Крастана Кавадаречка и сето тоа ви е јасно драги мои пријатели и другари, дека НЕМАТЕ пријател двократен грабнувач и убиец на дете и старец, а најважно од се е сето ова да го знае семејството!

    (Следува продолжение за таткото Александар)

    Љупчо Палевски Палчо, с.р.

 

 

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.