logo

Др Гагачовска: ,,Ургенции за здравствена нега само од мене ќе примаш!,,

Во Клиничка болница Битола, на почетокот од јануари, директорката Гагачовска ,,продуцирала,, неуспешно прикривање на тешко психичко заболување на Васко Ковачевски…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Силно вознемирен од текстовите што ги објавувам, а под уште посилен притисок на сопругата Мери, генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски на 4 јануари о. г. се договорил со неговата послушничка Биљана Гагачовска да се ,,покрие,, со лекарски извештаи кои ќе му овозможат да ме гони кривично на суд.

Гагачовска е директорка на Клиничка болница Битола од редовите на СДС од Нашата земја, а паралелно додека директорува како специјалист по психијатрија, во својата канцеларија – лекува ,,на црно,,! Најпознати пациенти кај неа се Васко и Мери Ковачевски, екс градоначалничката Наташа Петровска и нејзината заменичка Емилија Костурски. Долги години Ковачевски го прикрива неговото психичко заболување, заедно со симптомите, а откако е функционер Гагачовска со инјекции во нејзиниот директорски кабинет го балансира и стабилизира Васкота, заедно со неговата хистерична сопруга Мери. Скоро после секоја жестока тепачка во домашни услови, др Гагачовска интервенира и го смирува прво Васко потоа и Мери. Потоа ги балансира! Интервенциите се вон здравствениот систем на нашето здравство, за да нема пишана трага и да не се дознае која дијагноза е во прашање кај директорот на ЕСМ. Жива среќа е што во Македонија функционер не мора да покаже лекарско уверение, па таквите како Ковачевски можат да директоруваат и да трошат и крадат милиони евра од Буџет. Ако бидат фатени и уапсени, тука е дијагнозата и психијатар како Гагачовска – да покрие!

На 4 јануари др Гагачовска му советувала на Ковачевски, ,,нападите,, од мене во Буревесник, да ги ,,покрие,, со лекарски извештаи од интерното одделение и од психијатрија. Ја послушал па дошол околу 23 часот ,,на прегледи,,, кратко се задржал а др Маја Талевска на интерно и др Митко Јовановиќ на психијатрија му ,,креирале,,, поточно му ,,наѕидале,, документирано покритие со кое на суд ќе се жали колку страда од мене. Испишале ,,дадена терапија,, која воопшто не му е дадена! Имав контакт со Др Маја Талевска, со нејзината шефица од интерниот оддел Елизабета Ивановска, со психијатарот др Митко Јовановиќ и директорката Билјана Гагачовска. Сите во глас тврдат дека пациентот Васко Ковачевски дошол вечерта во Клиничката болница, добил соодветна терапија и заминал дома и дека НЕМА НИШТО СПОРНО И НЕЗАКОНСКО ВО ТОЈ ТРЕТМАН! Еве во прилог што пишува во изводот од третманот на пациентот таа вечер:

Арно ама!

Не сум лекар, па побарав неутрално мислење од лекар специјалист, побарав да ги прочита двата извештаи. Еве што добив:

,,Извештаите покажуваат дека пациентот бил вознемирен, имал висок крвен притисок кој со антиперзетивна терапија бил нормализиран. Имал и прескокнување на отчукувањето на срцето. Оваа состојба е транзиторна (минлива) и е привремена. Ваквата состојба може да трае еден ден заради надворешна ексцитација (предизвикана возбуда од некој настан, вознемирување, обеспокојување). На пациентот му е преорачана контрола после 20 денови, што покажува дека немало потреба од итна интервенција бидејќи состојбата не била животнозагрозувачка по неговото здравје. Ако било во опасност неговото здравје ќе бил хоспитализиран!

Во случајов јасно се чита дека пациентот има психички проблеми кои не може да ги компензира со обичен преглед на клиника, не може да го прикрие ова, па краткорочно барал спас и барал и добил алиби од лекарите дека му е загрозено здравјето. Од фактот дека треба да се јави на контрола по 20 денови произлегува дека станува збор за сценарио за наводна загрозеност и штета по неговото здравје од надворешно влијание.,, вели во своето посебно мислење специјалист психијатар кој ми ги толкуваше двата извештаи од третманот и ,,терапијата,, на Васко Ковачевски, вечерта на 4 јануари нешто пред полноќ.

Познавам во Битола неколку лица ептен блиски до Васко Ковачевски и од нив дознав дека тој долги години болува од тешко психичко пореметување кое многу тешко го прикрива. Подготвени се да сведочат на суд, доколку се сретнеме таму по негова тужба. Впрочем, ќе треба Ковачевски да донесе на суд и психијатриско вештачење дека ,,лудилото,, му е од мене и моите текстови, а психијатрите на чело со Билјана Гагачовска ќе мора да сведочат и тоа да го објаснат пред судија. Лани кога се соочивме на суд со Зоран Заев, по негова тужба за клевета и навреда, побарав преку мојот адвокат Сашко Станинов да донесе лекарски извештај дека душевно е пореметен и од мене има психички проблеми, за да расправиме на суд дали тоа држи, ама Заев таков извештај не поднесе…

Е сега…

Последните денови од оваа работна недела испрашував луѓе од Битола блиски на Билјана Гагачовска и лекарите кои погоре ги идентификував, па добив докази дека боледуваат од КЛЕПТОМАНИЈА, заедно со Васко Ковачевски. Долги години во македонското здравство постои институт ЗДРАВСТВЕНА НЕГА, за да се дојде до неколку илјадарки во денари како месечен надомест, пациенти со тешки дијагнози како последица на најтешки хронични болести мораат пред КОМИСИЈА да докажат дека здравствена нега им е потребна. Пишуваат барање, го поднесуваат и чекаат одобрување. Најчесто дочекуваат одбивање, бидејќи немаат врски кај типови како Билјана Гагачовска – здравствена нега да им биде одобрена!

Два пати месечно Комисија во Клиничките болници низ Македонија заседава и разгледува случај по случај па одобрува или одбива барање од пациенти. Во Клиничка болница Битола ТОА НЕ Е СЛУЧАЈ! Еве докази:


ДА ПОМИНИ!! Гласи наредбата на директорката Гагачовска!!!

Билјана Гагачовска е КОМИСИЈА, таа лично решава кој БЕЗ ПРЕГЛЕД ќе добие здравствена нега изразена во пари, а тоа го прави со директна наредба кон своите службеници под неа во хиерархија. Експлицитно им наредува КОЈ ДА ДОБИЕ здравствена нега. Списоците за Битола ги изработува заедно со Васко Ковачевски, а среќните добитници кои од овие или оние причини кои немаат допирни точки со болест заради која успеале да дојдат до пари од здравствена нега, требало само да добијат зелено светло од Васко Ковачевски или лично од Гагачовска и парите ги добиваат. Компензираат со глас ЗА на гласање кое во Македонија се нагалено се вика ИЗБОРИ! Еве доказ за начинот на кој директорката Гагачовска ,,доделува,, здравствена нега, доказ како крши Закон и грубо злоупотребува службена положба, а незаконски овозможува противправно стекнување на имотна корист преку оштетување на ионака тенкиот здравствен буџет.

Кога наредува на тие под неа, испраќа идентитет на ,,пациент,, кој дента или утредента кога има комисиска расправа ,,треба да помини,,, наведува во порака ЕМБГ на пациентот, а не наведува причина т. е. дијагноза заради која барателот треба да добие здравствена нега.

Е сега…

Бидејќи Гагачовска и Ковачевски, на последното локално гласање доживеаја фијаско и беа поразени од ДПМНЕ, менуваат тактика и од почетокот на идниот месец на функција КОМИСИЈА доаѓа послушен кадар. На место на службеничка која работела на архива, носат ново дете, да ја превземе архива на болницата за плата 30.000 денари и 8.000 денари надомест за глумење КОМИСИЈА. Планот е реализација на доделување на здравствена нега на пациенти утврдени по список од Ковачевски и Гагачовска, а добитниците на здравствена ќе имаат обврска услугата која ја добиваат месечно во вид на пари за здравствена нега, да ја компензираат со гласање на ден за гласање за СДС од Нашата земја и врбување на нивни домашни да дадат и тие глас како компензација за добрината која ја виделе од Гагачовска, Ковачевски и СДС од Нашата земја…

На наша штета, разбира се. Оти некој мора и да плати!

  

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.