logo
Search
Close this search box.

Драги од Шутка ги дави Заеви…

Рашковски е поголем проблем за Заеви од Орцо Камчев…

Пишува: Зоран Божиновски и екипа на Буревесник.Нет

Иако е во притвор во затворот „Скопје,, викан Шутка, поранешниот генерален секретар на Владата на Зоран Заев, Драги Рашковски реално е во позиција да влијае и да контролира политичари, пратеници, судии и обвинители на високи функции во државава за да издејствува што помала казна, ако не и ослободување од обвинение.   

На списокот на примените кандидати на Академијата за судии и обвинители кој Рашковски го фалсификувал преку контрола на компјутерскиот систем за приемните испити се:

  • снаа на Цветанка Ивановска, генерален секретар на Собранието
  • синот на Елизабета Јосифовска, екс заменичка на Јанева во СЈО и кадровик во тоа обвинителство
  • Билјана Смаќоска, ќерка на Гордана Смаќоска од Обвинитeлството за организиран криминал во Оделението за гонење кривични дела сторени од функционери
  • Иван Колевски, син на Ацо Колевски, претседател на Совет на јавни oбвинители
  • Кирил Георгиев, син на Наќе Георгиев, судија на Врховниот суд
  • Зоран Здравев, син на Киро Здравев, довчерашен претседател на Судскиот совет
  • Бојана Тојиќ, снаа на судијка од Тетово

И останатите кандидати на Академијата имаат сериозни релации со личности од македонскиот државен врв, со што апсењето на Рашковски и неговата блискост со Зоран Заев прераснува во државна безбедносна и политичка афера од која на Заев наскоро нема да има спас! Неговата политичка кариера, ама и слободата му зависи од идните потези на Рашковски од притвор… 

Непознат “човек„ од Струмица, делегиран од Рашковски, постојано бил присутен на електронските полагања и бил ангажиран преку фирмата која го спроведувала електронското полагање и вршел контрола на полагањето. Се грижел НАШИТЕ ДЕЧИЊА да положат. Иако опозиционата ВМРО ДПМНЕ го критикуваше и Рашковски и Владата, на списокот на примени со фалсификат се наоѓаат и лица блиски на врвот и на оваа партија и на пратеници од пратеничката група. Ако на ова се додаде дека со фалсификуваните приемни испити покрај тоа што се ставаат под контрола функционери на клучни државни функции, високите поени на кандидатите им обезбедуваат сигурни места во идната државна хиерархија на судии и обвинители, а  тоа значи контрола на сегашниот и идниот правосуден и државен врв!

Аферата „Рашковски„ добива на тежина и во национална безбедносна сфера кога ќе се додаде информацијата дека во целава ситуација странично бил присутен и Миодраг Давидовиќ Дака, контроверзна бизнис личност од Црна Гора. За него медиумите пишуваат дека е експонент на одредени руски политички кругови под контрола на тамошните тајни служби. Давидовиќ 12 години бил финансиски раководител на железарницата „Борис Кидрич“ од Никшиќ. Потоа, во деведесетите години од минатиот век бил началник на Центарот за безбедност во Никшиќ и министер во Владата на Слободна (Српска) автономна област Херцеговина, во периодот на крвавата војна во Босна и Херцеговина.

Давидовиќ, сограѓанин на Мило Ѓукановиќ бил апсен во 1997 година за наводни малверзации со Тутунски комбинат Подгорица, чиј газда е Аца Ѓукановиќ, родениот брат на Мило. Да потсетам дека во тие години „тутунската мафија „ во време на власта на СДСМ беше присутна во Македонија. Од скопскиот аеродром летаа 40тонски Иљушини со цигари за шверц од Македонија табак, а со хеликоптери на МУП Црна Гора, во црни вреќи беа носени парите кои завршуваа во Кредитна банка СКопје, основана од Македонија Табак и Макошпед.

Во 2009 година во медиумите Дака Давидовиќ се споменува како вмешан во фиктивен извоз на нафта кон Косово, но процедурите за тие обвинувања Обвинителството во Црна Гора никогаш не ги завршило. До судење не дошло затоа што тогашниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ го аболицирал бидејќи постоела опасност тој преку ваквиот притисок и компромитација да биде искористен како главен сведок во случајот за наводен шверц на тогашниот министер за внатрешни работи Филип Вујановиќ и директорот на државна безбедност на Црна Гора, Вукашин Мараш.

Инаку, првите милион евра семејството Заеви ги има ,,направено,, со црногорската мафија, во аранжман на покојниот Душко Заев, брат на Панче, татко на Трајче и Кристина, чичко на Зоран и Вице. Заеви прашувајте га сите милиони евра како ги спечалиле, немојте само за тој прв ,,црногорски,, милион…

Колкава и каква е поврзаноста на Рашковиќ и Заев со ваквата црногорско – руска криминална спрега треба да покаже истрагата, доколку и обвинителите кои ја водат не се под контрола на Рашковски и неговите „соработници„ во криминалната афера!? Оти Драги, како и Палифров, Соња и Зоран Верушевски, е ученик на Благоја Ханџиски…

НАПОМЕНА: списокот со идентитети на НАШИ ДЕЧИЊА од Академијата за судии и обвинители е лански. СПисокот од оваа година не го даваат никако, имам само ветување дека ќе го добијам за објавување. Во тој список имало ептен јаки ДЕЧИЊА…

[widgetkit id=62]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.