Изгорените луѓе, шума, приватен и државен имот наложува дека мора да има кривична истрага за набавката на „Air Tractor„ авионите за гасење пожари во ДЗС…
Пишува: Екипа на „Буревесник.Нет„
Дирекцијата за заштита и спасување во 2009 година имаше директор Шабан Салиу, него го замени Аднан Џафероски а сега со ДЗС директорува Беким Максути. Требаше Македонија да биде зафатена со катастрофални пожари за да се согледа уште покатастрофалната состојба со организацијата на противпожарната заштита, која и досега се гледаше и на обична смотра на ПП единиците каде еден пожарникар носи цокули а вториот патики, додека доброволните ПП друштва постојат само за школски квизови и селски слави. Катастрофалната организација на ПП заштита во државава, поради која претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев мораа да молат и просјачат помош од соседните држави за почеток однесе едн човечка жртва и огромна материјална штета со долгорочни последици, задолжително наметнуваат кривична истрага за виновниците.
Државава во 2009 година за над 10 милиони долари од американската фирма „Air Tracktor„ од Тексас купи три авиони за гасење пожари, но да можат да се користат и за други намени: прскање, запрашување, земјоделски операции! Но, иако беа купени три авиони, на свечаноста на скопскиот аеродром на кој присуствуваше целиот државен врв беа покажани само два авиони. За третиот авион потоа се појави скриена информација дека при првичното долетување во Македонија толку бил оштетен што не можел да се поправи или поправката чинела безмалку како да се купи нов! Наводно, не му се отвориле тркалата про слетување бидејќи оти биле р„ѓосани или некакво слично објаснување!?
Македонската влада авионите за гасење пожари ги купи преку преставништвото на американската фирма „Air Tractor„ во Шпанија преку која во со купопродажбата како посредник настапуваше извесен застапник Хуго Арцео со кој директен преговарач беше тогашниот директор Шабан Салиу. Тој пак беспоговорно ги исполнуваше сите наредби на тогашниот премиер Никола Груевски, додека министер за финансии беше Зоран Ставревски, истакнат по добрите врски и честиот престој во Америка!?
Но, проблемите почнаа веднаш! Уште првите денови додека „Air Tracto„ авионите за гасење стоеја паркирани во хангарите на аеродромот Скопје и им се подготвуваа документите за да може да летаат, никој во Дирекцијата не знаеше како да се постапува со леталата дуир и додека се паркирани? Бидејќи во техничката документација беа наложени технички постапки и додека леталата сеуште се паркирани , како што се: движење на зглобовите на тркалата на авионот, повремено стартирање на моторите и хидрауличните системи и други технички постапки.
Но, бидејќи очигледно Владата и Дирекцијата за заштита и спасување склучиле дефектен договор, шпанските преставници на амeриканската „Air Tractor„ веќе си беа заминати со завршена работа (продажба), авионите останаа и без пилоти и без технички персонал кој во вакви бизнис зделки е задолжителен и обучуван од производителот! Така, десетина вработени од ДЗС кои поим немаат од мотокултиватори а камоли од авиони, на секои десетина дена одеа во хангарите на аеродромот Скопје, кај Петровец и рачно ги туркаа авионите наваму натаму по пистата! Ги размрдувале во склад со техничките напатствија од купопродажниот договор!
За волjа на вистината македонските „Air Tractori„ се појавија на гасење неколку пожари во Дојран, Скопје, како и во Мавровско и на неколку вежби за ПП заштита! Ама купени се за долги години да траат и гасат пожари, а не за неколкукратна употреба. Имаме слични случаи и при набавките на кинеските гарнитури возови кои почесто се расипуваат, а низ Скопје има неколку автобуски гробиштасо неупотребливите двокатни автобуси. Србите имаат убава изрека во вакви прилики:
ДРЖИ ВОДУ ДОК МАЈСТОРИ ОДУ!
Дури откако авионите беа пристигнати во Македонија и со месеци беа паркирани во аеродромските хангари, ДЗС испрати пилоти и механичари на обука во Италија и Шпанија. Што пишува во шпанско – македонскиот договор за купување на авионите и што договарале Шабан Салиу и Шпанецот Хуго Арцео, не може да се дознае, бидејќи и придружниците и придружничките кои патуваа со Шабан Салиу на преговорите за купување авиони и противпожарни возила и ПП опрема се тема забранета за разговор а поголемиот дел од нив веќе не се во ДЗС или се во пензија, што не значи дека во евентуална кривична истрага не можат да бидат пронајдени и распитани!
Најчудно од се е што на 3 август о.г. во Дирекцијата за заштита и спасување се појави токму Шпанецот Хуго Арцео со своја соработничка а кои сега ќе треба да соработуваат и преговараат со сегашниот директор Беким Максути кој во Дирекцијата за заштита и спасување наследи хаос кој сега се обидува да го поправи, иако е прашање колку самиот е способен за тоа но и колку реални услови има за таква операција сега кога баш гори на терен!? Но, Максути сепак има професионална биографија која му остава простор да се „прави„ Шабан Салиу наместо Шабан Салиу!? Цените кои Беким Максути треба да ги спроведе за сервисирање на македонските авиони за гасење пожари засега се движат од 200 илјади до 800 илјади евра. Чудно е и тоа што наместо со производителот од Америка, за сервисирањето се преговара и договара со фирми од Смедеревска Паланка и Хрватска при што секако се договара и провизија за работата и посредувањето!?
За напоменување е и дека поранешниот директор на ДЗС во времето кога беа купени авиони и ПП возила во вредност од 20 тина милиони долари, Шабан Салиу, по што тој се стекна со докторска титула на универзитет во Србија! Откако потоа, Владата на Никола Груевски го разреши Шабан Салиу од местото директор на ДЗС заради лошо менаџирање на Дирекцијата (поради недоразбирање со криминалцин на кои должеше му запалија и нов џип!), на негово место доаѓа Аднан Џаферовски, кој на тоа место издржа малку повеќе од една година бидејќи со секретарките од ДЗС повеќе поминувал по кафеани и забавни службени патишта, отколку во ДЗС!
И додека овие денови и седмици помошта која за гасењето на пожарите во Македонија доаѓа од Словенија, се очекува и соработка околу границата со Бугарија, се поставува прашањето кое за МВР и Јавното Обвинителство не би требало да биде под дилема – да утврди зошто милионите долари потрошени во Дирекцијата за заштита и спасување под директорување на Шабан Салиу и Аднан Џаферовски се ненаменски и нефункционално потрошени а од нивното управување со Дирекцијата резултатите се изгорени шуми и изгубени човечки животи.
МВР и Јавното обвинителство ептен ќе бидат соучесници во криминалот доколку не го потпрашаат Шпанецот Хуго Арцео и неговата помошничка, кои се во Скопје, дали сега можеби бркаат нов договор со добра провизија, како се набавени трите „Air Tractor„ авиони кои наместо да гасат пожари скапуваат во аеродромските хангари?! Ако не, македонската полиција и обвинителство, американските правници од фабриката „Air Tractor„ од Тексас и американската амбасада во Скопје сигурно ќе ги прашаат!?
А прашања има многу! Оти одговори чекаат и бранителите на договорот со „Air Tractor„ компанијата кои викаат: ,,Груевски кога ги набави аввионите летаа и гасеа!,,
Проблем е што летале и гаселе е минато свршено време. Бидејќи не е само да купиш и ставиш во употреба нешто за НЕКОЕ време, туку да трае и служи и да се сервисира редовно за да служи…