Еднаш Димитар Ковачевски работеше против САД!

Пишува: Зоран Божиновски

Димитар Ковачевски, како одговорно лице во секторот за прислушување, следење и надзор на комуникации во Македонски Телеком, има искуство во работа против САД, за потребите на Дојче Телеком. Иако денес како премиер на Северна Македонија редовно оди во американската амбасада да прими задачи кои ги има за завршување и верно служи на ДУИ како на трговска фирма миленик на АМЕРИКАНЦИТЕ, сепак во минатото негови газди биле Германците.

А тие пак работеле со Кинезите контра САД! Надалеку е прочуена војната меѓу американски ЕЈПЛ и кинески ХЈУАВЕИ, војна која долго трае и е доста исцрпувачка. Таму каде што територијална превласт имаат САД, како што е случај во Северна Македонија, ХЈУАВЕЈ нема пристап. Се обидоа преку српски МТЕЛ да влезат, со помош на корумпираниот екс премиер Зоран Заев, ама Американците го лоцираа, експресно го сменија, па го инсталираа послушникот Димитар Ковачевски…

Како тоа изгледало кога Ковачевски работел за Германците а против Американците, се чита од мејл порака испратена во ноември 2005 година од извршниот директор во Дојче Телеком, Ролф Плат, до Ковачевски Пројкоски. Еве ја содржината:

Од: Ролф Плат

Испратено: петок, 25.11.2005., 16:45 часот

До: Димитар Ковачевски, Славко Пројкоски

Cc: Елек Штрауб Хорст Херман

Колеги од МакТел

Откако кинескиот гигант Huawei потпиша договор за целосна соработка со Vodafone (опрема, хардвер и софтвер), Дојче Телеком даде наредба од највисоко ниво да започне соработка со Huawei. Тоа значи дека целата опрема и мрежа треба да претрпат големи промени, особено во делот на следење и складирање на комуникациите. Бидејќи моментално се случува голема работа во Дојче Телеком помеѓу американската влада од една страна и г-дин Рике, г-дин Оберман и г-дин Цумвинкел и други високи функционери, во Германија наредиле да започне соработката со Huawei. Има индиции дека ова е голема работа во Дојче Телеком. За целокупната опрема да биде набавена од Huawei, ќе се пријавите кај г-дин Клаус и г-дин Клинкхамер. Кога ќе ги направите спецификациите за набавка, водете евиденција дека имате вишок од околу 90 милиони американски долари бидејќи вкупната сума за набавка ќе биде многу голема.

Електронската трага нема да се смета како доказ. Бидете внимателни да не ја направите истата грешка како со Водафон***. Другите не смеат да дознаат за проблемот во Дојче Телеком!

НАПОМЕНА: ,,грешка со Водафон,, значи убиството на Костас Цаликидис

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.