logo
Search
Close this search box.

Es wird bekannt gegeben!!!

За мене 13. Февруари 2008 е ден кога се роди македонското автохтоно СВАРОВСКИ судство и обвинителство. Тоа е денот кога виш јавен обвинител, вршејќи си ја својата службена должност, почитувакјќи го законот и читајќи ја првостепената пресуда на судијката Павлина Христова, предлага враќање на предметот ,,ОХИС,, на првостепено одлучување и понатамошно ослободување на обвинетите Јорго Ќука и други.

Тоа е и време во кое, после предлогот на вишиот јавен обвинител Миле Србинов, криминалниот систем на Груевски, Мијалков, Михајло и Филимена Маневски, обвинителот жестоко е казнет и елиминиран од функција, а на кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје му е даден налог да ја потврди првостепената пресуда против Јорго Ќука и другите обвинети: Гичев, Петровски, Ставрев, Трајковски, Патлиџанкова, Андовски, Шутиновски и Јовановска. Ама, нарачателите му дале налог на советот од Апелациониот суд Скопје, кога веќе се глупираат и неосновано одбиваат предлог на обвинител, дополнително да се изглупираат, па на Трифун Костовски и Бранко Тозија ем да им спакуваат простување на вина ем да им дозволат да задржат еден милион евра, спечалени од овој случај. Од тие пари Трифун е хуман сите овие години подоцна. А Јорго и ,,соучесниците,, си го одлежаа своето и поминаа низ притворско-затворскиот дрил што им беше смислен од Фамилијата.

Скоро па незамисливо денес звучи податокот дека предлогот на вишиот јавен обвинител за овој предмет, доставен до Апелацониот суд Скопје е одбиен уште веднаш по добивањето, пред советот да ги разгледува жалбите на обвинетите. Одбиен без расправа. А обвинителот јасно наведува во својот предлог:

Правната квалификација спрема обвинетите за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од став 5 е ПОГРЕШНА.

  • Во уводниот дел на пресудата не е наведено кој од обвинетите со кој адвокат ја дава својата одбрана.
  • Во образложението на пресудата не се наведуваат завршните зборови на бранителите ниту пак завршните зборови на обвинетите.
  • Воопшто не е извршено вештачењето од областа на финансиите, затоа што во диспозитивот на пресудата и во образложението има многу конструкции и недоречености.
  • Во овој предмет нема кривично дело бидејќи се работи за чист граѓанско правен спор. Поради неплаќање обврски од кредит, банката го реализира залогот, ги продава заложените акции, државата не е оштетена, а во договорот стои акциите после враќање на кредитот Еуростандард банката да ги врати на АД ,,ОХИС,,.
  • Буџетот на РМ не е оштетен, АД ,,ОХИС,, заложува свои обртни средства кои служат за тековно работење. Со нивно заложување нема загрозување на Буџетот на РМ, што би било основа за кривично гонење од страна на обвинителството.

Врз основа на овие наводи, вишиот јавен обвинител Миле Србинов предлага да се укине првостепената пресуда, да се вррати предметот на повторно одлучување а ако нема други нови докази, обвинетите да бидат ослободени од обвинение.
Фамилијата и сопружниците Маневски биле фрапирани од ваквото постапување на Србинов, па промптно реагираат и му наложуваат на кривичниот совет на Апелациониот суд да ја потврди првостепената пресуда, а Србинов го суспендираат и одстрануваат од Вишото јавно обвинителство. Апелациониот суд послушно реагира, се удираат темели на СВАРОВСКИ судството, се дава на знаење на сите судии и обвинители како понатаму ќе си поминат сите како Миле Србинов кои ќе се дрзнат да предложат нешто надвор од налозите и нарачките на Фамилијата. Кривичниот совет на Апелациониот суд понизно и послушно постапува: го одбива предлогот на вишиот јавен обвинител, а во писмена форма воопшто не го доставува до странките (бранителите и обвинетите/осудени). Ова е направено наменски за да бидат упатени во затвор обвинетите, кој како и колку бил осуден. Што е и направено. Прво си го одлежале она што им било одмерено како казна од Фамилијата, па после издржувањето добиле правосилна одлука од Апелациониот суд. Ова е онаа сцена од филмовите кога барабанџија на сред село објавува: ,,Даје се на знање!!!,, или ES WIRD BEKANNT GEGEBEN!!! 

Во предметот своја маркантна улога имаат Трифун Костовски (сопственик) и Бранко Тозија (директор) и Еуростандард Банка Скопје. Му помагаат максимално на диктаторскиот профашистички режим незаконски да ги процесуираат Ќука и останатите (Гичев, Петровски, Ставрев, Трајковски, Патлиџанкова, Андовски, Шутиновски и Јовановска), за да остварат имотна корист од 54.311.520 денари (со сите останати трошоци околу МИЛИОН ЕВРА!). И пред реализирање на хипотеката и во текот на судскиот процес против обвинетите, повеќекратно било барано и биле правени обиди да се постигне порамнување, ама Трифун и Тозија вешто се ваделе на одлука на УО на Банката која треба да биде донесена. А тие цело време не го дозволувале тоа, оти Фамилијата и режимот ќе останат без предмет и неосновано обвинение контра таргетираните Ќука и другите, а овие двајцата банкарски измамници ќе останеле без пари од измамата. За да ги доизманипулираат кредитокорисниците, Трифун и Тозија во име на банката до ,,ОХИС,, испратиле писмо со предлог да тужат за да ги остварат нивните права. Ќука и раководството на АД ,,ОХИС,, наседнуваат на оваа понуда и поднесуваат тужба во Основен суд Скопје 2 на 04.04. 2007. Се разбира дека таа тужба НИКОГАШ не е процесуирана и НИКОГАШ не е разгледувана. Фамилијата се погрижила за тоа. На Трифун и Тозија им поминала измамата…

После одлежаниот затвор и правосилност на пресудата од Апелациониот суд, УО на АД ,, ОХИС,, раководен од Пеце Јовевски, послушник поставен од режимот, постигнува спогодба со Еуростандард Банката за порамнување, да бидат ,,затворени,, парите од кредитот, оние 54,3 милиони денари. Спогодбата е одобрена од Управата за јавни приходи, по налог на слепиот послушник/извршител во тој период Трајко Славевски, министер за финансии во влада на криминогената Фамилија. Тоа е оној што се обиде еден период да им укажува на некои незаконитости па најде глава од мртов коњ во постела. После ,,поздравот,, Трајко се поправи! Спогодбата помина, Ќука и соработниците одлежаа затвор, а измамниците Трифун и Тозија спечалија 54,3 милиони денари. Темелите на СВАРОВСКИ судството беа удрени. ИДИЛА!!! Оштетените Ќука, Гичев, Петровски, Ставрев, Трајковски, Патлиџанкова, Андовски, Шутиновски и Јовановска, како и АД ,,ОХИС,, станаа ЕГЗЕМПЛАР за жртви на режимот, заедно со обвинителот СРБИНОВ. Вратите на Шутка и Идризово широко беа отворени за околу 1.050 идни жртви. Криминалната спогодба меѓу ,,ОХИС,,, Еуростандард и УЈП, Ќука и другите никогаш подоцна не ја добија на увид. Фамилијата и чукнала државен печат: ДРЖАВНА ТАЈНА, класифициран документ! Трифун Костовски некое време го лажел адвокатот на Ќука дека ќе му ја даде спогодбата, само писмено барање да поднесе. Се разбира дека после поднесувањето, адвокатот никаков одговор не добил. Дури од наследникот на Бранко Тозија, од Срѓан Крстиќ следниот директор на Банката, адвокатот Мирослав Вуиќ добил објаснување дека и да сака не може да му ја даде спогодбата, имала печат на ДРЖАВНА ТАЈНА, ама Крстиќ му открил и дека таква класификација тој документ добил по налог на Трифун Костовски. Едноставно е, измамникот ама и лажен хуманист Трифун смислил како да ја стори недостапна содржината на спогодбата.

Спогодбата е склучена после правосилноста на пресудата против обвинетите, со друг актер (Пецо Јовевски), незаконска е, а времето кога е направена и начинот укажуваат на сторено кривично дело. Направена е штета со продажба на залогот, со цел и јасна намера оваа спогодба да спречи било какво идно постапување по жалба на осудените. Да не се расправа веќе, оти го нема веќе предметот на спорот, залогот. Да не е направена криминалната и штетна спогодба, залогот би бил предмет на жалба пред Врховен суд и судот во Стразбур понатаму. А вака е спречено и да не се враќа назад предметот на првостепено постапување. Да не била склучена оваа криминална спогодба, не би можело да биде спроведено упатувањето на издржување на затворска казна на Ќука и другите. А со спогодбата е решено дека нема материјална штета ниту по ,,ОХИС,, ниту по Буџетот на РМ. Ова е направено Трифун и Тозија да заработат на помагањето во егзекуцијата на Ќука и раководството на ,,ОХИС,,.

Колатерална штета на овој случај е: две починати лица од карцином, едно оперирано од кардиоваскуларни заболувања, негативен одиум во јавноста кон осудените и кај нивната блиска околина, оцрнети се како бескрупулозни криминалци, провлечени низ кал. Тука како штета е и егзекуцијата на обвинителот Србинов. Судскиот процес во случај ,,ОХИС,, е успешна генерална проба за идно монтирање и егзекутирање на сите 1.050 души кои поминаа низ истото ,,решето,, на Фамилијата. Процесот ,,ОХИС,, е реализиран од судијката Павлина Христова и обвинителката Гордана Гешковска, под менторство на погребниците/сопружници Маневски. Судијката Христова за награда подоцна доби вработување на ќерката, а Гешковска стана шефица на ОЈО Скопје. Се ,,прослави,, со случај МОНСТРУМ.

Трифун Костовски освен со 54,3 милиони денари награда, доби и попуст: да не биде процесуиран неговиот банкарски ортаклук со Бајруш Сејдиу и да може да продолжи со ,,вртењето,, на неговите милиони евра стекнати од наркотрговија. Радосна е и ќерката Олга Костовска. Таа со Сејдиу континуирано комуницира додека е во затвор и со нетрпение го исчекува неговото ослободување. Љубовта навистина е слепа, затоа заљубените се пипкаат…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.