logo
Search
Close this search box.

Фамилијарна ,,проекција,, на воздух за 820 милиони евра…

Криминалот во ТЕЛЕКОМ нема лимит, само небото му е лимит на ова крадење. Фамилијата што беше на власт до пред една година, а нивни остатоци уште владеат, смислила ,,аутсорсинг,, систем за крадење. Изумот е на ФАМИЛИЈАТА, потписот е на ЖАРКО ЛУКОВСКИ…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Фамилијата и Луковски смислиле ,,работење,, во македонски ТЕЛЕКОМ со надворешни фирми откако претходно вештачки е произведена ситуација на ,,немање,, свој кадар да ги изведува работите (главно измислени ставки, никогаш реализирани!), опишани во табелата што подолу ја давам. Денес ви го давам прегледот за испумпани над 820 милиони евра за четири години. Вкупната сума е далеку поголема, кога ќе се согледаат и ,,резултатите,, од испумпувањето милиони евра впосле 2104 година.

Претходно да се задржам на проектирањето на телекомуникациските мрежи, а на испумпувањето милиони ќе се навратам на крајот од овој текст. Во ТЕЛЕКОМ бил набавен софтвер од Хрватска платен 400.000 евра. За тој софтвер нашите проектанти имале и обуки, на кои укажувале дека софтверот не ги исполнува нивните барања за проектирање, меѓутоа не биле послушани, нивното мислење не било уважено, а Мирослав Јовановиќ и Лазар Динов си терале по свое. Имале план. Инаку софтверот не бил ни доработен меѓутоа морало да биде купен. Таков бил налогот. За таа цел, директорот Лазар Динов ги измалтретирал проектантите од цела Македонија, ги сместил во напуштен објект ,,гаража,, во нас. Маџари, божем заради тестирање на тој софтвер. Им платиле и станови под кирија да ,,дремат,, во Скопје, за што немаше никаква потреба, ама да се глуми дека ете се работи.

Всушност тоа било обука на надворешните фирми ,,како да проектираат,,, ама рачно. Купениот софтверот никогаш подоцна не бил искористен бидејќи бил неупотреблив од почетокот. За да се создаде атмосфера дека оваа акција успешно е спроведена директорот Лазар Динов добил дозвола да ја завлече раката во џебот на граѓаните/акционери во ТЕЛЕКОМ, добил буџет на располагање за да го распредели подеднакво на сите вработени како бонус. Тоа би било во просек по 400 евра од вработен. Но, кога се сетил кому све треба да додели бонус, а меѓу вработените има и такви кои ги мрази со особена страст, решил бонусот да го подели селективно, некаде да даде повеќе, некаде ич да не даде, а воедно да заштеди подоста од парите, бидејќи заштедените остануваат кај него и кај Мирослав Јовановиќ за други ,,акции,,. Додека го дели бонусот, по итна постапка и без најава ,,аутсорсирал,, екипа проектанти во ЕРИКСОН кај Жарко Луковски.

Позадински, обуката во ,,гаражата,, во Маџари како одговорни раководители ја коорганизираат Николче Тасевски и Зоран Мурџев, за што Динев ги наградил со бонус од по 3.000 евра. По завршувањето на обуката целото проектирање, со сите податоци е снимено во дата базата на ЕРИКСОН кај Луковски. ТЕЛЕКОМ е тука само да плаќа, во ТЕЛЕКОМ главен оперативен директор е Жарко Луковски, а ЕРИКСОН е тука да касира, каде Жарко Луковски е сопственик. Инаку, проектирањето на мрежи во ТЕЛЕКОМ е вршено со помош на ГУГЛ МАП, со огромни грешки и неточности, вршено е во канцеларија. Никој не излегол на терен да востанови дали проектираното се совпаѓа со реалната состојба. Им било важно да се ,,сработи,, како така и како било, да се стави наслов, да се фактурира и парите да бидат испумпани од ТЕЛЕКОМ. Одлуката сѐ да се ,,сработи,, на овој начин била на ,,одговорните,, Николче, Зоран и Лазар. Објавиле јавен тендер тендер на кој ЕРИКСОН на Луковски добила да ги брка сите дозволи за градба и согласности по општини сѐ до завршување на проектот или клуч на рака. Меѓутоа сите работи: дозволи и согласности по општини им ги бркале луѓе по избор на Николче Тасевски, тие од него добивале готови податоци за мрежи, а на крај сѐ било сублимирано и фактурирано од ЕРИКСОН како фирма носител на тендерот. Овие што ,,сработувале,, по избор на Тасевски биле исплаќани во кеш, на рака…

На овој начин се работело со сите надворешни фирми блиски до ФАМИЛИЈАТА и Жарко Луковски. Во продолжение ви го давам прегледот (види прилог) на измислени, неспостоечки трошоци спрема надворешни фирми за периодот 2012 – 2014 година. Ова се податоци од т.н. САП систем на ТЕЛЕКОМ до кој многу малку луѓе имаат пристап. Мојот извор од ТЕЛЕКОМ ризикува вработување за ова да се објави, да се согледа обемот на огромниот криминал. Има надеж дека сегашната извршна власт не функционира на овој начин и не испумпува милиони евра на овој начин. Има надеж дека можеби ќе реагираат, оти предалеку е отидено.

Во табелата се дадени проекти кои биле проблематични за изведба на терен и се провлекувале со години како незавршени и финансиски незатворени. Изведбата на терен немала никаква реална врска со проектот во САП системот. Едни исти позиции биле плаќани повеќе пати, зависно на која привилегирана ,,ФАМИЛИЈАРНА,, фирма колку пари (милиони евра!) и требале. Менувани се и ,,изведувачи,, по измислените проекти, за да можат сите блиски до Груевски, Мијалков и Луковски да добијат од ,,колачот,,. Потпишани се куп анекси со кои е надградувана цената на чинењето на измислените проекти. Практично, бил проектиран ,,воздух,, за кој се трошени (испумпувани) милиони евра од компанија која е во косопственост на граѓаните на РМ (49%). Крајната сума кога некој измислен проект ќе решеле да биде завршен, кога воздухот бил испроектиран, била оформена во САП системот. Овој систем ги води сите трошоци.

Во табелата дадена во прилог ги немате имињата на фирмите туку само нивните шифри. Имињата се кај ,,кумашинот,, Жарко Луковски…

[widgetkit id=32]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.