logo
Search
Close this search box.

Фанка ,,заебанка,,

Пишува: Зоран Божиновски

Сексот како средство за принуда и уцена го растура кревкото нереформирано суСво во Северна Македонија. Знаме дека разни средства за притисок се применети од почетокот на предметот ,,Шпион,, во септември 2013 година, за да се дојде до пресуда во која макара ќе пишува дека сум виновен. Ама дека со секс афера ќе уценат судијка, не верував додека не го слушнав резултатот од устата на уценетата судијка Фанка Михаилоска Јанчулева!

Судијката Ленка Давиткова од Кривичен Суд и обвинителот Златко Биковски, поранешен шеф на ЈО за ГОКК, испаднаа најпаметни од редот на судиите и обвинители во овдешното криминализирано и суСво, калапено по терк на диктаторот Никола Груевски, братучед му Сашо Мијалков и на онаа ноторна глуперда од Муртино, Зоран Заев. Тие во 2016 година, на премин на 2017, сфатија дека е најдобро да не се мешаат во кривичниот предмет против мене, па судеа колку да помине време, колку да ми помине притворот и се тргнаа! Ми останаа во пријатно сеќавање…

На глупердата Зоран Заев, нарачката да ме тера до затвор, се нафати да му ја одработи уште поголемата глуперда, обвинителката Елизабета Јосифоска. Ама, не и успеа, прво заради тоа што предметот падна во рацете на судијата Владимир Туфекџиќ, а кај него нарачки и импровизации и компромисни пресуди – нема! Без размислување, откако темелно го претресе предметот, ме ослободи од сите обвиненија, за злосторничко здружување, уцена и шпионажа. Ама, си замина од кривосудството во адвокатура!

А мораа да се глупираат на Апелационен суд, враќаа еднаш, па враќаа двапати. Така да мене четири пати ми судеа (Ленка Давиткова, Владимир Туфекџиќ и Фанка Михаилоска Јанчулева два пати).

Најголема будала испадна Фанка Михаилоска Јанчулева. Првиот пат ми судеше од јануари до мај 2022 година, а воопшто не закажа посебно рочиште за соопштување пресуда, после нашите завршни зборови. Туку, направи нешто невообичаено, некоја минута после завршните зборови даде кратка пауза, па не повика назад и соопшти дека ме ослободува од сите обвиненија…

Па пак глупердата од обвинителка Елизабета Јосифоска поднесе жалба во која не бара осудителна пресуда туку бараше повторување на постапка, па на јавна седница дојде уште една глуперда од Вишо обвинителство, Наталија Тасевска. Таа бараше враќање на повторување на постапката, иако нема законски основ. Па Апелациониот совет во кој беше Лидија Зимбакова, позната по ослободителна пресуда за убиецот што ја прегази бившата секретарка на Врховен суд, Маре Попева – го врати предметот да се судиме пак, по трети пат!

Тоа повторно судење е можеби светски рекорд! Траеше од отворање до завршни зборови цели 38 минути. Предложив да бидат повикани сите десетина сведоци на обвинителството против мене, тие никогаш не беа повикани на соочување на суд со мене, предложив да се побара и да се донесе моја запленета компјутерска опрема од Нови Сад, заедно со полн ранец документација и да се вештачи, предложив соочување со Марјан Ефремов, првообвинет и осуден во ,,Шпион,,. Сите мои предлози судијката Михаилоска Јанчулева ги одби. Од страна на глупердата од обвинителка Елизабета Јосифоска не беше предложен ниту еден нов доказ, ниту еден сведок, ништо што би било во прилог на осудителна пресуда.

Наместо судијката Фанка да постапи како и минатиот пат кога без закажување дополнително рочиште, пресуди веднаш и ме ослободи од обвиненија, овојпат за тоа трагикомично судење долго 38 минути, закажа соопштување пресуда за два дена подоцна! Во ред. Ама, сфатив веднаш дека нешто не е во ред и дека ја газата, да ја згазат и да ја прегазат. Си реков, ок ќе ја играме и оваа игра, секако ми е сеедно.

За два дена соопшти дека е згазена! Соопшти дека за уцена сум виновен и ми даде 1,5 година затвор условно на три години, а за обвинението за шпионажа пресуди дека ме ослободува. Истата Фанка Михаилоска Јанчучева, судијката која претходно ме ослободи, овојпат ја видов со наведната глава, со полуглас, усрамена пред мене, притисната, уценета и згазена. Пресудува по нарачка!

Излегов од суд, дадов задача на моите извори од судска полиција и од нив дознав:

,,Фанка е уцената преку судијата Хамдирефет Бафтијари, контролиран од ДУИ. Има со него долготрајна љубовна и секс врска, па за да не биде посрамена јавно, ја уцениле да пресуди обратно од првиот пат, да ме огласи виновен. Плус ја уцениле кога ќе ја пишува пресудата на насловната страница да пише ВИНОВЕН, дека сум ја нарушил честа и угледот на криминалецот Драган Даравелски.,,

Од претседателот на судот Иван Џолев, судијката немала и не можела, ама и не смеела да има поддршка, да издржи до крај и да ме ослободи и на повторното судење. Тој бил посетен неколку пати од Слободан Ковачевски Таче, татко на актуелниот премиер Димитар Ковачевски. Посетите на Слободан Ковачевски во кабинет на Џолев, првенствено биле со цел да изврши притисок, во што и успеал, Драган Даравелски да биде ослободен од притвор по доаѓањето од Србија по 20 годишното бегство, а истовремено да му биде огласена затворската казна и за апсолутна застарена.

Освен што успеал постариот Ковачевски да излобира слобода за Даравелски кај претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, успеал да изврши притисок и да ја симне заштитата од Фанка Михаилоска Јанчулева, за да можат така небранета од нејзиниот шеф, да ја притиснат за подоцна да ми пресуди дека сум ВИНОВЕН. Успеале да ја ,,клекнат,, преку љубовникот, судијата Хамдирефет Бафтијари.

Од мене, голема благодарност до моите извори од судска полиција. Тие се сведоци на сиот блуд и разврат во Кривичниот суд и обвинителството. Редовно ме известуваат кој со кого сексуално е поврзан, со кој судија или обвинител како се ,,работи,,, на кој или која колега или колешка му е слабата точка. Сепак, морам да признам дека не верував дека семејството Ковачевски нема да посегнат по уцена за да ја присилат судијката Фанка Михаилоска Јанчулева да ме осуди, макар условно. Направив лоша проценка, ги потценив…

Ама и тие лошо проценија, немаа поим дека знам кој, кога и зошто влегува по судиските и обвинителските кабинети. И знам кој со кого води љубов, а кој има само секс! Знам и нешто друго:

На мој грб нема секс без ,,санкции,,!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.