ФОКУС џубокс ,,новинарство,,

Објавата на втората пресуда на Бојан Јовановски БОКИ 13 за нова деветка во облик на девет години затвор за обвиненијата кои му ги натовари Зоран Заев преку продолжената рака Вилма Рускоска и алатката Ивана Трајчева, ме врати во минатото…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Се сетив веднаш на покојниот Никола Младенов и на Јадранка Костова Николиќ, внука на прочуениот Гроф од кумановското село Матејче…

Јадранка Костова, од скоро и некаков награден ЛАУРЕАТ за животно недело (со)учествуваше и во ликвидацијата на неделникот ФОКУС и подоцна на БОКИ 13, заедно со АЦО КАБРАНОВ и останатите големи бардови на современото непостоечко македонско новинарство, денес трансформирано во ФОКУС ЏУБОКС ,,НОВИНАРСТВО,,. Никој, ама баш никој освен мене немаше храброст по ликвидацијата на Младенов да ја каже суровата вистина за неговата ноќна посета на велешкото езеро МЛАДОСТ, за целодневниот телефонски притисок од мајката на МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ која тогаш го раководеше министерството за транспорт и врски, а на чие чело беше со потпис синот.

Таа мартовска ноќ 2013 година, кога на враќање од неуспешни преговори со Мијалков и Јанакиески, Младенов брутално е ликвидиран на влез на Скопје, редакцијата на ФОКУС, раководена од КОСТОВА и МЛАДЕНОВ, го подготвувала новото издание после кое требаше да падне Владата на Груевски!!! Имаа од Словенија докази за криминал во македонскиот дел од криминалот во словенечки Телеком, тогаш во државна сопственост. Таму беа уапсени десетина директори заради висока корупција, на Косово беше уапсен имателот на концесијата на ОНЕ (подоцна ВИП, денес А1) – Екрем Лукај. На Младенов по една разузнавачка врска му беше доставен доказен материјал ЗА ОБЈАВУВАЊЕ, со докази за вмешаност на министерот Јанакиески и тогашниот директор на ОНЕ Македонија, Предраг Чемерикиќ…

Наместо да остане закован во редакцијата на неделникот, како што со години тераше по обичај и востановена агенда, Никола Младенов таа вечер попушта на молбите на мајката на Миле Јанакиески и заминува на велешкото езеро МЛАДОСТ да се испазари за необјавување и да сочува живот. По две неуспешни преговарачки сеанси и недоговор, сепак заминал на ужас на домаќините од Владата, по што тргнува бркотница до влезот на Скопје и негова ликвидација. Едноставно, не смееле да дозволат да стигне до редакцијата и во новиот број на ФОКУС да го објави она што го имал. Ќе паднеше Владата! Наместо тоа, трагично загина и како што обично бива, се вивна на небото над нас како легенда, како најдобар новинар на сите времиња, како некој чие име стои на некаква божемна престижна новинарска награда. Го славеа скоро сите бидејќи 90% поим немаа како и од која причина бил ликвидиран, а во режија на неговата вдовица Билјана и уредничката Јадранка Костова беше организиран ГЛАСЕН МОЛК кој ден денес одекнува до степен да таа ТИШИНА пара уши!

Им се приклучи тогашниот опозиционен лидер Зоран Заев кој првично ветуваше дека Македонија нема да се смири додека не се дознае вистината за оваа погибија, а подоцна и политички профитираше од ,,бомби,, со кои и покажуваше на разбранетата јавност како Младенов бил најприслушуваниот новинар и дури најавуваше судски процес во кој преку тие ,,бомби,, ќе ја чуе вистинската причина за оваа трагедија. Како што најавуваше и ,,бомби,, за МОНСТРУМ па никогаш не ги даде на обвинителството и вистината засега остана неоткриена…

Јадранка Костова и Билјана Младенова некрофилски профитираа на смртта на Никола Младенов. Од донаторски извори им беше обезбеден финансиски фонд после прекин на издавањето да си продолжат со публицирање на неделникот. Јавноста поим нема дека вдовицата Младенова од прв ден на нивниот формален брак, од него беше третирана како нижо суштество поради начинот на кој несреќно бил склучен. Бев постојано вработен 3,5 години во ФОКУС (мај 1999-ноември 2002), со две години плус кога пред вработувањето објавував текстови под разни псевдоними. Младенова имаше улога на маркетинг директор, обична службеничка испраќана од сопругот да потпише по некој договор за реклама, да појде до Европа 92 да договори печатење или да наплати продаден тираж и – толку!

Колку го сакала и почитувала Младенов, заедно со уредничката Костова, покажаа кога продолжија со печатењето на неделникот кој од тој период до денес повеќе личи на ЏУБОКС во кој високи функционери на СДС од Нашата земја и фрустрирани криминалци/обвинители како АРТАН АЈРО од СЈО, нарачуваат текстови против оние кои им пречат или сакаат едноставно да ги дискредитираат. Прво што направи вдовицата Младенова после погибијата на легендата Никола, беше склучен договор со Сашо Мијалков, мерцедесот во кој загина да не биде испитуван форензички туку да биде исечкан на метална прашина и фрлен во заборав. Мијалков за возврат ги исчистил сите кредитни и лизинг хипотеки на семејството Младенови и притоа во присуство на Јадранка Костова договориле во иднина неделникот да не бранува ИЧ, да не се пишува за погибијата на Никола Младенов, да не се врши притисок врз обвинителството да тера истрага и процес против нарачателите и извршителите на ова грозоморно убиство со предумисла. Подоцна ист договор е направен и со Зоран Заев, кога стана премиер, а на приемчивата Костова и отвори врата и во 1 ТВ, која се раѓа со неговиот старт во премиерска фотелја, кога сите нему блиски и малку подалечни бизнисмени преку високи партиски функционери инструирани од Заев, даваат се од себе т.е. од Буџетот, БОКИ 13 да ја етаблира оваа телевизија.

Немав дилема дека Сашо Ордановски, Гордана Дувњак, па и Чомовски ќе знаат како да ја ,,управат,, оваа чудна телевизија која експресно доби национална концесија и кон која волшебно потекоа стотици илјади евра кеш како да се во прашање исто толку денари, ама сигурно знаев дека имињата на АЦО КАБРАНОВ и особено присуството на ЈАДРАНКА КОСТОВА на БОКИ 13 му носи несигурна и тешка иднина, бидејќи каде се АЦО и ЈАЦА тука се тајните служби, тука се ,,продаваат,, повеќе новинари одошто весници и вести. Се сетив како ЈАДРАНКА КОСТОВА мртва ладна ја преживеа погибијата на Младенов и некој месец подоцна со вдовицата Билјана си кинисаа во менаџмент на неделникот ФОКУС, а не долго откако се подзаборави несреќата, тргнаа и на кафеански дружби за да покажат на јавноста дека знаат и да се опуштат, освен што знаат да работат за овој или оној, главно оној кој ќе плати, таа недела да биде распнат оној кој му пречи на Заев или некој од неговата околина.

За разлика од Никола Младенов, БОКИ 13 дружбата со ЈАЦА и АЦО засега ја ,,плати,, само со притвор и двапати по ДЕВЕТ години затвор, од кои оваа втората е неправосилна, па сега ќе го тегнат една година за лажно да се надева осуденикот дека ќе биде вратена на повторно првостепено судење.

Зад Јадранка Костова и Ацо Кабранов остана пеплосана 1 ТВ, од која први тие се разбегаа на своите почетни позиции, ФОКУС и ЛИБЕРТАС. Во 1 ТВ беа на привремена работа испратени од Зоран Заев, во мисија на контрола на телевизијата и променливото однесување на БОКИ 13 кој немаше никаква почит ниту спрема премиерот, ниту спрема функционерите под него, а особено не ги фермаше Вилма Рускоска и служителките на Зоран Заев под неа во ЈО за ГОКК. Зад Костова стои и уништениот неделник ФОКУС, печатен медиум кој до погибијата на Никола Младенов се печатеше во тираж од 15.000 примероци и остануваше или многу малку непродаден дел од тој тираж или беше комплетно продаден, што со себе носеше и огромно влијание врз јавното мислење и имаше релевантност…

Трансформацијата на ФОКУС во ЏУБОКС НЕДЕЛНИК после загинувањето на Младенов, по принцип на КОЈ ПЛАТИ ЌЕ КЛАТИ, стигна кога Јадранка и Билјана се здружија и решија да направат скапан компромис со Мијалков, а тоа донесе и непознат отпечатен тираж и поголемиот дел непродаден отколку продаден, што се огледа на секој киоск со купови непродаден ФОКУС.

Помеѓу вистината која читателите ја имаа на дланка секој петок со секое ново издание и комерцијален успех со било каква, макар нечитлива содржина, Костова и Младенова го избраа ова второто. Ако не ја сакаат на виделина вистината за погибијата на легендата на македонското новинарство и ако како водечки личности на неделникот не инсистираа на таа гола вистина, што тогаш очекувате од ФОКУС!?

Што очекувал БОКИ 13 кога фатил работа да има со ЈАДРАНКА НИКОЛИЌ КОСТОВА?

Текстот погоре го пишувам врз основа на лично горчливо искуство. Мене оваа тројка (Младенов, Младенова и Костова) ме ,,продаваа,, повеќекратно, во еден наврат наплатија од Трифун Костовски 50.000 евра за да не излезе дел од мој текст посветен на абортуси и силување на ракометарки, додека овој клептоман беше на чело на РФМ и КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, еднаш ме ,,продаваа,, кај другарчето на ЈАДРАНКА, Јордан Ристовски викан Ливада, криминалец кој во Идризово одлежа пет години затвор заради криминална дружба со Бајруш Сејдиу. Ама Костова иако цела ноќ се договараше со мене и инсистираше да и одговорам на повеќе прашања, три дена потоа моето не го објави, парите од ЛИВАДА ги наплатија (беше ликвидатор на МАКЕДОНИЈА ТАБАК, преполн пари!), а јас еден ден пред излегување на тоа издание ТЕЛЕФОНСКИ ОД ЈОЦО ЛИВАДА ДОЗНАВ ДЕКА НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ МОЕТО, ТОЈ УРЕДИЛ ТАКА ДА БИДЕ!

Ме ,,продадоа,, и после ТВ ДУЕЛОТ со менаџерката на Тоше Проески, во ТОМАТО ПРОДУКЦИЈА, емитуван на А1 ТВ во емисија БИСЕРИ на Анета Кочишки. Текстот договорен за петок, 16 ноември 2007, Младенов ми го откажа преку смс порака после средба со ЈОВАН ИЛИЕВСКИ, тогаш шеф на ЈО за ГОКК. Спречија од профитабилни побуди да не го објавам извештајот за перење пари сочинет во декември 2006 од екипа на Управата за спречување перење пари. После оваа средба во кабинетот на ИЛИЕВСКИ, директорот на оваа управа ВАНЕ ЦВЕТАНОВ беше сменет и брутално пребиен од обезбедување на Никола Груевски, зад Владата на кеј на Вардар, со ,,порака,, да ме поздрави мене…

На моја среќа, со многу информаци за тоа што ми се подготвува, со знаење со кого имам работа во ФОКУС и со многу среќа, преживеав до денес и имам комотна позиција сето ова да ви го откријам знаејќи дека ниту Костова ниту Младенова, ниту некој од членовите на неговото потесно семејство не смее да праша како бил убиен Никола, а најмалку смеат да седнат наспроти мене јавно да си поприкажеме подетално на овие ,,скокотливи,, теми. Наплатија да молчат!

На несреќа на БОКИ 13, тој немал поим што го чека кога се впуштил во авантура со Костова, Кабранов и Заев да прави телевизија. Пробав на еден краток бравурозен ТВ ДУЕЛ да му отворам очи и му кажав дека тоа што ме вика ЗАТВОРЕНИК значи само дека не ја распознава разликата помеѓу ПРИТВОРЕНИК (каков што бев јас!) и осуден затвореник, каков што ќе биде тој во идина, па така на своја кожа ќе научи да ја направи таа разлика…

Има среќа БОКИ 13 што е млад и што е жив. Од затвор се излегува, од гроб како Никола – ЈОК!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.