logo
Search
Close this search box.

Гајдов е невин, ама е фатен во стапица за почетници

Атентатот на Глигоров низ судска перспектива…

Пишува: Екипа на Буревесник.Нет

За инволвираноста на Љубомир Данаилов Фрчковски во атентатот врз претседателот Глигоров на 3 октомври 1995 година, според информациите на Буревесник.нет постојат и докази и сведоци. Но, новинарот во пензија, Љубомир Гајдов кој на промоцијата на книгата на Стојан Андов „Пред атентатот и по него,, во 2018 година,  изјави дека „Тој (н.з. Фрчковски) е мозокот на атентатот„. Очигледно наивно се залета во „македонскиот гамбит„ иако лично се претставува како искусен шахист.

Гајдов во судска постапка не можеше да ја докаже вистинитоста на својата изјава па деновиве е првостепено осуден за кривично дело „клевета„ што за еден новинар на крајот на неговата кариера е еднакво на професионален и интелектуален пораз и слом! Настрана што атентатот врз претседателот Киро Глигоров, иако истрагата во МВР сеуште формално трае, скоро никого веќе не го интересира. Судскиот предмет Фрчковски – Гајдов е сомнително дефектен, бидејќи од тужбата во која на почетокот беше присутен како тужен, исчезна авторот на книгата Стојан Андов. Со тоа осудениот Љубомир Гајдов, остана „гол и со подзината уста„ иако тој ангажираше и се консултираше со познати адвокатски канцеларии како да ја докаже својата изјава „дека американски извори му кажеле дека Фрчковски е инволвиран во атентатот врз Глигоров„.

Во книгата Андов пренесува разговор со поранешниот претседател Киро Глигоров во времето по атентатот :

„Стојане, вчера имав неочекуван состанок. Во вилата ми дојдоа Бранко Црвенковски, Тито Петковски, Благоја Ханџиски, Фрчкоски и Јане Миљоски. Тие мои гости зборуваа мирно како да се  договараа со мене да одиме на плажа, а всушност побараа од мене да дадам оставкa. Не ги разбирам овие луѓе Стојане, ако нè тргнат нас двајцата и останат сами на власта, сосема е јасно како ќе владеат„.

Овој дел од мемоарите на Стојан Андов и сомненија на Киро Глигоров чија политичка кариера неосновано и неоправдано се запоставува, отвора дилеми дека не бил само Фрчковски „сомнителен„ . По атентатот Глигоров изјави дека американски дипломати му укажувале во која насока треба да се бараат атентаторите на сите нивоа, а токму Љубомир Фрчковски од Зоран Заев и Стево Пендаровски како клучни личности во македонската дипломатија неодамна го предложија за иден македонски амбасадор во Вашингтон, но беше одбиен како неподобен !?

Ваквата констелација на односи кои по македонското влегување во НАТО особено на безбедносен план, допрва ќе се развива вклучително и повлекувањето на Радмила Шеќеринска од партијата а логично и од позицијата министер за одбрана, што Буревесник.Нет го најави, стануваат компонента во стабилизацијата на Македонија која допрва почнува!

Инаку, кога станва збор за атенатот врз Глигоров, во истрага ама и во јвноста никогаш не беше расветлено присуството на функционери и бизнисмени во х. Бристол 24 часа пред атентатот. Познато е дека една вечер пред атентатот, во ресторанот на Бристол вечерале Данчо Шутурков, екс заменик генерален директор на Македонија Табак, Јовица Стефановиќ Нини, бизнисмен од Ниш, екс сопственик на Јака Радовиш и Македонска Банка, Ванчо Чифлиганац, екс директор на Рудник Бучим и Биљана Апостолова, негова тогашна љубовница. Шутурков и Стефановиќ после вечерата го напуштиле хотелот, а Чифлиганац и Апосотолова останале да преспијат.

Во х. Бристол ден пред атентатот на Глигоров, бил виден и Благоја Ханџиски, екс министер за одбрана во Владата на Црвенковски, ама за природата на неговиот престој баш на десетина метри оддалеченост од атентатот кој се случила следниот ден, нема информации…      

       

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.