Многу се кажа за протипожарната скала за Скопје деновиве, ама да кажам овде што не се кажа…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Побарав од него да прими човек кој се разбира од оваа проблематика, да поразговараат, да му отвори очи и да му објасни во што е впуштен од страна на Михаил Иванов, СЕ СОГЛАСИ, направив поврзување меѓу него и човекот и ШИЛЕГОВ НЕ СЕ ЈАВИ! Следниот ден, на 21 април го добив и договорот за набавка на противпожарната скала и сфатив каков бескрупулозен криминал е направен, прочитав дека чини 1.720.000 евра а не 1.200.000 евра, прочитав дека ПОДИЗВЕДУВАЧ со 37% или 540.000 евра е фирмата АРМОР ПЛУС Скопје, фирма на познат ЗЕТ околу која две недели претходно се крена паника за многу помали набавки, сфатив дека е во тек измама со УНГАРСКА фирма ,,ХОРОСКОП,, која всушност базично е српска, од Сента (Војводина), а во Будимпешта има регистрирана истоимена фирма мајка во Сента фирма ќерка и сфатив дека е направено се што требало да биде направено за да се ограбат буџетски пари.
Скалата треба да биде примена од произведувачот во Германија и нема способна фирма во Македонија која може директно да ја купи, па морало да се оди преку посредници, а условите на тендерот биле ,,сетирани,, за никој друг да не може да конкурира оти се наместени да се купи исклучиво ТАА скала. Зошто тогаш објавувале тендер само Михаил Иванов и Петре Шилегов си знаат. Предвидени се и трошоци за транспорт од 90.000 евра, преку српски транспортер иако во Македонија има транспортери кои тоа можат да го направат за многу помал износ!
За уделот во набавката кој го одработува АРМОР ПЛУС Скопје во износ од 37%, според спецификациите на она што го одработува, по закон треба да се распише посебен тендер, ама ако се испочитува законот во тој дел, АРМОР ПЛУС нема да помине. Не исполнува услови!
Во Договорот пишува и дека ДДВто не е на сметка на набавувачот, дека е плус на оваа сума и дека го плаќа Град Скопје. Ама никаде не СТОИ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ и СО КОЕ ЗНАЕЊЕ и ДИПЛОМА е оној кој ќе изврши технички прием на скалата откако ќе дојде во Скопје. Пишува и дека оригиналните договори меѓу изведувачот од Унгарија и подизведувачите од Србија и Македонија се на англиски, а ќе бидат доставени заверени договори со судски превод на македонски. Ама, не видов никаде такви заверки. Само оваа ,,ситница,, е доволна јавната набавка да биде поништена…
Консултирав стручњак за јавни набавки во врска со оваа набавка, го прашав за скалата. Вели:
,,Прво треба да се почне од самиот тендер или како што го викаат во Град Скопје, оглас! А тоа се две различни работи. Условите во кои е набавувана скалата прејудицираат исклучиво еден производител и штом веќе така предвиделе можеле да одат на директен договор. Со набавка на специјална опрема, со директно спогодување со производител или застапник, согласно законот за јавни набавки без тендер или без оглас. Така ќе избегнеле скалата да чини 1.720.000 евра, ќе чинела двојно помала или онолку колку што чинела и онаа на Град Загреб.
Второ, треба да се провери прецизно кои се наведените фирми посредници/подизведувачи, кои перформанси ги имаат, кога се регистрирани, колку искуство имаат со набавка на ваква специјална опрема, кои се сопствениците. И на крај, колку стручни лица има во Хороскоп Унгарија, Хороскоп Србија и Армор Плус Македонија, чија тесна специјалност се противпожарна заштита и спасување!? Тоа кога ќе се провери, ќе се открие целата вистина! Па ќе има работа за обвинителството а не за ДКСК, како што бара Шилегов…,,
А пак вработен во противпожарната бригада Скопје вели:
,,Да се побара, па да се покаже јавно документација за тоа КАКО е утврдено и КОЈ тоа утврдил што тоа нам ни недостасува во пожарната во Скопје? Зошто скала кога за 1.720.000 евра можеме да купиме 10 до 15 противпожарни возила. И зошто нашиот командант Симоновски беше одбиен со барање за ТРИ противпожарни возила, па беше ставена скалата како приоритет. Кој направи анализа што тоа нам ни е неопходно?
Нам производителот на скалата никаде не ни напиша дека скалата без дополнителна опрема нема да функционира. Ако скалата морало да ја има баш таа дополнителна опрема зошто не е дел од понудата? Како тоа е вметната опрема која оди со таа скала и тоа баш брендови за кои баш случајно застапник е АРМОР ПЛУС Скопје? Со скалата се купени брендови за кои исклучиво е застапник АРМОР ПЛУС! Кој ги правел техничките спецификации кои се неопходни, кој е толку високообразуван во нашата противпожарна бригада, оти знам дека командантот Симоновски не е, дека не се плетка од почеток и дека го држат настрана од оваа набавка. Кој тоа изврши претходно истражувања на пазарот предвидени со Закон, кој направи проценка на техничка оправданост, кој направи анализа на цени?,,
А пак пензиониран пожарникар кој работниот век го поминал во противпожарната бригада на Град Скопје, вчера ми напиша:
,,Гледам дека Шилегов веднаш после твојата најава дека ќе објавуваш за скалата, тргна да се фали. Еве ти некои информации па ако те интересира нешто друго пиши ми слободно. Имено такви скали веќе има во пожарна, донации се од Нирнберг и тоа од времето на Трифун Костовски кога шефуваше во градот. И тоа две скали! Тие се апсолутно неупотребливи поготово во Скопје затоа што за да се постави и подигне и се потребни услови т. е. да биде во близина на зградата 5 – 9 метри затоа што во спротивно не смее да се подига нагоре затоа што работи на принцип на васер вага и ако не е под либела, грубо кажано, не може да се работи т. е. да се подига пошто командите и се блокираат ради небезбедност.
Доказ дека ова скала е набавена само ради провизии и крадење е и фактот дека постоечките скали последен пат се излезени од кругот на пожарна на 24. мај 2019 во Карпош 4 и тоа отидено е со нив до местото на пожарот и пошто не можело да се пријде до зградата на растојание потребно за да се подигне вратена е во пожарната. И на таа интервенција немаше потреба од неа, ама командирот Симоновски поставен од Шилегов, ја испрати на интервенција од чалам. И ти гарантирам дека и во наредни 5 години сигурно нема да се употреби оваа новата скала ама важно парите си се предвидени за поделба. Сепак, Шилегов се вади дека новата скала од 1,72 милиони евра сама ќе се сетира и ќе се мести. Можеби сама ќе оди на интервенции и ќе се враќа во гаража. Со Шилегов и тоа е возможно…,,
И така, врва зелката…
[widgetkit id=63]