Пишува: Зоран Божиновски
За време на последните апсења на клиниката за Oнкологија и радиотерапија строго е внимавано главните актери да не бидат ниту ,,гребнати,,. Внимавано е да не се чепне во осилото, за да не бидат подоцна ,,искасани,, министрите од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кои ова свесно го овозможувале.
На оваа Клиника и е даден буџет без следење критериуми согласно Законот за здравствена заштита според член 27.
Никогаш наназад години не е вршена контрола на цените по кои се набавувани скапите лекови од страна на сектор финансии во Фондот за осигурување, каде исто така со години директор на сектор е Миле Сугарев, незаменлив и несменлив. Дел од тие лекови се набавувани над препорачаната цена од ФЗО, без барање, без проверка на важечко одобрение за ставање во промет од страна на Агенцијата за лекови во РСМ. Има и набавки без одобрение…
Скапите лековите се набавувани по распишувани постапки за Јавни набавки, пред да се одобри буџет од вкупниот буџет од условниот буџет (прво е вршена нарачка па потоа се обезбедувани пари т. е. секторските директори Миле Сугарев и Јасмина Смилковска од ФЗО имале гаранции дека тие ќе праќаат материјал на Управен одбор на ФЗО и ќе ги манипулираат членовите на состаноците дека наводно итно се потребни лекови, а овие ќе си гласаат и ќе го одобрат бараниот износ). Па се земани и лекови на реверс!
Така, бројот на лица на кои им е потребна терапија растел од околу 120 до 150 лица во периодот 2017 до 2021, за енормно да нарасне во 2022 година и да биде околу 1.000 лица, а во 2023 над 1.400 лица. Тоа е период кога бизнисот им процветал. Критериумите по кои се ставани лицата во согласностите не биле контролирани од ФЗО! Во ФЗО немало следење на содржината на фактурите кои ги плаќаат, плаќани се лекови и од позитивна листа и лекови за кои не била дадена согласност.
Имало пропуштање на двојно плаќање на фактури во ФЗО и фаворизирање на добавувачи, не бил следен рок на доспевање на фактурите па останувале неплатени фактури на кои течела камата, а кон фаворизираните добавувачи било плаќано ажурно, а често пати и двојно, со што пред време била исплаќана обврската спрема нив, а кон другите кои не биле во милост на ГОСПОДАРИТЕ, намерно се доцнело со плаќање.
Во одлуките за условен буџет бил наведуван само износот, без да се наведе конкретно за кои лекови станува збор, за колку лица се и по кои цени се даваат парите. Купувани се лекови од редовен буџет наместо од условен буџет на сметка на другите потреби на клиниката за кои редовно недостасувале пари.
Миле Сугарев и Јасмина Смилковска биле управувани од Снежана Смичкоска, неофицијално директорка на Клиниката за Онкологија и радиологија, пензионирана па незаконски вратена од пензија пак на работа, со потпис на актуелниот министер Фатмир Меџити Сарајлиќ. Смичкоска е невенчана сопруга на Златко Пановски, реален сопственик на Клиниката за Онкологија и радиологија, иако номинално клиниката е во државна сопственост. Пановски, Смичкоска, Сугарев и Смилковска се ГОСПОДАРИТЕ НА ЖИВОТОТ И СМРТТА на оваа клиника, ама и на клиниката за Хематологија, каде управува Ирина Пановска, ќерка на Златко Пановски. Нив ниту некој смее да ги чепне, ниту да ги гребне, ниту некој смее да истражува со што се занимаваат. Целата истрага на оваа Клиника е насочена кон грижливо одбрани вработени, секако заплеткани во мрежата на ГОСПОДАРИТЕ, заедно со пациентите кои се надеваат на лекување, ама поради тежината на дијагнозите со кои се борат, најчесто тие борби ги губат и умираат…
Миле Сугарев заедно со Снежана Смичкоска и Златко Пановски, организирале набавките на оваа клиника и клиниката за хематологија никако да не подлежат на контрола од ФЗО, министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат…
Заради послушноста на Миле Сугарев и неговата интимна пријателка и колешка Јасмина Смилевска, заради извршителноста и лојалноста, Златко Пановски им средил и уредил заедно со членови на нивните потесни семејства, а преку две фирми, да учествуваат како добитници во однапред наместени тендери, да грабаат од Буџетот колку ќе посакаат и патем никој ништо да не им може…
Така, Миле, Розета, Драган, Кристина и Ирена Петровска СУГАРЕВИ, профитираат преку фирмата АКСЕЛТА ИТ, чиј сопственик номинално е Адмир Беќир Агиќ. Снаата на Миле, Ирена, работи во оваа фирма од 2016, а синот Драган е вработен од 2018 година…
Јасминка, Димче, Мартина и Дарко СМИЛЕВСКИ се собрани околу фирмата ТВЛ КОРП. Дарко, син на Јасминка е управител на фирмата, а како втор управител е вработен и Виктор Здравески, син на уште една битна раководителка во ФЗО и соучесничка во криминалот со МИЛЕ и ЈАСМИНКА…
Тогаш кога истрагата водена од обвинителството, ќе ги опфати и ГОСПОДАРИТЕ НА ЖИВОТОТ И СМРТТА на онкологија, ќе можеме реално да очекуваме разврска на криминалот на оваа клиника, ама и на клиниката за хематологија. Дотогаш, ќе гледаме селективно апсење на осомничени кои ќе се бранат најчесто со молчење, од страв!
Според мојот извор од Фондот за здравство, сето погоре пишано е доста лесно проверливо, ама потребно е да се пронајде кредибилен проверувач…