На поранешните високи функционери на југословенската разузнавачка служба, Здравко Мустач и Јосип Перковиќ, во 2016 година им се судеше во Германија, Минхен, за заговор за убиство на хрватскиот емигрант, Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година….
Подготвил: Екипа на Буревесник.Нет
Според обвинението, Звонко Мустач, кој во тоа време бил на чело на југословенската УДБА, на Перковиќ му дал заповед да испланира и организира атентат на Ѓурековиќ. Третиот член на групата, наводно вмешан во убиствата, бил поранешниот шпион на југословенската тајна полиција, Крунослав Пратес, кој во 2008 година во Германија беше осуден на доживотен затвор.
Од позиција на актуелната аферата во државава со фалсификувани пасоши кои им биле изработувани на европски криминалци од висок ранг а која ги тресе и МВР и Македонија како држава, таков фалсификуван пасош му бил издаден и на Јосип Перковиќ во 2012 година кога Германската полиција и судови бараа негова екстрадиција од Хрватска во Германија каде било и извршено убиството на Ѓурековиќ.
Здравко Мустач, заедно со Јосип Перковиќ, во август 2016 година, беше осуден на доживотен затвор за поттикнување на убиството на емигрантот, Стјепан Ѓурековиќ, во 1983 година, во Волфсратхаусен во близина на Минхен. Мустач во тоа време бил на чело на хрватскиот огранок на УДБА, а Перковиќ шеф на одделот задолжен за емиграција. Двајцата се изјаснуваат за невини и вложуваат жалби на пресудите, кои германскиот суд ги отфрлува.
Но, подоцна Окружниот суд во Загреб, донесе одлука, со која казната доживотен затвор, што му беше изречена на Перковиќ од страна на судот во Минхен му е намалена на 30 години затвор, додека на Мустач Окружниот суд во Велика Горица му ја намалува казната од доживотен на 40 години затвор. Судот образложува дека хрватскиот кривичен закон не предвидува казна доживотен затвор, туку максимална затворска казна од 40 години. Перковиќ беше екстрадиран во Хрватска и казната ја издржува во затворот Глина. Истовремено во Хрватска се објавуваа информации дека судењето може да открие и други кривични дела, во кои што била вклучена југословенската разузнавачка служба.
А кој е и што се знае Јосип Перковиќ за делата и злоделата на југословенските тајни служби е отворено прашање и за германска БНД. Токму во времето кога Германија бараше екстрадиција на Перковиќ од Хрватска и судење во Германија за убиство, според информации на „Буревесник.Нет„ од Македонија му бил издаден македонски пасош?
Апсењето на бившиот југословенски и хрватски разузнавач Јосип Перковиќ во време на судењето беше една од ударните теми за кои пишуваа германските весници. Според „Зидојче цајтунг“ Германија веќе со децении барала негово испорачување поради обвинение за Перковиќ за убиството на југословенскиот дисидент Стјепан Ѓурековиќ во 1983. година во баварскиот Волфратсхаузен, но и покрај со децении распишана меѓународна потерница по високиот функционер на југословенската а потоа и на независната хрватска тајна служба тој не беше испорачуван на Германија“.
Беше испорачан дури откако Хрватска влезе во ЕУ како членка и стапи на сила ЕВРОПСКИОТ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ, закон според кој земјите членки имаат обврска помеѓу себе да си испорачуваат барани осуденици или осомничени лица…
Весникот „Ди Пресе„ потсетува дека ликвидацијата на југословенски емигранти во Германија биле зачестени. Во 1970-те и 1980-те години под неразјаснети околности се убиени 22 лица а Германија по прогласувањето независност на Хрватска, безуспешно се залагаше кај претседателот Туѓман за екстрадиција на Перковиќ а германската канцеларка Ангела Меркел дури ја откажа посетата на земјата по повод приемот на Хрватска во ЕУ. Зошто Германија толку упорно барала и влегува во спор со Хрватска како пријателска земја од ЕУ само за да фати човек кој во некоја мината епоха наредил убиство“, се прашува „Берлинер цајтунг“, кој верува дека случајот Перковиќ крие уште многу одговори?
Перковиќ во татковинската војна за време на распадот на Југославија е клучна фигура во набавката на оружје за Хрватска. Како шеф на хрватската тајна служба тој го контролира тамошното подземје. Во игра беа многу пари. Перковиќ знае каде се парите, кој во кои фирми што купувал со нив. Слично како и во Србија, ембаргото на оружје во Хрватска не спречи вооружување и војна а организираниот криминал процвета. Југославија во текот на Студената војна беше иделна за странските шпиони а и самата изнедри многу спротивставени тајни служби. Јосип Перковиќ, покрај тогашниот хрватски министер за внатрешни работи, функционира во самиот врв на разузнавачката дејност. По почетокот на војната во 1991 година, тој преминува во Министерството за одбрана.
Истовремено за Македонија е „многу важно„ дека Здравко Мустач и Јосип Перковиќ се лицата кои во југословенска УДБА и во 90те години „на врска„ ги држеле Албанците од Македонија кои соработувале со југословенска УДБА за што постојат и документи. Станува збор за Али Ахмети со кодното име под кое е заведен како соработник на УДБА – “Александар Антиќ”, исто како и неговите најблиски соработници, Фазли Велиу – “Ујко”, Муса Џафери – “Мама”, Гзим Острени – “Дрина” и Талат Џафери – “Стрела”. Ова сега го тврдат и дел од осудените за тероризам во случајот „Диво насеље„, некои од нив осудени на доживотен затвор. За дел од нив Насер Зибери откако беше избран за народен правобранител пред неколку месеци, констатира дека веќе се здобиле со право на користење слободен викенд?!
Уште посимптоматично е што синот на Јосип Перковиќ, Саша Перковиќ подоцна беше советник на хрватските претседатели Стипе Месиќ и Иво Јосиповиќ. Тие неретко, по завршување на функцијата со посредство на некои екс –југословенски дипломати од Македонија често престојуваат во Македонија?!
Кој и зошто пред десетина години, во фаза кога германската полиција и судство бараат екстрадиција на Здравко Мустач и Јосип Перковиќ заради судење за убиство и сомневање дека ќе се обидат да побегнат од судењето, во Македонија на Перковиќ му издал македонски пасош а со тоа и државјанство, со сериозно сомнение дека во државава се криеле уште некои други обвинети за тешки кривични дела од меѓународен ранг по кои уште се трага?