И обвинителот Јанев треба да седне до Газда Деко

мое, кочанскиот обвинител БОРЧ ЈАНЕВ треба да седи на обвинителна клупа веднаш до ДЕЈАН ЈОВАНОВ, викан ГАЗДА ДЕКО…

Пишува: Зоран Божиновски

Обвинителот Јанев бил (а можеби сеуште е!?) член на ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА во Општина Кочани, екипа стручњаци која за задача има токму ПРЕВЕНЦИЈА или спречување трагедии каква што се случи во ,,ПУЛС,,. По мене, обвинителот Јанев е одговорен онолку колку што се одговорни и обвинетите. Страотно ми беше непријатно кога го слушав и гледав кочанскиот обвинител БОРЧЕ ЈАНЕВ кога вели, цитирам:

,,НАШИОТ НАРОД ЗНАЕ ДА КАЖЕ ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ ОТКОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ. Но во овој случај последиците се неизлечиви, зошто никој не се обидел да ги спречи.  Кога превенцијата затајува, државата нема друг начин освен да гони и казнува. Доказите ќе покажат дека злоделото не може да биде само казнивото дејствие на активација на пиротехниката. Злодело е и самото постоење на овој објект. Клубот отсекогаш бил безбедносна смртносна стапица и буре барут…,,

 

Локален Совет за превенција

Зошто обвинителот БОРЧЕ ЈАНЕВ не се обидел спречи да се случи трагедијата во ,,ПУЛС,, како член на Локалниот совет за превенција? Спиел ли Јанев на нивните седници или воопшто не биле одржувани?

Дури, кога го чита обвинението Јанев за Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката/штала вели, цитирам:

,,Димензијата на преземени дејствија и обемот на пропусти што постоеле кај овој човек се шокантни и запрепастувачки. Ќе можете да слушнете и да видите на што бил спремен овој човек само заради профит и материјална надомест. Бидете убедени дека ќе ве потсети на негативните ликови од делата на Достоевски и Орвел – антипод на сите човекови вредности…,,

На што е антипод обвинителот Јанев? Зошто како член на Локалниот совет за превенција не спречил/превенирал обемот на пропусти кај Јованов да достигнат шокантни и запрепастувачки размери? Мене ова ме шокира и запрепастува! Ме шокира и запрепастува леснотијата со која републичкиот јавен обвинител ЉУБОМИР КОЦЕВСКИ од сите нас сака да направи будали кога формирал тим од 287 обвинители да застапуваат СЕЛЕКТИВНО обвинение во кое грижливо е водена сметка КОГО ДА ГО ИМА, а КОГО ДА ГО НЕМА!

Па баш обвинителот БОРЧЕ ЈАНЕВ треба да e на обвинителна клупа, оти бил во Локален совет за превенција, членувал таму, можел ама не превенирал несреќа! Немој да се лажеме дека обвинителот ЈАНЕВ немал поим за ,,ПУЛС,,.

Неговиот шеф ЉУБОМИР КОЦЕВСКИ поради овој факт не треба да поднесува оставка, нека ни го уште на функција, иако има предлог од владејачката коалиција да биде разрешен. Оти, ако не остане на функција, ако биде разрешен, ќе мораат со него сите од галеријата корумпирани обвинители од бившо СЈО, зајакнати со ликови како обвинителките МИЛИЦА ГАВРИЛОВА, НАТАША ПОП ТРАЈКОВА и слични…

Ако пак не биде разрешен, ќе падне владата на премиерот Христијан Мицкоски, уценeта од Коцевски и колегите му од обвинителството…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.
Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.