Иди убиј се и врати се сам!

Кога племето од Муртино селски го заебава Мијалков…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Одлежав притвор 770 денови или 25,5 месеци од кои 10,5 месеци во Нови Сад, Србија, па 15 месеци во Скопје, во Шутка. Одлежав максимално време предвидено според Закон за кривична постапка, за делата за кои бев прво осомничен, потоа и обвинет. Научив процедури! И во Србија и во Македонија, во притвор имав цимери во собите во кои престојував кои се осудени ПРВОСТЕПЕНО и се задржани во притвор по досудената пресуда, до нејзина правосилност. Додека да биде донесена првостепена пресуда, обвинетиот притвореник е во надлежност на обвинителството, ама со денот на донесувањето на пресудата, првостепено осуденото лице потпаѓа под надлежност на судот. И ако поднесе жалба, чека расправа на Апелационен суд каде застапник е ВИШО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО! Основното или Артан Ајро во случајов е ПУБЛИКА! Ништо повеќе…

Лице осудено над ПЕТ ГОДИНИ затвор, особено ако е странец или особено ако има странски пасош и постојано престојувалиште во странска земја, обврзно од превентивни причини останува во притвор до правосилност на пресудата. Таков е случајот со осуденото лице САШО МИЈАЛКОВ. Има пасош од Чешката Република, има имот (30 лукусзни апартмани во населба ,,ПРАГА 6,, во Прага), дури и кога беше директор на УБК имаше постојан престој во Прага, адреса во главниот град на Чешка Република и со УБК буквално директоруваше како странец.

Сашо Мијалков има донесени и јавно објавени две првостепени пресуди во вкупна должина од 20 години затвор, за сторени најтешки кривични дела против државата, а во тек се уште кривични постапки за кои допрва очекува првостепени пресуди, едната за неколку денови, за ,,ТОРТУРА,,. Со денот на донесувањето на двете првостепени пресуди, од обвинителите беше побаран и беше одобрен притвор и за двете пресуди, до правосилност. Единствена олеснителна околност која може да му биде допуштена на Мијалков е исходот од жалбата на двете донесени првостепени пресуди да го чека во затвор и за тоа треба да поднесе барање на кое секако ќе му биде удоволено, да замине на издржување на затворските казни, оти понатаму притворот е беспредметен за осудено лице како него.

Само во случај жалбите на двете првостепени пресуди и на евентуално следните првостепени пресуди кои се очекува да бидат допрва донесени против Сашо Мијалков, ако му бидат уважени на Апелационен суд и ако бидат вратени на првостепено одлучување, Сашо Мијалков може да биде вратен назад од затвор во притвор, бидејќи во тој случај процесот се повторува, издржувањето на затворската казна се прекинува и станува пак притвореник кој од таму бива транспортиран на рочишта на евентуално повторениот процес или процеси.

Во НИКАКОВ случај, особено не во земја на ЕУ или земја кандидат за членство во ЕУ и земја која веќе е членка на НАТО како Македонија, лице како Сашо Мијалков со никаков понуден износ на гаранција, сеедно дали е 11 милиони евра или 111 милиони евра, НЕ СМЕЕ да биде пуштено на слобода, под никакви мерки, ниту во домашен притвор ниту да биде на слобода со редовно јавување во судот еднаш неделно или еднаш месечно.

Сашо Мијалков како веќе двојно осудено лице на вкупна казна од 20 години затвор, со најава за нови пресуди кои износот на години затвор само ќе го зголемуваат, ако биде осуден и во тие предмети, е осудено лице под надлежност на Кривичниот суд Скопје, суд кој го осудил. Обвинителството (било кое!) со денот на донесување на пресудата нема веќе никаква надлежност над осуденото лице. Артан Ајро како обвинител не е надлежен во ниеден случај да прифаќа гаранција било од 11 било 111 милиони евра. Чиста измислица е дека на понуда од 11 милиони евра од осудено лице на 20 години затвор во два тешки предмети, со две притворски решенија, обвинител треба да даде позитивно или негативно мислење. Артан Ајро може со Сашо Мијалков да си тргува на зелен пазар, кога тој како бивш осуденик ќе излезе на слобода, ако Апелационен суд го ослободи или ако одслужи затворска казна од 10, 15, 20 или 30 години затвор па да си се сретнат на пазарска тезга. Артан Ајро до денот на донесување на пресуда во предметот во кој застапувал обвинение бил странка во предметот, можел да предлага, да прифаќа, да одбива. Со донесување на пресудата во тој предмет и со прифаќање на неговиот предлог Мијалков да биде во притвор до правосилност, Артан Ајро завршил со Сашо Мијалков.

ЕВЕНТУАЛНО ЌЕ СЕ ВИДАТ ПАК ВО ИДНИНА АКО АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГО ВРАТИ ТОЈ ПРЕДМЕТ ПО ЖАЛБА НА САШО МИЈАЛКОВ И АКО ПРОЦЕСОТ СЕ ВРАТИ НА ПОВТОРНО ОДЛУЧУВАЊЕ А АРТАН АЈРО СЕУШТЕ Е ОБВИНИТЕЛ, ПА ПАК ЌЕ МОЖЕ ДА ПОСТАПУВА, ДА ПРЕДЛАГА, ДА СЕ НАГОДУВА, ИТН…

Кривичниот суд исто така нема простор да се нагодува за 1 милион, за 11 милиони, за 111 милиони евра гаранција, со лице кое два пати е осудено на 20 години затворска казна, а на истиот суд се водат уште кривични постапки во кои на осудениот Мијалков му се закануваат нови пресуди со уште подоста години затвор. Кривичниот суд суди и казнува или ослободува, ако казнува одредува кривична санкција која се мери во месеци или години затвор, во потешки случаи досудува и доживотни казни. Кривичниот суд не е трговски, па да одмерува колку милиони евра треба некој да плати за да излезе на слобода со две вкупни затворски казни во износ од 20 години затвор, додека чека правосилност. Ако Кривичниот суд на Мијалков му ја прифати НЕПРИСТОЈНАТА ПОНУДА која е дадена до нив, ако го ослободи од притвор по цена од 11 милиони евра, тогаш МОРА пред да донесе таква КАТАСТРОФАЛНА, НЕПРАВНА и САМОУБИСТВЕНА ОДЛУКА, да си направи ЦЕНОВНИК колку чини слободата и на осудените во МОНСТРУМ, ДИВО НАСЕЉЕ, 27 АПРИЛ и слични случаи. Оти и тие имаат милиони евра т.е. можат да си најдат спонзори кои ќе платат по ценовникот на Кривичен суд за ослободување од притвор, до правосилност.

ИЛИ НЕКА СКРАТИ ПРОЦЕДУРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧЕН СУД ИВАН ЏОЛЕВ, АКО ВЕЌЕ НАПЛАЌААТ МИЛИОНИ ЕВРА ОД МИЈАЛКОВ, ПРЕД ДА ПРИМЕНИ БИЛО ШТО ОД ОВИЕ ВАРИЈАНТИ КОИ МУ ГИ СТАВАМ НА РАСПОЛАГАЊЕ, НЕКА СЕ СОСТАНЕ СО СВОИТЕ КОЛЕГИ СУДИИ И НЕКА ДОНЕСАТ ОДЛУКА ЗА САМОУКИНУВАЊЕ, А ТОГИТЕ НЕКА СИ ГИ ЗАПАЛАТ ЗАЕДНО СО ДИПЛОМИТЕ…

Инаку, реалноста е сурова и вели:

Сашо Мијалков веќе е свесен дека е изигран од Зоран Заев и дека слобода нема веќе да види, свесен е дека прво ќе окапе во притвор оти долготрајни се жалбените постапки во Апелациониот суд, па и да се враќаат на повторно судење после се долги новите процеси на кои пак го чекаат првостепени пресуди кои нема да бидат ослободителни, а второ што е свесен е дека негова последна шанса му е преку уцена да му освежи меморија на Зоран Заев што се договарале кога тргувале со промена на името на Република Македонија, а дека тоа нему лично му излегло низ нос, а Заев профитирал!

Пред да му биде пресудено деновите пред нас и трет пат, за ,,ТОРТУРА,,, а потоа следуваат и другите предмети во кои само ќе му ги нанижуваат годините затвор, Мијалков во последен момент кога тоа е можно, потегнува адут/уцена и нуди 11 милиони евра наши пари, украдени од нас, за преку девалвиран обвинител каков е Артан Ајро, да стигне до купена слобода, нарачана инаку од Зоран Заев. Кој пак случајно деновиве е надвор од Македонија, се шлае по Европа, лупа глупости по некакви божемни билатерални средби, на кои дава лудачки глупи изјави кои никому ништо не му значат, оти го научија веќе и надвор што мустра е!

Сурова вистина е дека кога беа притворени во предметот ИМПЕРИЈА, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Ненад Јосифофиќ, Цветан Панделевски и другите, беа ослободени во домашен притвор на 27 декември 2018 година ПО НАРАЧКА КАЈ ЛИЛЕ СТЕФАНОВА од страна на Зоран Заев, затоа што Сашо Мијалков на Заев му требаше заради манипулација со осумтемина пратеници кои гласаа за уставните измени за промена на името.

Сурова вистина е дека дента кога биле пуштени во домашен притвор, притворениците од ИМПЕРИЈА, во решението за одредување на домашен притвор, СТЕФАНОВА и СЈО одредиле во домашен притвор да немаат овозможена комуникација со надворешниот свет, па Зоран Заев дента вриштел на сиот глас по ЈАНЕВА и СТЕФАНОВА, да биде променето решението и да им биде овозможена комуникација (користење на телефон, интернет, средби со лица!). Па решението УРГЕНТНО било преправено, комуникација била овозможена, па следните два месеци во домашен притвор во МЕРИОТ, Сашо Мијалков му ги испазарил на Зоран Заев: БЕТКА, НОЛА, КРСТО и останатите петмина кои во Собрание се отклонија од пратеничката група на ДПМНЕ, си гласаа за уставни измени и името на Република Македонија беше променето…

По завршувањето на оваа трговска зделка, на екипата од ИМПЕРИЈА и беше олабавен дури и режимот т.е. им беше укинат домашниот притвор, па дури Зоран Заев избоксува Панделевски и Камчев да имаат привремени пасоши, да патуваат на усовршувања во странство, да тераат бизниси, да се лекуваат надвор, а Камчев го видовме егзалтиран и на ракометен ФАЈНАЛ ФОР во Германија. Радоста му траеше до моментот кога Заев слушнал од посредници дека Камчев нема намера да ја купи Воена болница за 20 милиони евра, од кои пет милиони ќе му бидат донесени дома како провизија и дека Камчев си има сосема други бизнис планови од бизнис дружба со него, со Вице и со Трајче. Па таму каде ЛИЛЕ СТЕФАНОВА во декември 2018 и феверуари 2019 година потпишувала нарачани ослободувања и олабавувања на мерки, ја завратија пред два месеци преку бламирање и со злоупотреба на АНБ да потпише за промена нов притвор за Орцо Камчев, каде моментно престојува. Стефанова така му доаѓа некако како ТОП ШОП или ИЗИ ОН ИЗИ ОФ…

Целиот овој расипан и измамнички проект на Племенскиот Сојуз од Муртино има само една голема фалинка:

НЕ МУ КАЖАЛЕ НА МИЈАЛКОВ ДЕКА НЕМА ДА ОСТАНЕ НА СЛОБОДА, А УШТЕ ПОЛОШО ДА БИДЕ, НЕ МУ КАЖАЛЕ ДЕКА ЌЕ СТАРТУВА СО 20 ГОДИНИ ЗАТВОР, ЦЕМЕНТИРАН ВО ПРИТВОР, СО ПЕРСПЕКТИВА ДА НАКАЧИ ДО 35 ГОДИНИ ЗАТВОР МИНИМУМ, ВКУПНО…

Згора, го заебаваат Мијалков да се глупира со понуда од 11 милиони евра за излез од притвор кој правно не може да се оправда, згора му наметнале екстра заебанција да мора да објаснува како заработил 11 милиони евра а бил директор на УБК, со сопруга ПРИМАбалерина и двајца синови дома, неспособни да заработат ако татко им не крене телефон да се закани некаде па да појдат по некаква присилна наплата!

Ама, Заеви како ПЛЕМЕ се такви, заебанти во основа. Па кој наседнал наседнал. А Сашо Мијалков дебело наседнал на нивните селски итроманштини, иако важи за јак фраер од скопската калдрма (опис на МИКИ ВУИЌ).

Мој совет до Мијалков ако ме чита во притвор, а ме чита оти има пари таму да си купи модерен мобилен со интернет во него од внатрешните ,,реселери,,, е да МИ го стави на јавно располагање хард дискот со ,,љубовните, ама и деловните бомби,, на Зоран, Вице, Трајче, Љупка и другите глумци од муртинското казалиште, да ги емитувам јавно, за да му го придружиме во Шутка другар му Зоран Заев час поскоро. Ионака, излегување од таму на Мијалков му нема, па таман Артан Ајро ноќва да се трансформира во комбинација од СУПЕРМЕН и СПАЈДЕРМЕН…

А за заборавни судии од Кривичен суд сакам да се навратам на случај во кој е воведена СУДСКА ПРАКСА баш од Сашо Мијалков. При престојот во предметот ШПИОН во притвор, тогаш обвинетиот Ване Цветанов имал барање притворот во Шутка да му биде заменет со поблага мерка, домашен притвор. Бил одбиен со образложение дека има ДВЕ ПРИТВОРСКИ РЕШЕНИЈА, оти уште од претходно Сашо Мијалков му нарачал притворско решение за НЕКАКВА злоупотреба на службена положба додека Ване бил директор на Управа за спречување на перење пари, па заедно со притворот кој му бил одреден за ШПИОН, не исполнувал услови за поблага мерка, домашен притвор. Па си окапа Цветанов во притвор во ШУТКА баеѓи време.

Судската пракса, да не може лице да напушти притвор кога има две притворски решенија за два различни предмети, денес на Сашо Мијалков му ги анулира шансите да излезе на слобода дури и ако на Артан Ајро му плати и 111 милиони евра, НАШИ ПАРИ разбира се…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.