Сулејман Реџепи ја претворил Исламска верска заедница на криминална организација. ДУВЛО НА КРИМИНАЛ. ПРЕД ОЧИТЕ НА СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ. НО ИЗГЛЕДА НА НИВ НАЈМНОГУ ИМ ОДГОВАРА.
Сите криминалци, убијци, корумпирани политичари и функционери и луѓе од подземјето си нашле засолништво во ИВЗ и секој си гледа да си направи некој бизнис скриен во името на верата, се чувствуват безбедни и си ја прошируват мрежата. Во ИВЗ постои единство како во ниту една друга организација. Во ИВЗ си функционират заедно рамо до рамо сите криминални структури и тие од ДПА и тие од ДУИ и од БЕСА и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ…Сулејман Реџепи ја претворил Исламска верска заедница на криминална организација. ДУВЛО НА КРИМИНАЛ. ПРЕД ОЧИТЕ НА СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ. НО ИЗГЛЕДА НА НИВ НАЈМНОГУ ИМ ОДГОВАРА. Сите криминалци, убијци, корумпирани политичари и функционери и луѓе од подземјето си нашле засолништво во ИВЗ и секој си гледа да си направи некој бизнис скриен во името на верата, се чувствуват безбедни и си ја прошируват мрежата. Во ИВЗ постои единство како во ниту една друга организација. Во ИВЗ си функционират заедно рамо до рамо сите криминални структури и тие од ДПА и тие од ДУИ и од БЕСА и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ.
Пари има за сите. Појако и поголемо единство немало никогаш. Некои пљачкаат како адвокати во одбрана на реисот, некои ограбуваат како судии додека го бранат реисот Реџепи да не биде прогонет, некои си земаат пари од полицијата при обезбедување на реисот. Функционери од ДУИ земаат пари и вакуфски дуќани, а пред народот заедно со поглаварот се прикажуват како големи верници идејќи по ифтари и по џамии. Криминалната банда од Глумово и Грчец, каде членува и Блерим Беџети и внукот на поглаварот Реџепи, Усаме Сулејмани, регистрирале агенција за обезбедување ,,Волф Секјурити,, па сега земаат пари од ИВЗ, обезбедувајќи ги просториите на заедницата и поглаварот. Иако јавно се во конфликт Кондовската и групата од Глумово, во ИВЗ функционират нормално, без ниту еден проблем, рамо до рамо. Братот на Агим Красниќи, Кадри е вработен во медресата Иса Бег во Кондово, каде што врти бизниси со курбаните. Поглаварот седнува со сите групи и сите струи, на сите им дава и сите на ифтар ги поканува.
Во ИВЗ рамо до рамо се и раскараните струи на Рафиз Алити и Блерим Беџети, во ИВЗ има место за сите. Во ИВЗ има место и са вехабистите – брадоњите, реисот и нив ги вработил во ИВЗ, како и во разни џамии во државата. Случајно ако зборувааат нешто против реисот Реџепи, тој веднаш кани медиуми на прес и алармира дека во државата врие од вехабисти, па бара помош од американската и амбасадата на ЕУ, од полицијата и од сите политички партии. Во ИВЗ е вработено целото семејство на Реџепи, браќата, внуците, роднините. Во ИВЗ има место за сите што пропаднале во политиката, и за старите структури на ПДП, и за старите структури на поранешната тајна служба на СФРЈ и за корумпираните новинари платеници кои што го наплаќаат секој текст објавен во одбрана на реисот, а го наплаќаат и секој необјавен текст против реисот.
Поглаварот е близок и со градоначалникот на општина Сарај кој е член на ДУИ. Во Сарај синот на поглаварот на нелегален начин присвоил земјиште за ресторанаот ,,ТЕ ПИШАТ,,, узурпирал земјиште во Матка каде што изградил вила. И братот на жената на реисот Сабри Алиу узурпирал земјиште и изградил вила на езерото Треска. Блиски од фамилијата на Реџепи изградиле луксузен ресторан „ФА-ФА„ во Кондово, ресторан познат по тоа што со години во него се продава месото од курбаните и од разни други хуманитарни акции, наменети за медресата ИСА БЕГ. Во тој ресторан поглаварот ги организира речиси сите верски собири, за парите да идат кај поглаварот и фамилијата. Поглаварот преку гостиварскиот Муфтија Шаќир Фетаху е близок со целиот криминален клан од Гостивар кој го предводи Невзат Бејта и Неџати Јакупи. Бејта успеал во министерството за правда да вработи десетина приврзаници и членови на ИСЛАМСКИ МЛАДИНСКИ ФОРУМ.
Пред еден месец кога реисот Реџепи беше избркан од ИВЗ, во одбрана на реисот се вклучи директно криминалниот клан од Гостивар сместен во министерството за правда. Со притисоци експресно донесоа судско решение реисот Реџепи да се врати во ИВЗ. Веднаш штом се врати во ИВЗ во знак на благодарност кон експресно извршената работа, го вработи во ИВЗ Ирсал Јакупи, член на криминалната банда од Гостивар и вработен во гостиварското Муфтиство. Исто така Ирсал Јакупи бил главен на ИСЛАМСКИ МЛАДИНСКИ ФОРУМ во Гостивар. Познат е како неморален човек од расипана фамилија, фатен пред неколку години во афера со една девојка од Гостивар. Целиот овој криминал е јавен, се одвива пред очите на целата јавност и сите муслимански верници кои се гневни на државата што ја толерира ова криминална организација да прерасне во уште поголема и поорганизирана организација која што ќе ја загрози безбедноста на целата држава.
НАПОМЕНА: Текстот е дело на моја колега Албанец, кој поради последици не може да го објави во медиумите со кои соработува.
Под контрола се на ДУИ и ДПА….
[widgetkit id=4]
Пишува: Зоран Божиновски