logo
Search
Close this search box.

,,Извините, али ко је он уствари!?

Пишува: Зоран Божиновски

На вас како јавност и како мои читатели, ама и како на долгогодишни жртви на ДПМНЕ, ДУИ и СДС, не ви е познато дека при крај на 2006 година, по моја средба со еден мој покоен школски другар од него имав молба да им помогнам на осум мали акционери од МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ  кои сметаат дека се ограбени. Во ова четиво ќе ви осветлам некои работи кои се случија на патот на откривањето на огромната корупција во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, во подмитувањето на највисоки државни функционери и патем бескрупулозно ограбување на корисниците на телекомуникациони услуги…

На предлог на мојот бивш школски другар се согласив на средба со тројца од оштетение мали акционери во Телеком, тие во име на сите осумина ограбени и оштетени, ми предадоа докази за корупција. Откако разгледав каква ексклузива имам, побарав од нив дозвола наместо да објавувам и тоа да биде ,,секое чудо за три дена,,, да испратам мејл порака до НАДЗОРНИОТ ОДБОР на МАЃАР ТЕЛЕКОМ во Будимпешта. Сметав дека компанијата е државна и дека во тамошниот надзорен одбор макар еден член ќе се заинтересира да се покрене истрага за корупцијата во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, за лажната либерализација на телекомуникациониот пазар, за исцицување на милиони евра во договор со Владата на Никола Груевски, итн. СЕ СОГЛАСИЈА, наместо материјалот што ми го дадоа да го објавам, да пишам мејл порака во нивно име до МАЃАР ТЕЛЕКОМ…

На почетокот на 2007 година го направив тоа, го испратив атачиран комплетниот доказен материјал што ми го дадоа, го насловив до НАДЗОРЕН ОДБОР и подоцна се испостави дека еден од членовите не само што бил загрижен за високата корупција во компанијата, туку имал конекции и со американската амбасада во Унгарија. Материјалот им го проследил, а американските дипломати го проследиле до Стејт департментот во Вашингтон, од каде материјалот дошол до Комисијата за хартии од вредност на САД. Тие покренале истрага затоа што акциите на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ и МАЃАР ТЕЛЕКОМ котираа на берзата во ЊУЈОРК, а вредноста им растела т.е. ја ,,фризирале,, со пари од криминални приноси од Македонија и Црна Гора. Тоа е криминално дело, казниво по закон. КХВ на САД се поврзаа со обвинители, а тие ја ангажираа истражната агенција ,,ВАЈТ и КЕЈС,, да ги сослушаат осомничените и сведоците во овој мултимилионски предмет. При крај на 2007 година тргнаа да сослушуваат вработени, секторски директори, извршни директори, Македонци, Унгарци, Германци, Црногорци.

Првиот директен контакт со Комисијата за хартии од вредност на САД го имав на почетокот на 2008 година, станав соработник на истрагата и посредував нивните истражители да си контактираат со оние осумина оштетени мали акционери од Македонски Телеком. Тројца од нив дадоа уште докази кои ги проследив до КХВ, а многу гадости ми изнакажаа за криминалното однесување на ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ и ЗОРАН ТРАЈЧЕВСКИ. Првиот беше секторски директор во Македонски Телеком, а вториот беше претседател на Собрание на акционери во компанијата, делегиран од ДПМНЕ, ама беше и скриен акционер. Трајчевски е вечен директор на АВМУ, а Ковачевски лидер на СДС и довчерашен премиер…

Во текот на таа 2008 година истражителите од ,,ВАЈТ и КЕЈС,, собраа многу докази, ги сослушаа сите кои сакаа да ги сослушаат, ги предадоа материјалите на обвинителите, овие подигнаа обвинение против ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ и МАЃАР ТЕЛЕКОМ и против тројца директори, УНГАРЦИ кои директоруваа во Македонски Телеком. Сите обвинети, двете компании и тројцата поединци, притиснати со докази ПРИЗНАА ВИНА и се нагодија со судијата од Окружниот суд во ЊУЈОРК да платат вонсудски нешто над 96 милиони УСД штета кон САД.

Окружниот судија и обвинителите по завршувањето на постапката, спакуваа два предмети и ги испорачаа до Јавните обвинителства на Република Македонија и Црна Гора. Во САД сметаат дека двете држави се демократски, дека имаат правосудства и обвинителства способни да ги процесуираат инволвираните највисоки државни функционери. Во Република Македонија скоро 15 години во обвинителството ,,дреме,, тој предмет неотворен, а нема ниту да биде отворен поради инволвираност на највисоките раководства на ДПМНЕ, ДУИ и СДС. Во Црна Гора предметот е во процес, неколку години им се суди на обвинети бивши главни директори во ТЕЛЕКОМ ЦРНЕ ГОРЕ…

Освен мене, со КХВ на САД имаше соработка и бившиот директор на УБК, СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ. Тој имаше многу поголема улога од мене во расветлувањето на овој огромен коруптивен случај. Мојата улога беше да иницирам и да пробам да ги заинтересирам Унгарците од Надзорен Одбор на МАЃАР ТЕЛЕКОМ, во што успеав, а Богоевски по природа на неговата професија разузнавач и припадник на тајната полиција, подоцна даде многу повеќе и докази и сознанија од мене. И него и мене не снајде ОДМАЗДА во вид на кривичен прогон нарачан од Никола Груевски и Сашо Мијалков. Мене ме инволвираа во случај ШПИОН, него во друг случај. Него го процесуираа, експресно го осудија и го испратија во затвор. Јас пак им бев недостапен, живеев во Србија, па само им успеа во ноември 2013 година да бидам притворен во екстрадициски притвор во Нови Сад, по распишана меѓународна потерница.

Слободан Богоевски од затвор, преку видео конференција сведочеше во два наврати, пред претставници на американската амбасада, преведувачи и адвокат на амбасадата. Неговото сведочење ги погреба обвинетите и многу придонесе за нивна осуда која дојде во вид на признавање на вина. Јас откако влегов во ноември 2013 година во притвор во Нови Сад, им станав недостапен на луѓето од КХВ на САД, па ме барале и се чуделе каде сум затоа што не одговарам ниту на телефон, ниту на мејл пораки. Ме пронајдоа преку адвокат на американската амбасада од Скопје. Ми дојде во посета во притвор во септември 2014 година, поразговаравме преку стакло околу саат време, а претходно на крај на јуни 2014 година, три месеци пред посетата на адвокатот на Американците од амбасадата во Скопје, преку мојот тамошен адвокат, Петронијевиќ добив 11 прашања на кои одговор очекуваше РОБЕРТ ДОЏ, асистент на главниот правен застапник на КХВ на САД.

Помеѓу тој мејл (го имате во прилог) и посетата на адвокатот од Скопје во средината на септември 2014 поминаа три месеци затоа што затворските власти на Србија и судиите од Виши суд Нови Сад, од криминалците околу Никола Груевски и од него лично, за мене добиваа информации дека сум шпион и уценувач, а одеднаш им се случи испратена мејл порака до мене од КХВ на САД, како и најава за моја посета на адвокат на американската амбасада од Скопје. Три месеци им требаше на Србите да ја ,,сварат,, оваа ситуација, да се ,,опасуљат,, и да дозволат посета. После посетата во притвор, адвокатот на скопската американска амбасада, се вратил во Виши Суд Нови Сад, на повик на судијката која го водеше мојот екстрадиционен предмет и добил прашање:

,,Извините, али ко је он уствари!? И шта значи то што је у притвору код нас?,,

,,Он је сарадник Комисије за хартије од вредности САД, у предмету високе корупције у коју су уплетени највиши државни функционери Македоније и Црне Горе. То што га ви 10,5 месеци држите у притвору, значи да спречавате извршавање правде у САД…,,

По ова, адвокатот си заминал за Скопје, а во следните два часа, до кај 15 часот била свикана итна седница на Совет на Апелација Нови Сад, па на стара жалба на мојот притвор од мојот адвокат од Србија, која не ја разгледале со месеци, одговорија експресно позитивно, донесоа ургентна одлука да бидам ослободен од притвор. Решението било готово до 17 30 часот, па по телефакс испратено до затворот во кој бев во притвор. Околу 19 30 часот, вон сите затворски правила и закони, буквално бев избркан од притвор. Следниот ден се враќав да си ги земам личните работи и полн ранец со разни ситници, оти депото на затворот работи до 16 часот, а притвореници ноќе не пуштаат никогаш! За мене направија исклучок…

Тоа што главните корумпирани политичари како Никола Груевски, Али Ахмети и Владо Бучковски беа инволвирани во предметот МАЃАР ТЕЛЕКОМ, како и мојата соработка со КХВ на САД, мене во септември 2013 година ме чинеше меѓународна потерница после монтирано обвинение за шпионажа, уцена и злосторничко здружување. Ме чинеше 10,5 месеци притвор во Нови Сад, па 19 месеци чекање на испорачување на слобода со обврзно јавување во полиција, па испорачување без документација чисто на основа на договор меѓу корумпираните Влади на Груевски и Вучиќ, а со платен откуп од страна на Благоја Механџиски Зегин. Па ме чинеше уште плус 15 месеци притвор во Шутка и судење кое до денес трае, 11 години по ред. Слободан Богоевски за соработката со КХВ на САД доби притвор, па затвор. Јас до затвор не дотуркав, оти снемаа сила моите прогонители. Докази за монтажата немаа ни на почеток од прогонот.

На 16 април имам закажана ТРЕТА јавна седница на Апелациониот суд во предметот ШПИОН. Двапати бев ослободен од сите обвиненија, третиот пат ја натераа школската другарка на Никола Груевски, судијката ФАНКА ЈАНЧУЛЕВА МИХАИЛОВСКА да си удри клоца во стомак, да си ја голтне претходната ослободителна пресуда и да ја преиначи во пресуда со која ме осудува делумно виновен, ама со условна осуда…

За мојата соработка со КХВ на САД сум награден со ексклузивни материјали од истрагата кои ги нема ниту еден новинар на планетата земја. По признавањето вина од страна на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, МАЃАР ТЕЛЕКОМ и тројца екс директори Унгарци, од луѓето од САД со кои соработував ги добив ексклузивните материјали. Дел по дел ги објавувам со години, бидејќи материјалот е обемен а внимавам и на тоа да го објавама да биде и разбирлив. На многумина бивши вработени, избркани од работа како ,,технолошки вишок,, долго време не им беше јасно каде работеле, каква компанија е МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, со што се занимаваат нивните претпоставени како ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, СЛАВКО ПРОЈКОСКИ и НИКОЛА ЉУШЕВ, ама еве лека полека им се разбиструва и ,,разденува,,.

Па, ми помагаат во објавувањето со нови и нови сознанија…

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.