Како си поминуваат деновите од втората календарска година по сообраќајната несреќа на патот Миладиновци-Рафинерија Окта, близу селото Бујковци, по која животот го загуби 17 годишната Јелена Филиповиќ од Куманово, се поубеден и поубеден сум дека таа Е УБИЕНА по несреќата.
Засега наркокаинските зависници НИКОЛА СТЕФАНОВСКИ и ТАМАРА ПЕТКОВСКА, возач и сопатничка на совозачкото место, се единствените кои ја знаат сурово реалната вистина за бруталниот крај на ЈЕЛЕНА!
Покрај обвинителката НАТАША КРСТЕВА ЦАЛЕВА од ОЈО Скопје, која иако била на лице место и ништо не видела од докази и факти или ништо не смеела да види, не го притворила дрогираниот и пијаниот возач Стефановски, не го обезбедила возилото, нема фотодокументација од увидот на ,,несреќата,,, нема изјава ниту од СВЕДОКОТ КОЈ ПРВ ЈА ПРОНАШОЛ ЈЕЛЕНА ВО КАНАЛОТ, башка видела и дожд кој со денови не паѓал на тој простор, читам уште вмешани службени лица во монтирањето на ,,несреќен случај,, КОЈ ТОА НЕ Е! Прва после обвинителката КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА на тој список монтери ја читам искусната колешка обвинителка СНЕЖАНА БУНДАЛЕВСКА ГЕОРГИЕВСКА. Таа дала наредба за собирање ДНК профили и биолошки траги од возачот НИКОЛА и сопатничката ТАМАРА, па мизерно констатирала дека собраните траги НЕ СЕ ПОДЕСНИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА! Притоа БУНДАЛЕВСКА ГЕОРГИЕВСКА никаде не споменува прибирање ДНК профил и биолошки траги од ЈЕЛЕНА ФИЛИПОВИЌ, а во документацијата никаде нема ниту збор во што била облечена и КАДЕ Е ОБЛЕКАТА на убиената ЈЕЛЕНА ФИЛИПОВИЌ. Обвинителките КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА и БУНДАЛЕВСКА ГЕОРГИЕВСКА, кријат податоци битни за утврдување на околностите под кои е убиена ЈЕЛЕНА. По обдукцијата на судска медицина, на семејството не му е вратена облеката која таа кобна ноќ ја имала на себе нивната ќерка. Го нема фустанот кој го носела и го нема долниот веш, ама ги нема и скапите обетки кои и се симнати од ушите и исчезнале!
На нејзината облека 1000% има траги од ДНК и отисоци од НИКОЛА СТЕФАНОВСКИ, а секако и од ТАМАРА ПЕТКОВСКА, доколку му помагала да ја извлече од зад возачкото седиште и да ја одвлече и удави во каналот, три метри зад возилото. Затоа облеката е исчезната! КОЈ ЈА КРИЕ!? А скапите обетки се изчезнати оти некому му се допаднале. Имавме веќе случаи по кои никој не легна затвор, после увиди да изчезнува злато и драгоцености од куќи и станови низ кои поминале службеници од крим полиција. Свеж е случајот ,,ЖИВАЧКИ,, кога ниту еден член на увидна екипа при МВР која со години ограбувала при увиди не доби ниту еден ден затвор! На семејството ФИЛИПОВИЌ само му е вратен мантилот кој ќерката го носела вечерта, ама исечен е со ножици, испран е и вратен мокар во пластична кеса. Унакажан до степен да не може понатаму да се користи во истрага.
Читам во документацијата уште две имиња на лекари од клиниките ,,МАЈКА ТЕРЕЗА,, кои ноќта кога се случила несреќата КОНСТАТИРАЛЕ ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ кај возачот Никола Стефановски, а тој не бил ниту изгребан! ДР БРЗАНОВ и ДР МЕРЏАНОВСКИ кај Стефановски нашле тешки телесни повреди кои воопшто ги немал, а во крвта не успеале да му пронајдат КОКАИН иако го имало. Пронашле алкохол од 0,96 г/кг во крвта и 1,46 г/кг во урината. Дозволената количина е 0,5 г/кг. И покрај двојно и тројно поголемата концентрација алкохол, покрај ФАКТОТ дека возел под двојно поголемо количество алкохол од дозволеното, на НИКОЛА СТЕФАНОВСКИ не му е одземена возачката дозвола, не е исклучен од сообраќај па си вози и денес година дена подоцна, а фактот дека во него имал и концентрација на КОКАИН го сокриле и впишале во записник дека не возел под дејство на дрога. Дури обвинителките во договор со лекарите внеле лажен податок и дека воздушното перниче му било отворено, а не било! ЛАГА ВРЗ ЛАГА, да се угоди на возачот и татко му, да се извлечат од тешко недело, сторено со умисла.
Година дена подоцна, Никола Стефановски и Тамара Петковска веќе не се во љубовна врска. Се бранат со молчење, не изустуваат ниту еден збор да кажат што се случило таа кобна ноќ по полноќ во каналот под железничкиот премин кај Миладиновци. Ниту обвинителката НАТАША КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА не се труди да ги вознемири со прашања кои ќе ги растресат до степен да проговорат. Таа истрагата не ја ни води во насока да открие како го изгубила животот ЈЕЛЕНА ФИЛИПОВИЌ. Таа подготвува обвинение за предизвикување на сообраќајна несреќа и игра на картата така да го затвори случајот.
Но, независна сообраќајна експертиза која не е управувана од корумпирани институции, како и многу докази собрани од родителите и нивни анонимни помагачи и изјави на сведоци од лице место (ги има 50на такви!), ќе дадат придонес, преку вклучување на меѓународни независни експерти, оваа двојна трагедија да се расветли па да се стави крај на институции кои двојно ги убиваат настраданите. Еднаш кога го губат животот и втор пат кога се ослободуваат од вина или преблаго се казнуваат тие кои ги однеле во смрт…
На една година по смртта на ЈЕЛЕНА ФИЛИПОВИЌ, нејзината сега веќе бивша другарка ТАМАРА ПЕТКОВСКА продолжува да живее гламурозен живот. На брутално бизарен начин ТАМАРА ја одбележа годишнината од смртта на ЈЕЛЕНА. Со видео спот на кој наздравува со шампањско со своето ново момче, видно од прилогот кон овој текст. Точно на една година на истиот датум, час два порано, ТАМАРА наздрави ЗА ЖИВОТ, заборавајќи ја лесно ЈЕЛЕНА, другарка за чија смрт молчи година дена…