Дончо Наков, Милица Гаврилова и Наташа Поп Трајкова, се носители на организираниот криминал во нашата земја…
Пишува: Зоран Божиновски
Порано или подоцна, ЈО за ГОКК (службен назив!), инаку во реалноста Јавно обвинителство за организирање на организиран криминал, ќе се распадне потполно, под товарот на организирани грабежи и рекет акции, какви се предметите ,,СИНЏИР,,, ,,ЗЕРЗЕВА,,, ,,ДЕМИРОВИ,, и слични. Во овие три случаи во главна улога се обвинителките НАТАША ПОП ТРАЈКОВА и МИЛИЦА ГАВРИЛОВА, во комбинација со адвокатот ДОНЧО НАКОВ, но и инспектори од ФИНПОЛ.
ФИНПОЛ по смената и бегството на криминалецот АРАФАТ МУАРЕМИ, доби нов перспективен директор, тој божем се разработи, нешто божем мрднаа од мртва точка и се разработија, ама се вљубил во сопруга на јавен обвинител која си ја вработил кај себе, па ФИНПОЛ внатрешно личи на бордел во кој од директорскиот кабинет ечат сексуални крикови, а инспекторите ослободени од контрола рекетираат и уценуваат на терен, во комбинација со ГАВРИЛОВА, ПОП ТРАЈКОВА и НАКОВ…
Веќе пишував и опишав како НАТАША ПОП ТРАЈКОВА заедно со ДОНЧО НАКОВ го притвориле, па го уценувале и успеале да го уценат УМЕР ВЕДАТ од Охрид, обвинет во ,,СИНЏИР,,, па го притискале неговото семејство до фаза неговиот татко и синот да соберат во кеш 700.000 евра, да им ги донесат како ,,гаранција,, и да се нагодат со него за УСЛОВНА КАЗНА ПО ПРИНЗНАНИЕ НА ВИНА, со ветување дека ПОЛОВИНА од парите ќе му ги вратат – отпосле! Е отпосле, ДОНЧО НАКОВ на својот клиент му објаснил дека не можат да му ги вратат, оти ,,сега проблем бил потеклото на тие пари во кеш!,,. Не било проблем потеклото кога му ги земале, проблем е откако требало да му ги вратат!
За предметот ,,ЗЕРЗЕВА,, повеќекратно пишував и опишував како обвинителката МИЛИЦА ГАВРИЛОВА измислила случај во кој притворила, осомничила, обвинила и осудила десетина момчиња кои претходно биле ,,типувани и таргетирани,, дека имаат пари, а во тој период малолетната В. З. од Градско, обвинителката Гаврилова ја (зло)употребила, лажно да ги обвини дека сексуално ја злоупотребувале и подведувале. И напишала на В.З. лажна изјава која оваа како ,,оштетена,, ја прочитала на суд и Гаврилова завршила работа, а све што запленила задржала, дел за себе, дел за ЈО за ГОКК. Не вредело тоа што двајца од нив имале цврсто алиби дека воопшто не биле ниту близу В.З.
Сепак, станала полнолетна, а уште малолетна ВИКТОРИЈА ЗЕРЗЕВА од Градско била позната како наркоманка, алкохоличарка и проститутка, па на 5 ноември 2024, враќајќи се од целоноќна ,,работа,, во Кавадарци, близу Росоман, мортуз пијана и дрогирана, предизвикала сообраќајна несреќа управувајќи возило, во која загина едно лице, а три беа потешко повредени.
За да не заврши во притвор и за да не се сруши кариерата на обвинителката МИЛИЦА ГАВРИЛОВА, наркоманката и проститутката ЗЕРЗЕВА не завршува во притвор, а обвинителката и обезбедила бегство во странство и лагоден живот во ЕУ. Последно е видена во Дортмунд, Германија.
ВИКТОРИЈА ЗЕРЗЕВА живее на сметка на обвинителката која до овој месец успеваше да блокира судење на ЗЕРЗЕВА и меѓународна потерница по неа. Обвинета е, одсутна и во бегство, а ГАВРИЛОВА која и самата дома чува син наркоман кому мора да му набавува чист кокаин за да не му подметне некој нечиста дрога, смислила лани во ноември начин како ќе ја издржува ЗЕРЗЕВА во Германија.
Така во дослух и договор со адвокатот ДОНЧО НАКОВ од Штип, сограѓанката МИЛИЦА ГАВРИЛОВА и нејзиниот син наркоман, смислиле шема да ги ограбат ФЕРИДЕ и ЕРГИН ДЕМИРОВИ. Ги следеле некое време, се запознале со нивниот начин на живот, дознале дека располагаат со голем имот, ама научиле и дека милиони евра кои ги поседуваат им се наоѓаат кај клучот на нивниот успех, братучедот од Конче, ЗЕКИРИЈА УСЕИНОВ.
На џек пот добивка во казино на КИПАР од турска страна, во износ од 180.000 УСД, ФЕРИДЕ ДЕМИРОВА по телефон била поучена од братучедот ЗЕКИРИЈА да ги купи БИТКОИНИ, дека тој со криптовалути работи со години наназад. Го послушала, купила биткоини, а криптопаричникот од тогаш, па следните пет години, до лани на крај на ноември бил во посед на УСЕИНИ. Купиле биткоини кога имал минимална вредност, а имале среќа да порасне вредноста до вртоглави височини, да заработат многу пари и секогаш заработката да ја реинвестираат купувајќи уште и уште криптовалути.
ТРОЈКАТА МИЛИЦА ГАВРИЛОВА, ДОНЧО НАКОВ И ЗАКИРИЈА УСЕИНОВ ГИ ОГРАБИЛЕ ДЕМИРОВИ НА СЕЛСКИ НАЧИН!
На 27 ноември минатата година, само 22 дена после несреќата кај Росоман и организирањето бегство на Зерзева кон ЕУ, обвинителката земала судски налог, испратила специјалци во домот на Демирови, испратила и тројца инспектори од ФИНПОЛ, од кои ЕДЕН не сакал да соучествува во грабежот, на претресот немало нивни адвокат (пристигнал пос два часа!), им собрале од дома се што начекале вредно, дури и личниот накит и парите од паричниците им ги земале, па ги однеле во ПС Бит Пазар, сопружниците ФЕРИДЕ и ЕРГИН и нивната ќерка ЕСРА ДЕМИРОВА!
Експресно биле притворени на 30 денови, а ќерката била пуштена да се брани од слобода. Не бил притворен ЗЕКИРИЈА УСЕИНОВ, ама бил посетен во Конче, а двајца инспектори КРАДЦИ, го уцениле со притвор, му упатиле поздрав од МИЛИЦА ГАВРИЛОВА, помогнал да биде испразнет криптопаричникот во кој имало милиони евра, сопственост на ДЕМИРОВИ, па со првиот авион го трансферирале кон НОРВЕШКА. Му дале 70.000 УСД да си има за живот, да почне таму од почеток. Милионите ги поделиле ГАВРИЛОВА, НАКОВ и инспкептирте од ФИНПОЛ!
Следните денови, со помош на корумпираната затворска управа од ШУТКА, од надзорник, во ,,мртов агол,, каде видео надзор не снима, на притворената ФЕРИДЕ во џеб и бил ставен смарт мобилен телефон во кој имало меморирано само три броја: на родениот брат на Фериде, на ќерката Есра и на адвокатот ДОНЧО НАКОВ. Демирови имале адвокат од Велес, екс виш јавен обвинител, ама со него Гаврилова не можела да се спогодува и да менаџира грабеж на Демирови. Надзорникот во притвор кога и го дал мобилниот телефон на Фериде на подарок до затворската управа, дал и совет:
,,ТУКА ИМАШ БРОЈ ОД АДВОКАТОТ ДОНЧО, САМО ТОЈ МОЖЕ ДА ВЕ СПАСИ!,,
Демирова после 3,5 месеци и три посети од Наков која во очи ја лажел дека ќе ја спаси и половина од имотот ќе им биде вратен (шема позната од предметот ,,СИНЏИР,, и Ведат Умер!), прво ги убедил да му откажат полномошно на нивниот адвокат кој никако не се согласувал да признаат вина без докази, без процес, без претрес, без сведоци и без обвинение против (со)учесникот ЗЕКИРИЈА УСЕИНОВ! Сепак, Демирови наседнале на измамата од ДОНЧО НАКОВ, му откажале полномошно на својот адвокат од Велес, му поверувале на измамникот Наков и врз основа на ништо на прво излегување на суд, пред судијата Ненад Савевски – ПРИЗНАЛЕ ВИНА, со молба да добијат блага казна!
Тука пак ги измамил ДОНЧО НАКОВ! Со обвинителката Гаврилова договорил блага казна за Демирови за обвиненија ,,перење пари и организација игри на среќа без лиценца,,, ама намерно НЕ ДОГОВОРИЛ обвинителката Гаврилова ДА НЕ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА до Апелационен суд!
Демирови навистина добиле блага казна од 1 година и 3 месеци, за Фериде и 1 година затвор за сопругот Ергин, иако блага врска нема со делата за кои бил обвинет, а ќерката Есра добила условна казна. Уште следниот ден обвинителката гаврилова поднела жалба до Апелационен суд со која барала да им биде зголемена затворската казна.
Против братучедот криптомилионер од Конче, ЗЕКИРИЈА УСЕИНОВ, уште тогаш Наков поднел кривична пријава (наместо да биде гонет од ЈО за ГОКК!), ама таа кривична пријава цела година НЕ Е ПРОЦЕСУИРАНА! Демирови врз основа на признание на вина, добиле шанса да излезат од Шутка во домашен притвор, а братучедот Усеинов, упорно баран од нив, уплашен да не биде пронајден од роднините на Демирови, се вратил од Норвешка во Македонија, ама во нова режија и аранжман Гаврилова со помош од инспектори од ФИНПОЛ го испратила на летување во Грција.
Демирови го пронашле и во Грција, па пред еден месец се вратил пак во Конче, се криел од родениот брат на Фериде Доемирова кој го барал да го замоли да сведочи и д аја каже целата вистина, ама МИЛИЦА ГАВРИЛОВА и ДОНЧО НАКОВ, заедно со инволвираните инспектори од ФИНПОЛ пак го седнале, го натовариле со уште кеш, па на 10 ноември резервирал авионска карта. Во резервацијата е баведена неговата мејл адреса [email protected], внесен мобилен телефон 070-472-370, впишан багажа од 26 килограми, ја платил од негова сметка 6.983 денари. Летнал за Германија и моментно се крие во БЕРЛИН!
ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА ЗЕКИРИЈА УСЕИНОВ ЌЕ МОРА ДА ЈА КАЖЕ ВИСТИНАТА!
Клучен играч во сите овие валкани игри е адвокатот ДОНЧО НАКОВ! Адвокатското друштво ,,Наков и Бошков,, е под патронат на штипскиот криминалец, бизнисмен Зоранчо Митровски – Чилие, божемен винар и сопственик на винарија ,,ЕЗИМИТ,,. Владиката НАУМ од Водоча му е партнер во винаријата. Наков и Бошков се адвокати адвокати на фирмите со кои раководеа и ги ограбуваа Никола Груевски и сите под него во таа диктатура (2006/2017). Моментно се главни правни советници на премиерот Христијан Мицкоски. Наков и Бошков ги има во сите јавни претпријатија на Мицкоски и во акционерски друштва во државна сопственост…
Правни застапници се во сите јавни претпријатија во Штип!
ДОНЧО НАКОВ е посредник помеѓу ЈО за ГОКК и криминалецот кој ја отру државата заедно со ПУЦКО ПЕТРОЛ – РАТКО КАПУШЕВСКИ. Наков го наговорил Капушевски да дојде во Македонија и да се предаде, малку да биде во притвор па да си плати колку ќе му побараат и да чека спогодба за блага казна…
ДОНЧО НАКОВ е редок вид на општествен штетник и профитер!