Како одминува времето, вработените во Црвен Крст и Црвена Полумесечина се погласни и погласни, а генералниот секретар Саит Саит си молчи…
Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски
Генералниот секретар на Црвен Крст и Црвена Полумесечина, Саити Саити, иако имаше цела работа недела да даде изјава и да одговори на прашањата ан вработени во организацијата која ја раководи, не одговори воопшто. Решил да си молчи.
Во продолжение објавувам нов допис од нив:
Ви благодариме за досегашните објави и ви испраќаме еден случај, со опис како самопрогласениот лажен Генерален секретар на Црвен крст краде. За неколку случаи против истиот се доставени пријави до Антикорупциската комисија, Финансиската полиција и Јавното обвинителство. Би сакале да ве замолиме доколку сте во можност и користејки го вашиот авторитет да ги прашате што се прави во врска со пријавите против Саити во Црвениот крст.
Како дополнување на овој текст ви испраќаме и комплетна документација за злоупотреба на финансиските средства донирани од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина преку Хуманитарната операција (DREF) со број MDRMK002 за помош на населението зафатено од поплавите во 2013 година. Индиректно средствата се донирани од Европската унија преку ECHO програмата како и националните друштва и Влади на земји од Европската Унија- Владите на Данска, Белгија, Холандија, Луксембург, Ирска, Италија, Обединетото Кралство, Норвешка, Шведска, Шпанија како и други земји од светот.
ЗЛОУПОТРЕБАТА – КРАДЕЊЕТО се прави преку фиктивна набавка на пакети со храна за погоденото население од поплавите во 2013 година во Република Македонија. Како што ќе видите во понатамошниот текст парите од донаторот префрлени за пакети со храна и средства за хигиена на компанијата добавувач согласно договори за набавка (во прилог) не се искористени.
Најголемиот дел од пакетите за помош на населението не се испорачани иако се платени! Искористени се фактурите за да прикажат дека парите се потрошени пред донаторот. Договорите се прават само за да се покаже лажно трошење на парите за хуманитарна помош, потоа парите се враќаат на друга сметка на Црвен крст на Република Македонија (различна од таа од која се платени) со барање од Саит Саити по истекот на хуманитарната операцијата за помош на погоденото население. Од таму одат право во ЏЕБ!
Долгогодишна практика на Саити да прикаже поголем број на пакети е кратење на количината што треба да ја добијат луѓето на половина. Доколку на пример по стандардите на донаторот (Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина) треба да добијат 10 производи во пакет тие добиваат 5. Така да луѓето добиваат само половина, другата половина оди во ЏЕБ! Со тоа се добиваат повеќе пакети се злоупотребуваат повеќе пари или пак се обезбедуваат пакети за купување на гласови во текот на предизборните процеси. Притоа донаторот Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во извештајот кој и е доставен не е известена за таквиот чин ниту е побарано пренамена за истите со што средствата се незаконски украдени.
ПОГОДЕНОТО НАСЕЛЕНИЕ НИКОГАШ НЕ ЈА ДОБИВА ЦЕЛОСНАТА КОЛИЧИНА НА ПАКЕТИ И ПОМОШ ТУКУ САМО ЕДЕН МНОГУ МАЛ ДЕЛ, А И ОД ТОЈ ДЕЛ САМО ПОЛОВИНАТА!
Во понатамошниот текст ви даваме подетално објаснување за стореното дело:
Саит Саити во договорите за набавка го вметнува член 4:
„Доколку договорниот орган уплати авансно поголема сума, а нарача помала количина на производи тогаш тогаш носителот на набавка е должен тоа да го прифати и да ја врати претплатената сума на сметка на горенаведениот договорен орган во рок од 5 дена по дефинирањето на нарачката)„
Со кој се отвораат вратите за апашлукот што следи!
Потоа на 15.10.2014 година Раководниот Одбор на Црвениот крст на Република Македонија одржува седница со точка на дневен ред и одлука „Повлекување на финансиски средства на Црвениот крст на Република Северна Македонија, дадени на компанијата Фуга Трејд ДООЕЛ наменети за производи за потребите за одговор при катастрофи“. Во документот стои дека тие ќе бидат искористени за „соодветни потреби“ цитирам член 4 од истата одлука. За повлекувањето е „самозадолжен“ кој друг ако не Саити!
„СООДВЕТНИ ПОТРЕБИ“ – е друг збор за ЏЕБОТ НА САИТИ.
По донесување на одлуката за повлекување на финансиски средства Саит Саити испраќа 2 писмени известувања до гореспоменатата компанија за поврат на средства со број 01-1162/2 и со број 02-1162/3 на 29.12.2014 година каде што се бара и се повлечени финансиските средства. За повлекувањето на парите не е известен донаторот, средствата не се вратени кај донаторот и не е барана пренамена за истите туку напротив во извештаите кои се доставени до Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина за Дреф операцијата истото се прикрива и средствата се прикажуваат како потрошени!!!
НАКРАТКО, УКРАДЕНИ СЕ!
Во прилог извештајот за Хуманитарната операција со број MDRMK002 (Документ 01-02 со број MDRMK002 – DREF final report Macedonia floods и Документ 01-02а Табели Финансии ДРЕФ прилог Извештај) кој е испратен на 1 август 2013 година а средствата се повлекуваат на 29.12.2014 што јасно покажува дека делото е сторено по затворање на Хуманитарната операцијата кога се поминати сите ревизии од донаторот.
ТОЈ САМ ВО ТЕКОТ НА ХУМАНИТАРНАТА КАТАСТРОФА КОГА НА ЛУЃЕТО ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ РЕШАВА ДЕКА НА ЛУЃЕТО НЕ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ И СИ ГО ПОЛНИ ЏЕБОТ!!! ВИСТИНСКИ ЧИН НА ХУМАНОСТ НА САИТИ! ВАКВА ПРАКТИКА СЕ ПРИМЕНУВА ЗА СИТЕ ПАРИ И ДОНАЦИИ ВО ЦРВЕН КРСТ. ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ЗАВРШУВА НАЗАД ЗА „СООДВЕТНИ ПОТРЕБИ“ ОДНОСНО ВО ЏЕБ! НА ОВОЈ НАЧИН СЕ УКРАДЕНИ СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА НИЗ ГОДИНИТЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ЛАЖНИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР! ЗА ЖАЛ ЦРВЕНИОТ КРСТ Е ЗАЛОЖНИК НА КРИМИНАЛНИ АКТИВНОСТИ! СО СЕКОЈА ДОНАЦИЈА ДОДЕКА САИТИ Е ВО ЦРВЕН КРСТ НЕ ДОНИРАТЕ НА ТИЕ НА КОИ НАВИСТИНА ИМ Е ПОТРЕБНО ТУКУ МУ ГО ПОЛНИТЕ ЏЕБОТ!
Во предходната објава на Саити можевме да прочитаме дека само исполнува одлуки на Раководен одбор. Ноторна лага, но еве да му поверуваме и би го запрашале:
Каде се парите?
Кај Вас или кај членовите на Раководен одбор?
Дали со вашата објава имплицирате и го обвинувате дека Раководниот одбор во Црвениот крст краде?
Дали Претседателот на Црвен крст како претседавач со Раководниот одбор исто така краде?
САИТИ ОДГОВОРЕТЕ КОЈ КРАДЕ? ВИЕ? РАКОВОДНИОТ ОДБОР И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ?
ИМЕНУВАЈTE ГО КРАДЕЦОТ ___________________!
Искрено не очекуваме исцрпен одговор за прашањата бидејки сите ги знаеме веќе одговорите. Наместо тоа ќе добите излитени фрази, стандарден текст, како човекот е голем хуманист, работи за најранливите категории, како против него се води хајка од сегашни и бивши вработени. Истата приказна години наназад со обвинување кон имагинарни ликови создени од Саити се со цел да се одврати вниманието од вистинските криминалци во реалноста. Господине Саити дали пријавување на криминал според вас претставува „хајка“? Или пак должност на секој граѓанин е да пријави, а посебно одговорноста кулминира кога некој манупулира со помошта за човечката мака и животи, кога некој одзема од устата на тие на кои им е најпотребно! Кој е криминалец тој што пријавува или крадецот?
Дали ви се воопшто познати термините ЧЕСНОСТ, СРАМ и ОДГОВОРНОСТ? Ние вработените не работиме со имагинација, лажни клевети, обвинувања и хајки. Ние презентираме документи и факти за крадење од тие на кои помошта им е најпотребна. Црвен крст е сплотен и ќе истрае во борбата со криминалот кој го нагризува со години. За жал Саити ќе остане запаметен како една црна дамка во историјата на оваа организација.
Од
Вработените во Црвен крст на Република Македонија
[widgetkit id=71]