logo
Search
Close this search box.

Каква простача си ти, а високообразувана!?

Просечно 10 милиони евра годишно наплатува др Жан Митрев од Фондот за здравство, за операции ама и за ,,операции,, после кои умираат здрави луѓе…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Жан Митрев прво ги ограбува оние наивните кои од незнаење му однеле на лекување свој близок. Државата му верува, па му веруваат и неупатени. Еве еден горчлив пример. Ем ограбени, ем без човек дома:

Јас сум сопруга на починат маж во ,,Жан Митрев,,. Човек што никогаш апче не испил и никогаш грип не прележал во живот. Беше воено лице по професија. Кога видоа дека е добар и влезе еден од помладите доктори кај него и рече дека во сабота ќе си оди дома, а беше четврток се израдувавме со децата. Во петок звонеа да ни кажат дека нагло му се влошила состојбата.

На мое прашање:

– Како е тоа можно кога утре треба да си излезе?

Добив одговор: ТАКОВ Е ВИРУСОТ МОРАТЕ ИТНО ДА ПЛАТИТЕ ЗА ХЕМОФИЛТРАЦИЈА 3.000 ЕВРА.

Реков: Во ред уклучете, но внимавајте да не му ја влоши состојбата таа хемофилтрација. Возвратија дека е правило прво да уплатиме па после да му се вклучи хемофилтрација. До тогаш веќе имав платено 15.500 евра. Отидов од Куманово и веднаш уплатив уште 3.000 евра. Следниот ден во 02 h се јавија и безмилосно ми кажаа ВАШИОТ СОПРУГ Е ИНТУБИРАН и ми затворија телефон.

Отидовме во понеделник и ја повикавме докторката Дијана да излезе. Првин не сакаше после излезе. Ја прашав како е можно да го спремате човекот за отпуштање дома и одеднаш да го ставате на хемофилтрација и респиратор. Таа стискаше буквално рамења немаше одговор. Ја прашав кој сој на вирус го има мојот маж?

– Не знам, ми вика.

Како бре не знаеш жено? Нели имате лабораторија и секогаш се први знаете!!!

Ниеден резултат не ми покажаа, барав резултати. Апсолутно ништо. За да вечерта во 23 h се јави др. Марко Ѓоргов и ми каже крвнички:

– МАРЈАН Е РЕАНИМИРАН, МУ ЗАСТАНА СРЦЕТО НА 5 МИН!!!

После половина час, во 23 и 35h. Се јавија и кратко кажаа: ПРИМЕТЕ СОЧУВСТВО…

Др. Петар Угуров едно ПЕДЕРЧЕ, секога лут доколку му поставиш најобично прашање, беше раководител на КОВИД одделение. Така др Жан Митрев кој не сакаше воопшто да ни се јави на телефон ги остави Тамара и Ангел сираци, без татко. Подоцна кога му ги баравме парите назад, Митрев ми кажа:

КАКВА ПРОСТАЧА СИ ТИ, А ВИСОКООБРАЗОВАНА!?

………………………………………………………………………………………….

,,КОГА КАЖУВАМ НАДВОР ЗА МИТРЕВ, МЕ МИСЛАТ ПИЈАН!,,

,,Работев кај Митрев па заминав кога видов со што се занимава. Она е морбидно. Таму лекуваат од КОВИД приватно, ама нема ниту еден инфектолог или пулмолог. Уценува со операции на срце па му молчат од Владата и ФЗО. А знаат со што се занимава. Ама и делат со него додека молчат. Според закон мора да најмалку ТРИ инфектолози на одделение, тројца пулмолози за лекување на КОВИД, ама нема и не ферма никој, а не смее ниту инспекција да му влезе поради моќните со кои дели. Има за сите!

Кај него сиромашните умираат среќни, што е апсурд. Вистина е дека КОВИД лекува со витамини и инфузија, па кој ќе преживее ок, кој не преживеал немал среќа. Ама најбитно е дека НИКОЈ не смее да ја отвори темата ПРИВАТНО ЛЕКУВАЊЕ НА КОВИД! Во ниедна држава во светот тоа го нема. За епидемиска болест не смее да се плаќа ни партиципација. Ама така му дозволија ВЕНКО ФИЛИПЧЕ и ЗОРАН ЗАЕВ, така си тера.

Има и некоја фамозна машина за филтрација на крвта. Тој метод не смее да се применува на инфективна клиника, ама кој смее на др Митрев да му го каже тоа? Таа машина нема никаква улога во лекувањето КОВИД. Има висока смртност на неговата клиника од КОВИД, ама мртвите ги пријавува со неколку месеци задоцнување. Докторите што знаат што работи молчат, голтаат и на пациентите не смеат во очи да им погледаат, оти треба да лажат. Кажувам надвор од границите на Македонија дека кај нас има лекување КОВИД за 15.000 евра, го кажувам др Митрев и ме мислат дека сум пијан!

Филипче му беше в скут, чекам да видам ќе му седне ли и новиот министер…,,

                                                                 (ПРОДОЛЖУВА)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.