Карго ветришта, маглишта и ,,ТАВ заебаванции,,… (1)

Концесионерот на македонските аеродроми, турската компанија ,,ТАВ,, поради економската криза последните неколку години, на два пати доби ,,попуст,, од владата на РМ рокот за примопредавање на аеродромите да биде пролонгиран.

Концесионерот на македонските аеродроми, турската компанија ,,ТАВ,, поради економската криза последните неколку години, на два пати доби ,,попуст,, од владата на РМ рокот за примопредавање на аеродромите да биде пролонгиран. За ,,ТАВ,, подобро да се спреми за преземање. Во 2010 година беше донесена одлуга на екс владата, консултантски тим да ја контролира имплементацијата на договорот со турската компанија. Министерството за транспорт и врски превзеде обврска да врши постојан надзор како тече реализацијата на договорот.

Дел од тој концесиски договор е изградба на КАРГО аеродром во ШТИП, што е обврска на ,,ТАВ,,. Во 2010 година тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, изјавуваше дека е шпекулација дека карго аеродромот во Штип нема да се гради. Таа шпекулација во меѓувреме успадна дека е вистина, оти минаа седум години а карго аеродромот е ФАТАМОРГАНА, а изјавата на екс министерот е само гола лага. Со лажење почнува и новата влада. И тие најавуваат дека карго аеродромот ЌЕ се гради. Само што не почнал! Само е проблем неизготвената студија на метереолошката студија за движење на ветровите. Десет години ќе се готви студија и ветришта и маглишта ќе се мерат! Јанакиески визионерски во 2010 најави дека почетокот на изградбата на штипскиот аеродром ќе се случи за десетина години. Значи после 2020. Која само што не дошла, ене ја за две години од сега.

Инаку ,,ТАВ,, има концесиски договор со РМ на 20 години, за користење на македонските аеродроми, период за кој има обврска да вложи 200 милиони евра. Нејасно е, која е логиката да почнат изградба на карго авион околу 2020 година а договорот им истекува десет години подоцна? Башка ,,ТАВ,, има преземена обврска и да ги модернизира скопскиот и охридскиот аеродром. Колку од тоа е сработено од почетокот на управувањето на ,,ТАВ,, со македонските аеродроми треба да каже новата власт, треба да оценат и да ја известат јавноста што наследиле од нивните претходници. Во 2010 година претставници на ,,ТАВ,, пред медиумите изјавија и дека по нив ќе дојдат и други турски компании да инвестираат во Македонија. Колку од тоа е реализирано, исто така треба да и биде кажано на јавноста. Актуелната влада пред месец дена најави дека на владина седница ќе се расправа за информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Изградба на карго аеродром „Филип II“ во Штип. Договорот со ,,ТАВ,, е потпишан во на почетокот од есента 2008 година, два пати е пролонгирана реализацијата, наводно поради криза. Предвидува:

Изградба на нов карго-аеродром во Штип.

На скопскиот аеродром:

да изгради нова терминална зграда,

паркинг за автомобили,

да се продолжи полетно-слетната патека што ќе овозможи полетување и слетување на сите типови авиони,

да се изгради пристапен пат,

заедно со изградба на нова клучка,

да се изврши инсталирање на системите за земска навигација,

како и да се изгради нов карго терминал,

нова противпожарна станица и

нов паркинг за воздухоплови.

Охридски аеродром:

да го реконструира постоечкиот паркинг,

да ги реновира објектите во карго центарот

како и да ја реконструира постоечката административна зграда,

да изгради ВИП објект,

воедно и да набави нова потребна опрема за аеродромот за да функционира согласно со меѓународните стандарди.

Намерата за Штип (ДЕН ДЕНЕС НЕПОЧНАТА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА!):

изградба на новиот карго-аеродром во Штип е да функционира како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација (ЕДЕН УБАВ СОНЧЕВ ДЕН!)

со можност во иднина да прерасне во главен аеродром во Македонија (ЌЕ БИДЕ!).

За новиот карго аеродром во Штип се предвидува (МАЛКУ НАУЧНА ФАНТАСТИКА!)

изградба на полетно-слетна патека,

на нова терминална зграда,

да се изградат два хангари за увоз и извоз, 

два хангари за гаражирање на воздухоплови,

изградба на административни објекти,

паркинг за возила

и на потребната комунална инфраструктура

а воедно и набавка на патролни и противпожарни возила со цел оптимално функционирање, како и набавка на целокупната потребна опрема за работа според меѓународните стандарди. (БРЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ!)

Според концесискиот Договор ТАВ се обврзува на скопскиот аеродром за 20 месеци да изгради нова терминална зграда – шест пати поголема од сегашната и да ја продолжи полетно-слетната патека за 500 метри. Треба да се земе метро па да се измери дали за изминатите 90 месеци е продолжена пистата за 500 метри!!! За другите превземени обврски не ни прашувам дали се извршени или не.

ПРВА ,,ЗАЕБАВАНЦИЈА,, 

За прв пат можноста за неизградба на карго аеродромот во Штип ја најави во ноември 2016 заменик директорот на ,,ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој: ,,Од 2010 до 2020 година ги испитуваме условите за изградба на овој аеродром во Штип. Доколку се покаже дека има услови, со изградбата би почнале во 2020 година,,. Првиот човек на „ТАВ холдинг“, Сани Шенер пак вика дека чекаат резултат од онаа студија за ветриштата па ако тој резултат не е поволен и погоден карго аеродром ќе нема, а наводно тие ќе ги пренасочеле средствата за друга намена во рамките на концесискиот договор. Одеднаш карго аеродромот од ОБВРСКА станува МОЖНОСТ ЗА НЕИЗГРАДБА ПОРАДИ НЕПОВОЛНА СТУДИЈА НА ВЕТРИШТА. Затоа пак турскиот амбасадор во Македонија, Хокан Арслан Окчал, во јуни 2009 не ферма студии за ветришта па изјавува дека најдоцна за три месеци ќе почне со изградба на карго аеродромот, значи септември истата година. Бидејќи сега е скоро декември 2017, со дипломатски ,,речник,, кажано амбасадорот Окчал лаже па дури суши. Значи, тече осма година како не е почнато со изградба, што е чинам малку повеќе од три месеци. Дури Окчал вели: ,,Тав“ е сериозна и угледна фирма, како што и беше најавено изградбата на карго аеродром ќе започне за три месеци, оваа фирма ги зеде под концесија и аеродромите во Скопје и Охрид, кои ќе ги реновира,, рече тој во јуни 2009.

Не умри магаре до зелена трева, викам ја…

НАПОМЕНА: авионот на слика е транспортен, кружи неуморно над Штип со надеж дека ќе го најде карго аеродромот на ,,ТАВ МАКЕДОНИЈА,, кој според турскиот амбасадор е почнат со изградба во септември 2009.                 

                                                                                       (ќе има уште)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.