logo
Search
Close this search box.

ЌОШОТ

Екс пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Васко Наумовски помина низ вистинска голгота и претрпе секакви страдања смислени од Никола Груевски, само поради непослушност и несогласување со лидерот и недржење до политиката на диктаторот, падната на изборите во декември минатата година. Сепак, притисоците и нападите врз Наумовски продолжуваат и после формирањето на новата извршна власт…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Веќе на 13. јули о. г. Наумовски беше нападнат во центарот на Битола и физички и вербално, по нарачка од Никола Груевски. Ова не е ни прв ни последен инцидент контра екс пратеникот случен пред сведоци, па пријавен во СВР Битола, по кој немало никаква реакција од надлежните институции. Наумовски се надева дека ќе има разврска по тие пријави, ама еве два месеца се молчи. Напаѓачот Борис Јанкуловски има историја на вакви напади и врз други лица, но и службени злоупотреби заради што како вработен во СВР Битола во 2005 година бил суспендиран од работа. Но следната 2006 бил ем вратен ем унапреден.

Наумовски имал проблеми во вид на лични закани од највулгарен карактер од лицето Борче Ивановски викан Ќошот, битолски насилник кој ,,оперативно,, делува со Јанкуловски во дослух. Ќошот лажно се претставува као припадник на македонските разузнавачки служби, ама никој не знае што тоа значи и на кои служби, ама се знае дека при претставување го користи презимето на Сашо Мијалков. Една од задачите на тајниот агент Ќошот е да го следи Наумовски, да му препречува пат, да се залетува со кола кон него, да не му дава мир, да го потсетува постојано дека е тука во близина по задача од Груевски и Мијалков. Дел од неговата задача е автомобилот на екс пратеникот повремено да го вандализира. Ќошот во неколку наврати се обидел и да го уценува Наумовски, во име на Мијалков, оти наводно пратеникот недоволно ја финансирал партијата која му дала пратеничка функција. Сите незаконски активности на Ивановски се пријавени во СВР Битола
– реакција НЕМА!

За зло на Наумовски неговите сопартијци му земаат и тоа што сведочел на спектакуларното јавното апсење на Драги Стефановски викан Рамбо кој во еден момент иако близок на Мијалкови, ептен им ,,натежна,,. Иако Васко Наумовски бил присутен на ова апсење и бил пријавен како сведок на настанот, инспекторот Вангел од СВР Битола кој го апсел Рамбо на Наумовски му се заанувал дека ќе страда ако сведочи во случајот и ако сведочењето не биде онакво какво што очекуваат лидерите во Скопје. Во серијата ициденти кои Наумовски ги претрпел во режија на Груевски и Мијалков, а во изведба на СВР Битола е и тогаш кога во просториите на Центар за социјални работи Битола предводени од директорката Гаџовска по наредба на тогашниот министер Диме Спасов се нападнати тој и неговиот син од страна на вработените Валентина Ралевска и Гоце Страчковски, подоцна пријавени, процесуирани и осудени како напаѓачи со правосилна одлука казна затвор. Сите инциденти и секаков вид притисоци на прогонетиот Наумовски му се случуваат по минатогодишното отворено писмо, јавно објавено во средината на октомври 2016 година. Со писмото Наумовски се спротивставува на коруптивната политика на неговата партија ВМРО ДПМНЕ, што кај Груевски и Мијалков предизвикува бес и гнев и даден налог до насилниците под нив на ,,одметникот,, да му се загорчи животот, мир да нема и со насилни методи да биде замолчен.

Писмото можете да го прочитате овде: линк 

Во прилог имате дел од доказната документација за начините на кои ВМРО ДПМНЕ се пресметува со своите непослушни членови и екс фунционери…

[widgetkit id=8]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.