(Ко)оперативната Емилија

Заради организираниот грабеж мерен во стотици милиони евра преку ТЕЛЕКОМ, Македонија не смее да има ВТОР мобилен оператор. ВИП само ,,глуми,, дека е втор. ТЕЛЕКОМ и ВИП се само сврзани садови, една класична криминална приказна…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Пред да се појави ВИП операторот Телеком имаше 500.000 фиксни претплатници, а во мобилна телефонија имаше над 1.000.000 преплатници, тврди мојот извор од ТЕЛЕКОМ компанијата. Според него, државата како сопственик на златната акција од 37%, откако ,,Камени мост,, ги продаде своите акции, ТЕЛЕКОМ имал огромна заработка, со што и процентот што го добивала компанијата во пари бил огромен. Меѓутоа Австријците од ВИП биле паметни, па во договор со браќата од ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ елегантно го решиле проблемот. А проблемот бил: како да прикажуваат помалку пари? Па така, ВИП веднаш после купувањето на ОНЕ (тоа е она криминално спојување!) се полни со кадри од ТЕЛЕКОМ. Тие пак, за да не креваат врева, прво земаат отпремнини од ТЕЛЕКОМ и божем доброволно преминуваат во ВИП.

Арно ама, ако доброволно напуштиш од ТЕЛЕКОМ со наплатена отпремнина, по закон е забрането со истата дејност да се занимаваш следните три години. Но, на власт е ВМРО ДПМНЕ со слугите од ДУИ (Буши е тука!), па закон никој не гледа, па ВИП се полни со кадар од ТЕЛЕКОМ. Веднаш автоматски и вештачки се намалува бројот на претплатници во ТЕЛЕКОМ во фиксна телефонија на 150.000 и во мобилна за околу 35-40%, заради прелевање кај ,,новиот,, мобилен оператор кој е прикажан како ВТОР. Па ВИП ги собира сите останати кабловски оператори кај себе, прво го купува ОНЕ, па после го прибира и Тотал ТВ. Така, ТЕЛЕКОМ прикажува ,,штимувана,, загуба и оправданост да брка вработени од работа. Владата добива помала дивиденда бидејќи останатите пари одат преку ВИП, а добивката на ВИП никој не го интересира. Владата не се буни бидејќи во неа седат ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, а континуитетот го продолжуваат СДСМ, Шарените и пак ДУИ (се сеќавате на Буши!?) Договорот е: ТЕЛЕКОМ божем да оди со подобар и поскап квалитет, а ВИП со поевтин и полош квалитет. Како и да се сврти, потрошачот страда. Ама, кој да го заштити!?

УШТЕ МАЛКУ ЗА ОТКАЗИТЕ…

Емилија Андоновска беше раководител во секторот за финансии во ТЕЛЕКОМ, главно запаметена по зло. Во тој сектор е инсталирана од Жарко Луковски и Андреас Елснер, да направи хаос и да го растури секторот. Дел од вработените од секторот финансии во нејзина режија се избркани од работа, а делот за наплата комплетно го ,,аутсорсира,,. За ова (не)дело Андоновска е наградена парично и со функција директор на кол центар. Следна нејзина задача била да го растури и кол центарот. Ама сега во договор со Назим Буши и Горан Трајановски. Со нив го спроведува проектот ,,Систем за наградување,,, што во суштина значи растурање на овој сектор. Со проектот е предвидено Андоновска да подготви пресметки на тие што се вработени на неопределено време да им се намали платата за 30-40%, а на тие што се вработени по договор да им ја зголемува, за да дојдат до исто ниво со оние постојано вработени. Па тие што се на неопределено време ќе си ја земаат истата плата доколку и се допаѓаат на директорката и нејзината десна и лева рака Елизабета Арсова и Борче Георгиев. Директорката Емилија Анодоновска и асистентката Елизабета Арсова злонамерно и планирано психолошки притискале вработени со цел да ги натераат да си напуштат работа. Андоновска го укинала и секторот за продажба Tele Sales, со бркање од работа на скоро сите од секторот. Веднаш, да не губи таа и нарачателите над неа, најмиле надворешна фирма да ја врши истата работа, во просториите на ТЕЛЕКОМ. Емилија Андоновска е поврзана и со проектот Back to Front, заедно со Дарко Едровски и Лазар Динов од сектор Техника. Назим Буши, Жарко Луковски и Австриецот Андреас Мајерхофер се нарачатели на тој проект.

Прво го трансферираат Дарко Едровски во сектор Техника откако претходно бил ,,лево сметало,, како ситен и некорисен шеф во сектор продажба. Заедно со неговите раководители: Милан Гичев, Звонко Скендерски, Славе Петковски, Ивица Вељановски (внук на Трајко Вељановски) и др. имале наредба да ги убедуваат техничките лица да преминат во кол центар, каде што истите ќе бидат тотално неискористени и понатаму ќе бидат подготвени за отказ и на крај избркани. Дарко Едровски и гореспоменатите раководители играле главна улога во водењето вработени од ТЕЛЕКОМ, по список, на контрапротестите 2015-2016. Со нивна помош Емилија Андоновска го подготвила теренот за ,,аутсорсирање,, на кол центарот. За да се спаси и таа од отказ, со последната реорганизација е префрлена на позиција директор на продажба, а на нејзино место е поставена Климентинка Тунтева за да ја доврши валканата работата. Ако нешто ви значи податокот, Тунтева е братучетка на парламентарецот Тунтев.

Системот за наградување во ТЕЛЕКОМ е одобрен од ,,глувонемиот,, главен (коо)оперативен директор Горан Трајановски, заедно со комплетниот Управен и Надзорен одбор поставен од старо/новата извршна власт. Жарко Луковски продолжува непречено да раководи со ТЕЛЕКОМ…

                                                      (ќе има уште)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.