Поддржете не со испраќање на СМС порака со текст „Burevesnik“ на телефонскиот број 145554 (цената по порака изнесува 41,3 МКД со ДДВ).

Кога во МРТВ ќе има избор на нов Надзорен одбор и генерален директор?

Со МРТВ и Буџет од 25 милиони евра од граѓаните, владее црна петорка…

Пишува: Зоран Божиновски

На црната криминална тројка во МРТВ, генералниот директор МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ, неговиот заменик ЗАГАРИЈЕ ВУЛВАРАКИС и претседателот на ЗНМ, МЛАДЕН ЧАДИКОВСКИ (љубител на проекти и проектчиња!, им се придружиле уште двајца профитери: ГОРАН АТАНАСОВ и ГОРАН ЦВЕТКОВСКИ!

Сите петмина се длааааааааааабоко загрижени и силно испаничени поради конкурсот за избор на Надзорен одбор кој МОРА да заврши до 31 декември 2025 година. Ако Надзорниот одбор не биде избран до крај на годината, оваа ЦРНА ПЕТОРКА нема да може да ги потпише договорите со приватните продукции, од каде за нив има 30% чист профит!

Од Буџетот кој треба да им го подари Владата на христијан Мицкоски за 2026 година, тоа се чисти 7,5 милиони евра за нив петмина!

Инаку, првата работа која требаше да ја сработи новиот состав на Програмскиот совет на МРТВ од јуни о.г. до денес е да избере комплетно ново раководство, а оваа криминалното да биде притворено и процесуирано! Напротив, најголемиот дел од членовите на Советот се пазарени и кушени како на сточен пазар…

Со нивна помош, без мандат, без законско право да управува, генералниот директор Цветковски ја протуркал програмата за 2026 година според која ќе ,,функционира,,овој мртов јавен медиумски сервис, програма која ќе продуцира милиони евра кон нему блиски копродукции!

ТАА КРИМИНАЛНО ДОНЕСЕНА ПРОГРАМА ПОРАДИ НЕИЗБРАН НАДЗОРЕН ОДБОР ТРЕБА ДА ЈА ГЛАСААТ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕ!

Премиерот Христијан Мицкоски мора на послушниците од ДПМНЕ во Собрание да им нареди: ,,Гласајте за овој криминал!,,, а попатно мора да ги убеди и другарчињата од ЗНАМ и ВЛЕН!

Иако не морале да чекаат ДИК да прогласи крај на локалното гласање, сепак МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ измислил дека МОРА да се чека таа објава па да има оглас. Ама, Државната комисија за Гласање викана ,,ИЗБОРНА КОМИСИЈА,, сепак огласи крај, а КОНКУРС НЕМА! Ниту за избор на генерален директор на МРТВ, ниту за избор на Надзорен одбор. За да му го згорчат животот на Цветковски, неговите другарчиња од Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги, предводени од ЗОРАН ТРАЈЧЕВСКИ, исто така директор без мандат, објавиле конкурс за директор на АВМУ минатата недела. Трајчевски незаконски директорува 11 години!

На МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ и на другарчињата од ЦРНАТА ПЕТРОКА во МРТВ им се стемнило пред очи. Истовремено се избрани програмските совети и на АВМУ и на МРТВ. Тој совет во АВМУ функционира, овој во МРТВ е поткупен!

ДАВОР ПАШОСКИ, претседател на Програмскиот совет на МРТВ е постојано на службен пат, не може да се прибере во матичната куќа, да подготви конкурс за избор на Надзорен одбор, а ни конкурс за избор на генерален директор на МРТВ!

Мојот извор од МРТВ ми дојавува дека на денот кога во АВМУ бил објавен конкурсот за ибор на нов директор, во МРТВ се растрчале како изулавени, се состанале да думаат што ќе прават, какви комбинации да изведат, се консултирале со пратеници од ДПМНЕ кои им се на платен список да се советуваат што да се прави…

Па смислиле да распишат само оглас за избор на нов Надзорен одбор, а за избор на нов генерален директор веќе да не се чека ДИК да свири крај на ,,изборите,,, оти веќе е свирен, туку најнова глупоштина е да се чека нов избор на претседател на ДКСК, па тие да се произнесат. Нешто што нема врска ни со здрав разум, ни со логика!

Најново е дека Цветковски и Вувларакос смислиле, вака смртно преплашени, да плашат вработени со комисија која ќе казнува вработени кои ,,многу зборат,,! Комисија за ВЕРБАЛЕН ДЕЛИКТ! Реликт од комунизмот! Не смее НИКОЈ во МРТВ да каже ништо против раководството, Комисијата ќе казнува такви! Комисијата ќе ја сочинува ЦРНАТА ПЕТОРКА од почетокот на овој текст.

Ја викаат ЕТИЧКА КОМИСИЈА! Неморални идиоти, ,,продаваат,, етика…

Во таа забудаленост од незнаење што да прават, ништо чудно и мене да ме казнат, иако не сум вработен во МРТВ, а веќе не сум член ниту во ЗНМ кај љубителот на проекти МЛАДЕН ЧАДИКОВСКИ…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.
Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.