Ковачевски нема намера да даде оставка во ЕСМ, Заев е во оставка и не може да го смени. А не го дава ни Вице! Таков послушник ретко се раѓа…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Последниот пожар е само уште една епизода во серијата хаварии во РЕК БИТОЛА кои станаа нормална појава, сеедно дали ДПМНЕ или СДСМ раководат со комбинатот. Најголемиот произведувач на струја во Македонија е пред колапс, после серија мултимилионски тендерски грабежи кои се нижат откако пред повеќе од 15 години, Владата на Бранко Црвенковски со фалсификуван референдум РЕК БИТОЛА насилно ја припои на тогашно ЕСМ, денешно ЕВН…
Разговарам деновиве после пожарот со долгогодишни вработени во РЕК БИТОЛА, кои ми тврдат дека комбинатот никогаш немал понеспособни и понестручни кадри одошто има сега и дека актуелниот генерален директор, Златко Ќурчиевски, освен послушност кон шефот Васко Ковачевски и понизност кон вистинскиот командант, Вице Заев, се потрудил да прекомандува на раководни места внатрешно доволно блиски на ДПМНЕ, за да си подготви отстапница кога ќе биде сменет. Да не го гибаат! А ќе биде сменет многу брзо, затоа што нема никаква контрола над работниот процес кој е закочен и саботиран од политички причини, а гарниран е со неспособност во период кога Македонија влезе во енергетска криза. Ќурчиевски нема ниту авторитет ниту кредибилитет, вработените и граѓаните на Битола го знаат како послушник на Васко Ковачевски. Тоа му е најголем дострел во кариерата!
Вработен кој учествувал во гасење на последниот голем пожар ми тврди дека било среќа што пламенот кој на моменти достигнувал 20 метри височина, не зафатил 4.000 литри масло кои се сместени близу местото каде горело, како и дека среќна околност била што дента немало истовар на цистерни со мазут, бидејќи пожарот би бил од огромни размери.
Друг вработен, социјалдемократ по убедување и бивш член на СДСМ (исфрлен поради барање за она несреќно ажурирање кое не го прифатил!), ми тврди дека во РЕК БИТОЛА хаосот почнал пред предизборната кампања во септември. Прво, багерите не копале јаглен 24/7 два и пол месеци во летниот период кога се создава залиха за зимата, туку раководството се ориентирало на работа на мазут, заради провизија од набавките и личен профит. Тој тврди дека во тој период, генералниот директор на РЕК БИТОЛА, Златко Ќурчиевски, главно се занимавал со кадровска политика и казнување на непослушните. Имал дојави од коцкарот ЉУБЕ КУЗМАНОВСКИ викан ЌИСМИ, дека вработени во РЕК БИТОЛА, членови на СДСМ наводно работеле за ДПМНЕ. Па Ќурчиевски наместо да ги повика непослушните во ОО на СДСМ во центарот на Битола, каде изигрува некаков назначен претседател, тој ги повикал на сослушување кај него во кабинет, а до него седнале ЌИСМИ КУЗМАНОВСКИ и од централата дошол во улога на некаков судија, лопужата ЗОРАН КИТАНОВ, бивш директор на ЈП задолжен за пљачка при неизградба на државни патишта и трансфер на кеш до Племенскиот Сојуз во Муртино.
Пробале овие тројца некакдарници да им судат на непослушните, ама Китанов и Ќурчиевски ,,добиле по нос,, од искусните повеќедецениски вработени во РЕК БИТОЛА кои ги прашале:
,,Ова седиште ли е на нашата СДСМ или Комбинат? Овде ли се води политика? На овој ли коцкар му верувате, неразделен по казина со иста таков бивши крадоначалник, од кого зема и ум и учи коцкарски вештини?,,, притоа покажувал со прст кон ЌИСМИ…
Поради изречената вистина в лице и повеќе од саат и пол искажување што се случува во Комбинатот, во Новаци и во Битола, лопужата Китанов и Ќурчиевски по оваа средба се договориле да ги испоказнат сите, ги испоразместиле на пониски работни места за да добиваат помала плата, а на нивно место унапредиле нестручни и неспособни членови на ДПМНЕ, за да им покажат на непослушните КОЈ Е ГЛАВЕН ТУКА!? Подоцна ова ги чинеше пораз во Новаци и Битола…
Арно ама, пристигна колапсот во РЕК БИТОЛА, опљачкан комбинат преку надворешни фирми кои глумат превоз и добавување, а струја се произведува се помалку и помалку! Денес не се знае внатре кој што работи, кој раководи, кој спие, кој краде, кој разнесува. Никој не донесува. Се дотурка до прогласување енергетска криза! Саботажи се случуваат насекаде низ РЕК БИТОЛА, а раководството е неспособно да ги спречи. Последна саботажа е намерно лошо закрпената лента по која се пренесува јаглен, па два дена подоцна ја крпеле одново. И му се смееле на Ќурчиевски в лице!
На прашање за саботажите, генералниот директор на ЕСМ, ВАСКО КОВАЧЕВСКИ ми одговара дека биле ШПЕКУЛАЦИИ…
Паралелно со хаосот во РЕК БИТОЛА, хаос е и во Општина Новаци, затоа што е потпрена на комбинатот. Екс крадоначалникот на Новаци, ЌИСМИ КУЗМАНОВСКИ, општината освен што ја има втерано во долгови од најмалку 1.200.000 евра, запнувал деновиве по секоја цена да стане некаков раководител на сектор во РЕК БИТОЛА, оти од таму во крадоначалничка фотелја заседнал/дошол од позиција на СМЕНСКИ ВОЗАЧ. Сега е вратен на таа иста ,,возачка,, функција и Златко Ќурчиевски не смее во сегашната запалива и кризна состојба да му прави никакви отстапки. Проблем плус е ДРАГАН, бишиот возач на ЌИСМИ, кој тепаше и малтретираше вработени во општината и жители на Новаци кои не сакаа овој коцкар да го гласаат.
Според последните мои сознанија, возачот на ЌИСМИ ќе ,,извиси,, за вработување во РЕК БИТОЛА и ќе мора да положи сметки за заедничкиот поход на касата на општината и соучество во намерното уништување на ,,КОМУНАЛЕЦ,, Новаци, заедно со ЌИСМИ и ПЕЦЕ ВЕЛЈАНОВСКИ, нивни послушник. Златко Ќурчиевски не може покрај хаосот во РЕК БИТОЛА да решава и социјални и егзистенцијални проблеми на КУЗМАНОВСКИ и неговиот бивш возач (кому пак овој му е должник!)…
ЉУБЕ КУЗМАНОВСКИ викан ЌИСМИ, грчевито се бори да се раздолжи со продажба на три станбени единици и две гаражи, купени од бескрупулозна пљачка на Општина Новаци. Становите фиктивно се впишани на име на негов роднина од Прилеп, ДЕЈАН НИКОЛОВСКИ, вработен во АРМ. Два стана веќе јавно се огласени и ги продава неговиот син ДЕЈАН КУЗМАНОВСКИ преку оглас, а наивни будали се појавиле во станбената зграда и ги разгледувале становите како можни купувачи, без да размислат дека во блиска иднина ќе бидат конфискувани како предмет на најтешки облици на финансиски криминал и злоупотреба на службена положба, за кои е надлежно ЈО за ГОКК и ФИНПОЛ.
Паралелно со ЌИСМИ, ,,виси,, и ЈОВЕ СМИЛЕВСКИ викан ПРОЦЕНТО, заедно со син му Наумче, поранешен неуспешен пејач, манекен во обид и довчерашен претседавач на Совет на општината Новаци. Наумче поседува фалц диплома од факултет кој лии на вечерно училиште и е незаконито вработен во РЕК БИТОЛА. Татко му ЈОВЕ пак во РЕК БИТОЛА има измислен ,,синдикат,, викан МЕСО (Меѓуетнички синдикат во образованието), кон кој ВАСКО КОВАЧЕВСКИ трансферираше незаконски неколку десетини милиони денари – без основ, злоупотребувајќи ја службената должност. Истовремено, пари се исплаќани по судски пресуди кон гранковиот синдикат кој КОВАЧЕВСКИ и ЌУРЧИЕВСКИ не го признаваат оти не можат со тој синдикат да манипулираат со вработените во РЕК БИТОЛА. Со ,,синдикатот,, на ЈОВЕ СМИЛЕВСКИ ПРОЦЕНТО можеа до вчера да манипулаираат, како и со неговиот шеф ДРАГИ ЈОВАНОВСКИ викан Р`ЃА.
Ама, дојде крајот. Се стигна дотаму што ни Вице Заев веќе не може да ги спаси!
п.с. Почнувајќи од Васко Ковачевски, па надолу, никој од ИЕ 5, во која Ковачевски шефува во име на СДСМ – не поднесе оставка! Поразот беше катастрофален, особено во Битола и Охрид, а во Битола претседателот Ќурчиевски, екс градоначалничката Петровска и директорите на битолските јавни претпријатија, заедно со ГОРАН МИЛЕВСКИ, здушно работеа на победата на ТОНИ КОЊАНОВСКИ. За да им се одмаздат на Зоран Заев, брат му Вице и послушникот Ковачевски
п.с.2 Ковачевски немаше доволно време да се посвети во кампањата на штотуку завршеното локално гласање, оти истовремено, со крадени пари ја реновира куќата наследена од покојниот татко и ја трансформира во палата со базен и други придружни уживанции, паралелно купил деловен простор во ИСТ ГЕЈТ за потребите на бутикот на неговата сопруга Мери, а има и главоболки со КК ,,Пелистер,, каде Мери има некаква функција. Купил и куќа во с. Дихово под Пелистер, се погрижил да купи и стан во Скопје, децата да му имаат кров над глава додека студираат, а преку сите овие домашни обврски морал да го ,,храни,, и Вице Заев со огромен кеш од наместени тендери во ЕСМ. Оти, снемува време на власт, а ,,избори,, ќе има пак…