ТЕЛЕКОМ е компанија која си ги следи своите вработени, сите нивни комуникации, некој да нѐ забега случајно. Дел од таа комуникација помеѓу колеги е чатот што подолу го читате…
Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски
Прочитајте го внимателно разговорот помеѓу двајца вработени во ТЕЛЕКОМ. Тие немаат кому да го пријават ова што го разговараат, оти корупцијата ја има разјадено супстанцата на оваа некогаш богата и реномирана компанија. Внатрешно, компанијата од ноември минатата година функционира со ДИВА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА, потпишана од неовластено лице за потпис на таков документ, систематизација која е неархивирана во архивата на ТЕЛЕКОМ и како таква не е објавена јавно на веб страна на институција овластена за тоа. Назим Буши е потписник на таа ДИВА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА.
Во таква констелација на односите, вработените можат само да шепкаат неповерливо додека се на работа и да си претпоставуваат која ,,црнина,, ги чека секој следен работен ден, кој останува на работа, кој си оди, кој сектор останува, кој се укинува. Во исто време, криминалот со надворешните фирми си продолжува, што е и тема на разговорот помеѓу двајцата вработени од оваа објава. Нивните идентитети секако дека нема да ги откријам, за да не излетаат експресно од работа. Повелете:
НАПОМЕНА: Има еден подолг дел кој се однесува и на лични меѓусебни односи во ТЕЛЕКОМ, но поради опасност од уништување на најмалку две складни брачни заедници, го изоставувам.