logo
Search
Close this search box.

Коњановска пљачка, Тозова нервоза

Многу битолчани не се сопственици на своето, браќата КОЊАНОВСКИ и ГЕО ЛЕНД ги избришале од нивните имоти. Ама, тоа допрва ќе го дознаваат…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Не случајно ЗОРАН КОЊАНОВСКИ директно во Будимпешта од Никола Груевски барал брат му Тони да биде кандидат за градоначалник на Битола! Заедно со баџанакот на Зоран, ТОЗО НОВАКОВИЌ, екс сопственик на згаснатата ТВ ОРБИС, Коњановци се во смртен страв од идно апсење, процесуирање и долгогодишен затвор. ТОНИ КОЊАНОВСКИ и покрај противење на општинските комитети од цела Пелагонија, сепак од Христијан Мицковски доби кандидатура да се бори да стане градоначалник на Битола…

Ама, мотивот е страотен! Победа во Битола, КОЊАНОВЦИ и ТОЗО ОРБИС ги враќа во седло, ги враќа на власт, ама им дава и шанса да го покријат огромниот катастарски криминал што го имаат направено во минатото. Битолчани поим немаат дека од криминалното оформување парцели на просторот каде се наоѓа објектот на некогашна ТВ ОРБИС, па неуспешен обид да стане ХОТЕЛ ОРБИС, а денес е некаква станица за фантомски технички преглед, ПОТЕКНУВА КАТАСТАРСКИ ГРАБЕЖ НА БИТОЛА. Илјадници жители на Битола поим немаат дека во нивни имоти се впишани сосема други лица, избрани од Зоран и Тони Коњановски, заедно со Тозо Новаковиќ, во изведба на ГЕО ЛЕНД. Поим немаат дека главен актер на хаосот во битолски катастар е правникот СТЕВЕ СТЕФАНОВСКИ, а архитекти на целиот овој МЕГА катастарски криминал во Битола се од фирмата ГЕО ЛЕНД. Сето она што криминално го замислиле Зоран, Тони и Тозо, ГЕО ЛЕНД го ,,легализирале,, со т.н. градежни елаборати.


ЕКИПАТА НА ,,ГЕО ЛЕНД,, БИТОЛА

Ова им се можело затоа што Зоран Коњановски беше долги години и директор на РЕК БИТОЛА и министер за одбрана, а огромен украден капитал, во кој е вградена и продажба на 300 кубни метри молика диво исечена во нивна режија и препродадена во Грција, е вграден и во пропаднатата ТВ ОРБИС на која номинален сопственик бил баџанакот на екс министерот, Тозо Новаковиќ. Откако падна ВМРО ДПМНЕ од власт, падна поддржувачот Никола Груевски, па побегна, па и откако Сашо Мијалков заглави притвор и чека заминување во затвор, Зоран Коњановски исчезна од Битола. Изградил куќа во скопската населба Влае, таму живее мирен и спокоен живот, во јавноста го нема, а кога излегува редовно е маскиран со спортска капа и црни очила за сонце. Се плаши да не биде претепан!

Тозо Новаковиќ пак, со бугарски пасош во џеб, главно патува по светот, троши и тој од украденото со баџанакот Зоран и со Тони брат му. На Битолчани не им искачаат на очи и ги немаше никаде до ова локално гласање. Мораа сега да се извлечат од дупките во кои се криеја и да се обидат да го освојат градот, преку докторот епидемиолог ТОНИ КОЊАНОВСКИ. На битолчани им е понуден како кандидат на ВМРО ДПМНЕ чии зла од времето на мандатите на Владимир Талевски викан Двојче, сеуште не се заборавени. Главна главоболка на Коњановци и на Новаковиќ е објектот ОРБИС на улица ,,Партизанска,, во Битола. Празен е и чека дали граѓаните на Битола ќе им дадат шанса уште еднаш да се вратат на власт и да си го довршат неделото. Сакам да се знае дека Законот ЕДНО ЕВРО ЗА КВАДРАТ е измислен и спроведен во Македонија највеќе заради објектот ОРБИС. Тука Тозо и Коњановци (Зоран и Тони) имаат свои удели. Документацијата со која е оформена парцелата е комплетно фалсификувана и катастарски помината преку ,,ГЕО ЛЕНД,,.

Објектот ОРБИС лежи на парцела од скоро 15.000 квм кои биле сопственост на Република Македонија, а Коњановци и Новаковиќ ја купиле за 15.000 евра. Имало 1993 година авионско снимање и потоа била оформена парцела КП 14843/1 на ул. ,,Партизанска,, како пасиште од 5 класа. Во период кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, тука е формирана урбанистичка парцела (април 2000 година). Тогаш земјиштето од пасиште станува градежно, доживува трансформација. Потоа се формира парцела од 6920 квм на која објектот ОРБИС е изграден подоцна. Инаку, на 10 јули 2000 година Коњановци и Новаковиќ си извадиле и одобрение за градба УП. Бр. 1254/2. Одобрението содржело основа на приземје и темел. Ама све работеле под назив ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ ,,Сотир Наумовски,, Битола. Здружението се богатело оти со него управувале браќата Коњановци и Тозо, па изградиле двор и зграда од 565 квм. Се градело кога Зоран Коњановски крадел во РЕК БИТОЛА како генерален директор, па во министерство за одбрана и кога диво сечат молики и препродаваат во Грција.


ИСТОРИЈАТ НА ПАРЦЕЛА СТР 1.

Не знам, можам само да претпоставам колку тоа ,,здружение на возачи,, се збогатило во меѓувреме штом во 2013 година добиле Решение за приватизација бр. 26-7652/11 од 5 јуни 2013 година од министерството за финансии. Извршиле приватизација и платиле ЕДНО ЕВРО ПО КВАДРАТ. Истата година објектот го легализирале со Решение УП.бр. 27-6511 од 8 ноември 2013 година. Претходно објектот бил граден и изграден нелегално, ама е легализиран со урбанистичка согласност за бесправен објект бр. 08-09/5575. Геодетскиот елаборат за објектот го изработиле ГЕО ЛЕНД и е заведен под деловоден број 01-324/3-13 на 19 април 2013 година. Тогаш Коњановци и Тозо биле сила, моќ и власт. Следната 2014 година ГЕО ЛЕНД им изработиле нов градежен елаборат со бр 01-404/3-14 од 30 јуни 2014, со што се оформува нова градежна парцела и се заведува во ИМОТЕН ЛИСТ бр. 93149 на име на ТВ ОРБИС. А парцела КП 14843/3 со површина 5264 квм останува на ИМОТЕН ЛИСТ број 25271 на Здружение на возачи ,,Сотир Наумовски,, Битола…

Во 2014 година Коњановци и Новаковиќ изведуваат уште една кататстарска егзибиција. Прво вадат Решение за легализација УП1 бр. 27-5691 од 2 декември 2014 година. А претходно прибавиле урбанистичка согласност за бесправен објект УП1 бр. 27-5091 од 17 септември 2014 година, со градежен елаборат од НОВА 2006. Тука ГЕО ЛЕНД ги нема! Е 2017 година ВМРО ДПМНЕ паѓаат од власт, КОЊАНОВЦИ и НОВАКОВИЌ се разбегуваат. Зоран се сели во Скопје, во Влае, Тони станува сериозен доктор, посветен на епидемиологијата, а ТОЗО изчезнува во непозната насока, со бугарски пасош во џеб. Пред да ги снема од Битола, во 2019 година целиот објект, ОРБИС (ТВ/ХОТЕЛ) и Техничкиот преглед го продаваат на 7 декември 2019 година на фирмата ,,ИНТЕРВОРКС,, ДООЕЛ Битола, друштво за трговија и угостителство…

Што е важно за граѓаните на Битола, ама и за оние кои се по дијаспората и си мислат дека нивните објекти се навистина нивни? Според мојот извор, со многу фалсификатни документи и сомнителни легализации, Зоран и Тони Коњановски и Тозо Новаковиќ многу имоти присвоиле за себе и се впишале како сопственици. Покрај нив истото го направиле и нивни блиски кои знаеле за овој имотен грабеж. Мојот извор, вработен во катастар Битола ми тврди дека има многу избришани сопственици од нивни објекти и впишани сосема нови газди.

Наводно било вршено авионско снимање во текот на 2016 година и тоа било објавено во некој весник, ама никој во катастар поим нема за такво нешто. Знаат само дека е хаос и дека допрва ќе биде хаос. Никој во катастар со тој премер направен преку авионско снимање не знае што е снимено и премерено. Мојот извор тврди дека главни актери во овој криминал се вработените во ГЕО ЛЕНД, тие ја имаат кај себе комплетната стара архива на Битола, ми тврди дека има вмешано многу судии, адвокати и нотари, сите силно профитирале. Судот во Битола не признава никакви стари документи од катастар. Во договор со ГЕО ЛЕНД и со Коњановци признава само нови од некој нов премер за кој никој ништо не знае! Ама, ако има истрага и биде приведен правникот СТЕВЕ СТЕФАНОВСКИ се ќе се дознае, до детал. Ќе се дознае и кои судии се вмешани и каде се скриени документите од катастар со кои битолчани можат да докажат дека се сопственици на своето. Според него, допрва следува хаос, откривање на фалсификат договори, бришење цели парцели, впишување на туѓо име…

Затоа Зоран Коњановски се тресе сега брат му да стане градоначалник на Битола, со злоупотреба на ВМРО ДПМНЕ, а Тозо Новаковиќ се тресе некаде на пристојна далечина и чека дали ќе се врати повторно да ја јава Битола со браќата Коњановски или со потерница ќе биде баран за злоделата кои допрва ќе му бидат откриени…

НАПОМЕНА: Кога се доселив да живеам во Битола ЗОРАН КОЊАНОВСКИ бараше средба преку мој близок пријател, со некаква намера ,,да сме се договореле,,. До таква средба не дојде, бидејќи немав идеја за што тоа јас би се договарал со Зоран Коњановски, а знам дека е едена од најподмолните ЛОПУЖИ во Македонија и општествен штетник…

Сега чека брат му Тони да стане градоначалник на Битола, да се спасат од кривичен прогон…
 

 ИСТОРИЈАТ НА ПАРЦЕЛА СТР. 2

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.