Пишува: Зоран Божиновски
Убиството на грчкиот електроинженер Костас Цаликидис, по откривање на аферата ,,Атина,, поврзана со незаконско прислушување, се случило на 9 март 2005. Првично било прогласено за самоубиство, ама во јуни 2018 година била преотворена истрага за убиство. Два дена по трагичниот настан, на 11 март, директорот во Македонски Телеком, Славко Пројкоски му пишал на својот колега Димитар Ковачевски во врска со мејл кој го добиле од Елек Штрауб. Мејлот содржински бил поврзан со случајот ,,Цаликидис,,. Одговор од Димитар Ковачевски добил дури во декември истата година…
Вака одело допишувањето:
Од: Славко Пројкоски
Испратено: петок, 11 март 2005, 13 16 часот
До: Димитар Ковачевски
Предмет: Висока чувствителност
Го прочита ли мејлот што ни го прати Елек?
…………………………………….
Од: Димитар Ковачевски
Испратено: Среда, 14 декември 2005, 17 33 часот
Предмет: одговор
Па мора да има некоја истрага, мора Америте и Германците да бидат исправни во целата оваа работа, особено ова со Водафон и некои други работи што се случија надвор од дозволеното 😊. Мора и да се сврти внимание од следењето на комуникациите и поврзувањето на комуникацииите. Ќе се сврти кон тоа дека имало недозволено финансирање. Нас нема да не фати ништо… најверојатно ќе има некои санкции против некои директори ама ништо страшно.