logo
Search
Close this search box.

Ковачевски: ,,Понатаму, работата ја презема амбасадата на САД!,,

Пишува: Зоран Божиновски

Драматична мејл порака упатена од актуелниот премиер на Северна Македонија, на грчкиот инвеститор Никос Статопулос, упатена ПРЕД ПОЛНОЌ на 7 март 2005 година, докажува дека убиството на грчкиот електроинженер Костас Цаликидис било планирано и подготвувано.

Ковачевски на Статопулос порака му ја праќа само два дена пред Цаликидис да биде пронајден обесен во неговиот стан во Атина, како последица на најголемата прислушна афера во Грција, во 2004 година, кога биле прислушувани премиерот Караманлис, министерот за одбрана, скоро сите министри од таа влада и американската амбасада. За да биде ,,затворена,, аферата целата вина ја фрлиле врз тој што ја открил, Костас Цаликидис.

Во пораката која Ковачевски, како одговорен функционер во Македонски Телеком за прислушувањето, му ја праќа на Статопулос, јасно ја лоцира улогата на американската амбасада во Скопје во планирањето на убиството и уништивањето на трагите…

Еве ја содржината:

Од: Димитар Ковачевски

Испратено: понеделник, 07.03.2005 година, 23:36 часот

До: Никос Статопулос

Господине Статопулос

Веќе собравме многу докази за дејствијата на грчкиот оперативец. Ја контактирав американската амбасада и ми беше кажано да го отстранам шпионскиот софтвер од Софтверската компанија со која работеше грчкиот оперативец и да ги известам релевантните лица за прислушувањето.

Тука нашата работа застанува. Понатаму, работата ја презема амбасадата на САД.

Со почит
………………………………………………………………….

Никос Статопулос бил еден од водечките инвеститори во Телеком и медиуми во Европа. Припаѓал на BC Partners од 2005 година, а пред тоа бил партнер во Apax Partners во Лондон, каде што помина седум години работејќи на големи откупни трансакции низ Европа. За врските на Македонски Телеком со Apax Partners ќе објавиме текстови следните денови…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.