Ковачевски: ,,Препратете му го на Саше обработениот фајл…,,

Пишува: Зоран Божиновски

На 11 септември 2006 година, три месеци после победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите во јули 2006, актуелниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, како секторски директор во Македонски Телеком, задолжен за прислушување, одработувал за тогаш новиот директор на УБК, Сашо Мијалков. Испратил мејл порака која е доказ на тоа одработување

Го следел мобилниот телефон на новинарот Никола Младенов, убиен во март 2013 година, токму по нарачка и во организација на Мијалков. Ова е трето убиство, после убиствата на Костас Цаликидис и Коста Крпач, за кое објавувам докази дека Ковачевски припомагал, соучесник е и ревносно соработувал во подготвувањето.

Доказ за тоа е мејл пораката која на 11 септември 2006 година, во 22 : 11 часот им ја испратил на Небојша Стајковиќ и Жарко Луковски, главните соработници на Мијалков во прислушувањето. Ковачевски незаконски го следел мобилниот телефон и компјутерот на Никола Младенов и за тоа испратил порака до овие двајца, со следната содржина:

,,Препратете му го на Саше обработениот фајл за да види дали се совпаѓа со неговите аудио фајлови. Нека не ги ги рачуна пишаните пораки и се што е од компјутерот…,,

Оваа мејл порака содржи и атачиран фајл со табела/рапорт од еднонеделно следење на мобилниот телефон на Младенов, ама и на неговиот компјутер…

И тогаш, во тој постизборен период и денес во овој предизборен период, Димитар Ковачевски јавно глуми дека е социјалдемократ, ама овој пат е нивни лидер. Во 2006 година им помогнал на ,,неговите,, да бидат поразени, организирал средби на Груевски со Бучковски во Виена, а од Македонски Телеком на Бучковски му исплатиле 8,5 милиони евра тие избори да ги изгуби…

Во ова предизборие Ковачевски е лидер на СДСМ, (прет)платен е во засега непознат девизен износ да ги однесе до нов пораз, ама сега и до распад!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.