Серијата текстови кои ќе ги посветам на уништувањето на македонското стопанство и економија, во режија на Комерцијална Банка АД Скопје, ја отворам со пропаста на скопска Кожара ,,ГО-ДЕЛ,,…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје, со Хари Костов на чело и повеќе лица помагачи, смислено ја однеле во стечај оваа некогашна голема фабрика за преработка за кожа, потоа ја однеле во стечај, ја приграбиле, акциите на ,,ГО -ДЕЛ,, во банката ги присвоиле, имотот го злоупотребувале за подигнување на кредити кои си ги доделувале сами на себе и со тие милиони евра располагале и уништувале и други фирми. На крај Кожара ,,ГО -ДЕЛ,, е ликвидирана, да не постои!
Она што го читате и гледате во прилог е шематски приказ на целата криминална операција која траела од 03 декември 2004, до 08 јануари 2016, кога дошло до ликвидација. Шематскиот приказ е изготвен од истражните органи (МВР, ФИНПОЛ, ОБВИНИТЕЛСТВО), целата шема е поткрепена со стотици страници докази (уплати, исплати, трансфери, договори, итн.).
Уништувањето на ,,ГО – ДЕЛ,, започнало на 3 декември 2004 година со одобрен кредит на МЗТ ХЕПОС (фирма акционер во КБ!), кредит од 35 милиони денари за кој не постои документација. Од МЗТ ХЕПОС после завршувањето на работата на платниот промет, после 16 часот, без да има договор или цесија, тие 35 милиони денари му ги префрлуваат БЕЗ НАЈАВА на правно лице кое нема врска со оваа зделка/транскација и бидејќи има деловни односи со КБ, по совет на менаџментот на банката тие 35 милиони денари ги префрлува час подоцна на фирмата МАКПромет Штип, чиј сопственик е Миле Атанасов. Час подоцна тоа доцна попладне на 03 декември 2004, Миле Атанасов трансферира 34,9 милиони денари на КИРЧО АТАНАСОВ.
Со тие пари и доплата до 1.500.000 евра, КИРЧО АТАНАСОВ, сопственик на фирма КУТИС ДООЕЛ. го купува Кожарскиот комбинат ,,ГО -ДЕЛ,, за таа цена, воедно станува и сопственик на 617 акции од ,,ГО -ДЕЛ,, во Комерцијална банка, па веднаш го заложува хипотекарно целиот имот на Кожара во стечај и од КБ добива кредит од 5.000.000 евра. Вака свртените пари во круг, ем трикратно ги ,,извадиле,,, ем имотот на Кожара го стекнале, ем си ги повратиле првичните 35 милиони денари…
Една недела подоцна, во игра се вклучува ДПТУ ТИМ СИСТЕМ ДОО Штип, сопственост на Димитрије Атанасов, татко на Миле Атанасов. Фирмата е основана на тој датум, со основачки капитал од 5.000 евра, на 10.03., непосредно пред да ја основа КУТИС ДООЕЛ, Кирчо Иванов. Во КУТИС ДООЕЛ основна главнина е имотот кој Иванов го откупил во ,,ГО – ДЕЛ,, со оние 35 милиони денари од Комерцијална банка кои на ,,волшебен начин,, и без соодветна документација биле пуштени до МАКПРОМЕТ М, кој пак претходно ги добил од неповрзано правно лице, кое пак ги добило од МЗТ ХЕПОС, кое правно лице без договор за кредит ги добило од Комерцијална банка.
ЕДНО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ: ЗА ОВИЕ 34 ГОДИНИ, АКО ОД БИЛО КОЈА БАНКА, А ОСОБЕНО ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА БАРАТЕ КРЕДИТ, МАСТА ЌЕ ВИ ЈА ИЗВАДАТ, ЌЕ ВЕ ПРОВЕРАТ ДО ДЕВЕТТО КОЛЕНО КОИ СТЕ И ШТО СТЕ, ЌЕ МОРАТЕ ДА ИМ ОДНЕСЕТЕ ЕДНО ЧУДО ДОКУМЕНТИ, ПА НА КРАЈ ЌЕ РАЗМИСЛАТ ДАЛИ ЌЕ ВИ ОДОБРАТ И КОЛКУ ПАРИ КРЕДИТНО ЌЕ ВИ ОДОБРАТ.
И ДРУГО ТРЕБА ПОСЕБНО ДА ЗНАЕТЕ: ДОКОЛКУ СТЕ ИМ МИЛИ И ДРАГИ НА ХАРИ КОСТОВ, ИЛИЈА ИЉОСКИ, ШТЕРЈО НАКОВ И ДРУЖИНАТА ОКОЛУ НИВ, НЕ ВИ ТРЕБА АМА БАШ НИКАКОВ ДОКУМЕНТ, ЕДНОСТАВНО НАЗДРАВУВААТ СО ВИСКИ И НА ВАШАТА СМЕТКА, КАКО ШТО ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ МЗТ ХЕПОС, МАКПРОМЕТ М И КУТИС еве добиле 35 милиони денари за да ги свртат, да се купи огромен имот и да се извлечат уште 5 милиони евра од банката…
Потоа мирувале три месеци, па на 20 јуни 2005 продолжиле: МакПРОМЕТ Штип постигнале договор ЛБИС ДООЕЛ за 90 милиони денари да купи удел во ТИМ СИСТЕМ, ама овие не ги уплатиле тие пари. Прават договор кој никој не може да им го разбере, оти се предоговарале па на крај направиле некаков договор за исплата на 60 рати до 2011 година. Како и да е, на 22 јуни 2006 година била донесена Одлука со уплата на 90 милиони денари во ТИМ СИСТЕМ да пристапи нов содружник ЛБИС ДООЕЛ (фирма на НЛБ ТУТУНСКА БАНКА).
На 27 јули 2005 дошло до нов обрт. Само 31 ден после влегувањето на ЛБИС ДООЕЛ како содружник во ТИМ СИСТЕМ, велгле МакПромет М, поради неплатениот договор за удел од претходно.
На 27 декември 2005 година Кожара ,,ГО – ДЕЛ,, хипотекарно е заложена т.е. целиот имот е заложен за 2 милиони евра. Должник и хипотекарен должник станал КУТИС ДООЕЛ на Кирчо Иванов. Истото лице и истотот правно лице дополнително се задолжува кај Комерцијална банка на 28 јули 2010 година, со Нотарски акт ОДУ бр. 830/10 кај Нотар Еленеа Пенџерковски. Заложен е дел од имотот и е подигнат кредит од КБ банка во износ од 12,2 милиони денари…
Веќе на 15 јануари следната 2011 година, сопственикот на КУТИС ДООЕЛ Штип, Кирчо Иванов, сопственик на ,,ГО – ДЕЛ,, во стечај, склучил договор за превземање на долг на износ од 94,2 милиони денари со фирмата ,,ИСХРАНА,, АД Скопје. Според член 4 од нивниот договор, Кирчо Иванов својот удел во КУТИС ДООЕЛ го отстапува за тој износ на ИСХРАНА АД Скопје.
ИСХРАНА АД Скопје си имал доминатен акционер со 9.054 акции или со 77,3%, била КИКА ТРЕЈД, фирма во која најчесто завршувале парите кои како кредити на оштетени фирмир им ги давале комерцијални банки од 2004-2012 година. Тоа се оштетени кои земале кредити, ставале имоти под хипотеки, не можеле да ги вратат, ги губеле, па им биле продавани имотите после активирање хипотеки и парите завршувале во КИКА ТРЕЈД. Во ИСХРАНА АД акции имал и Љубомир Давидовиќ, одговорно лице во ова акционерско друштво.
До нова промена во ИСХРАНА АД доаѓа на 29 април 2011 година, кога единствен акционер станува ДПТУ ТИМ СИСТЕМ. Се враќаат во оваа валкана игра со многу пари и огромен имот на Кожара ,,ГО – ДЕЛ,,, таткото Димитрије и синот Миле Атанасови. Така, ИСХРАНА АД, освен акции во Комерцијална акција, поседува и огромен недвижен имот, врз основа на ништо т.е. врз основа на финансиски злоупотреби и поигрување со парите и имотите на граѓаните на Македонија, кои поим немаат што им се случува зад грб. Поточно, што им се случува додека висат на шалтерите на Комерцијална банка, бараат кредит, позајмица, дозволен минус, простување камата на долг и слично…
Од 17 мај завршува ТРАГЕДИЈАТА на ,,ГО – ДЕЛ,,. На тој датум згаснува акционерското друштво ИСХРАНА АД и се трансформира во ИСХРАНА ДОО, со доминантен сосптвеник ТИМ СИСТЕМ и немање понатамошна потреба преку Централниот депозитар за хартии од вредност да се крие кој е вистинскиот соспственик на ИСХРАНА!
Па се случува завршница на ТРАГЕДИЈАТА на ,,ГО – ДЕЛ,, така што на 12 септември 2014 година се намалува основната главнина на КУТИС ДООЕЛ така што единствениот сопстеник на ИСХРАНА ДОО, фирмата ТИМ СИСТЕМ, која пак е во посед на фирмата МАКПРОМЕТ М (Миле Атанасов), носи одлука 0202-55 од 12 05. 2014 според која ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА на фирмата КУТИС ДООЕЛ се распредлеува и тоа:
– номинален износ од 48 милиони денари за покривање на акумулирани загуби
– номинален износ од 43,8 милиони денари за задолжителна општа резерва и
. номинален износ од 310.000 денари да остане како основна главнина на КУТИС ДООЕЛ
ФИНАЛЕТО Е ОДИГРАНО НА 16 МАРТ 2015 ГОДИНА!
ИСХРАНА ДОО и лицето Миле Атанасов (сопственик на МАКПРОМЕТ М), склучуваат Договор за купопродажба и пренос на удел, при што уделот на ИСХРАНА ДОО во КУТИС ДООЕЛ преминува во сопственост на Миле Атанасов за цена од 310.000 денари. Договорот е УЗП бр. 2975/15 од 17 март 2015 кај Нотар Ленче Каранфиловска во Штип. Ако подсетиме дека дел од основната главнина на КУТИС ДООЕЛ претходно со Одлука беше распределена како ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПШТА РЕЗЕРВА во износ од 43,8 милиони денари, ете го финалето во кое МИЛЕ АТАНАСОВ ДОБИВА БОНУС НАГРАДА од точно 43.824.631 денари.
Откако завршиле се што испланирале, откако Кожара ,,ГО – ДЕЛ,, е ограбена, растурена, разделена и на нејзин имот се исперени милиони и милиони евра, ХАРИ КОСТОВ дал налог да се завршува играта со ЛИКВИДАЦИЈА на фирмата ИСХРАНА ДОО. Згаснува на 08 јануари 2016 година…