logo
Search
Close this search box.

Купи кандидатура, спаси се од затвор

Како ќе изгледа патот на Наташа Петровска преку Шутка, до Идризово!?

Пишува: Екипа на „Буревесник.Нет„

Според реакциите и расположението на граѓаните на Битола, но и според реакциите и информациите на врвот на СДСМ, повеќе од јасно е дека на актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска поголема грижа треба да и биде што ќе се случува со неа после изборите, отколку на тоа на што личат сегашните партиски собири кои ги викаат граѓански, а на кои има чудно многубројно присуство на  полиција, па некаква партиска агенција за обезбедување и партиски обезбедувачи и редари? За некаква повторна кандидатура на Наташа веќе никој и не помислува, освен ако во последен момент од Зоран Заев не ја купи во кеш кандидатурата за градоначалничка на Битола. Бидејќи, ова е време на трговија, а Петровска со Јорго Шундовски и Силјан Мицевски до себе, има пари да си ја купи кандидатурата…

Тоа дека имала највисок рејтинг од можните кандидати на СДС од Нашата земја е резултат на лажирањето анкети и рејтинзи на врвниот манипулатор Сашо Додовски, кадровик на оваа партија од сенка и ФРАНКОФОН кој не знае да бекне француски…

Проблемот на СДС од Нашата земја во Битола е уште поголем ако добро се знае дека и претпоследниот битолски градоначалник од ВМРО –ДПМНЕ, Владимир Талевски викан Двојче се прослави со злоупотреби и кривични пријави од позиција на градоначалник. Наташа Петровска пак засега со херметичката затвореност кон јавноста, умислила дека никој никаде нема прецизни пресметки за урбаномафијашките бизниси од кои има наплатено провизии, патем глумејќи невина, наивна и неинформирана. Ќе си има ревизија на нејзиното управување со градот кој е раскопан, растурен, во хаос и без основни обележја и содржини кои го красеа со децении…

Петровска допрва ќе треба да си направи калкулации за тоа каде може да биде фатена во грешки, злоупотреби и незаконско постапување во раководење на градот и трошење на 2.130.360.788 денари буџет колку што изнесува планираниот буџет за 2021 година само во делот на планирани приходи, како и во трошењето на парите на битолчани во минатите три години. Дека Наташа Петровска и раководниот тим на Општина Битола ќе мораат сериозно да се напнат да објаснат каде се потрошените три и пол буџети досега без видлив резултат, покажува само сегментот на анализа на спроведувањето на јавните набавки на 2018 година, една година по доаѓањето на сегашното битолско општинско раководство.

Се разбира, како потег на враќање на довербата на граѓаните и сегашната Влада на Зоран Заев може да наложи и да потикне ревизија на финансиското работење на Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска, особено што Битола редовно се појавува во секоја помала или поголема криминална афера или истрага и судење, додека во делот на трговијата со наркотици и општ криминал е редовно активен актер! Впрочем ако Заев не можеше да спречи и мораше да прифати неговиот Генерален секретар на Влада, Рашковски да заврши пред Суд и иако е во куќен, сепак е во притвор а не се знае што допрва го чека, сосема сигурно дека има колосална шанса со ревизија на работењето на Наташа Петровска пред локалните избори, обременета со криминални скандали, пропусти и нетранспарентност, да покаже како лидер дека ем нема милост кон своите, ем на Битола ќе знае да му покаже дека сака да сврти нов лист и да го сврти кон иднината, наместо да продолжи кон хаос и пропаст, како сега.

Инаку, спомнавме за Битола 2018 година. Во спроведените јавни набавки меѓу пелагониските општини, Битола има спроведено најмногу јавни набавки со склучени 127 договори, што е и логично бидејќи е најголема општина во регионот. Но, Општина Битола во спроведувањето на јавните набавки командувани од Наташа Петровска покажува и други сомнителни „рекорди„!?

Битолската општина има најмногу распишани и спроведени тендери со една понуда, најмногу целосно поништени тендерски постапки а прва е во регионот за постапки за јавни набавки без оглас! Исто така, како докажана можност и метод за манипулација па дури и криминал во спроведувањето на јавните набавки, општината раководена од Наташа Петровска спровела најмногу корекции на договорите за јавни набавки со анекси на договорите, што не е случај во ниту една друга пелагониска општина а примила и најмногу жалби за спроведување на набавките, од кои половината биле основани и уважени!? Карактеристика на јавните набавки во општина Битола во 2018 година било и што не секогаш објавувала јавни соопштенија за спроведување јавни набавки!?

Предмет на ревизијата на сегашниот мандат во општина Битола кој завршува за приближно два месеци секако ќе биде и соработката на општината со градежните фирми кои ги има 20-на а кои, со чесни исклучоци, веќе имаат солиден криминален рејтинг! Ова конретно значи дека предмет на истрага околу јавни набавки, тендери, градежни работи како и приватни инвестиции ќе бидат сите градежни фирми кои работеле на територијата на општината.

Дали во ревизиско – истражниот период кој следи ќе се повтори веќе видената епизода битолската полиција, обвинителството и судот како што тоа беше повеќе пати во минатите години да бидат исклучени од ревизијата, истрага и сите постапки против криминалот, дури и организираниот криминал, ќе се види? За потсетување, во најголемата финансиско-криминална -политичка афера ТАТ, битолскиот суд беше изземен заради инволвираност на полицајци, разузнавачи, обвинители и судии од градот! А лагата наречена ,,завршен стечај на ТАТ,, си трае! Ене го ,,ТАТ во стечај,, си,,работи,, на стотина метри раздалеченост од кабинетот на Петровска а таа четири години глуми незнаење дека тој криминал со врви по свој пат, тука крај неа, крај судот, крај полицијата и основното јавно обвинителство.

На крајот, иако, изгледа комично и ступидно, како раритет треба да се спомене кога градоначалничката Наташа Петровска од скопскиот грдаоначалник Петре Шилегов незаконски и криминално позајми неколку градски автобуси, па откако јавноста дозна и објави за тоа, мораше да ги враќа во Скопје, што предизвика смеа и кај граѓаните и кај инспекторите во организиран криминал, како и политичките аналитичари кои сето тоа педантно го бележеа.

Токму, овој циркус со позајмување на стари автобуси од Скопје на Битола на услуга, иако се работи за државен имот и основни средства на правни субјекти, на евентуалното, но сосема извесно законско постапување за владеењето на Наташа Петровска и логична група под нејзина команда во општината, ќе им биде олеснителна околност дека всушност, таа и не била свесна што прави и какви документи потпишува!?

Оти, пред секое потпишување мора да ги праша или Јорго Шундовски или Силјан Мицевски или секретарот на општината Слободан Најдовски. Еден иден убав сончев ден, кога ќе се отвори истрага против неа, тројцата ќе ги нема да потврдат дека ја ,,советувале,,. Ќе одговара кривично сама, заедно со блиските соработници кои го слушаа и Двојче кога требаше да се потпишува криминал…

Наша прогноза е дека Слободан Најдовски ќе биде клучниот сведок соработник на обвинителството, во истрагата против Наташа Петровска, која е повеќе од извесна и неминовна. Нејзините сопартијци кои во широк лак го заобиколуваат скоро напуштеното и запуштено седиште на партијата во која осамени останале Наташа Петровска и нејзината верна сенка Златко Ќурчиевски, тврдат во хор дека онаква масовна самоизмама на иладници луѓе да гласаат за промашена личност како Петровска ни во најлош сон не можеле да одсонуваат.

Општината ја затворила и за нив, не само за граѓаните. Од причини кои ги знае само таа и можеби Ќурчиевски… 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.