logo
Search
Close this search box.

,,Курташак,, ДООЕЛ, Кондово

Клучна трансакција за да се роди ,,Мала Богородица,,, па да се изроди во ,,Систина,, и да се престори во монструм викан ,,Аџибадем Систина,,, се случи на 17 јули 2007 година…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

На тој датум Камчеви од фантомска ,,здравствена,, (криминална!) фондација од Швајцарија, за 350.000 евра на Македонската берза купија 99,88% од ,,Орка Холдинг,, Скопје. На македонски литературен јазик кажано, со украдени македонски пари се купија сами себе преку Швајцарија и направија будали од сите нас. Од мене не, оти и тогаш, во август 2007 пишував делумно на оваа тема. Делумно, оти на половина од објавувањето во тогашниот дневен весник ,,Време,, Камчеви го повикаа на семеен ручек Александар Дамовски викан Садам, кодош на Мијалкови и во тој момент главен и одговорен уредник на весникот. И си го пазарија да ја прекине мојата серија.

Тогаш анонимното, денес веројатно непостоечко друштво се викаше ,,Еуро-Балкан груп,, од Лугано, Швајцарија, сместено во скромна адвокатска канцеларија на Виа Преторио број 13, адреса на која биле регистрирани илјадници слични презервативни друштва за еднократна употреба по земји како Република Македонија (колку гордо звучи!?). Тогашната влада, УЈП и обвинителството не реагираа на оваа криминална трансакција. Ни оваа влада, УЈП и обвинителство немаат ништо против, иако финансискиот криминал не застарува.

Македонската јавност воопшто ништо не знае или ретко кој (па и тој!) многу малку знае за случувањата во и околу бизнисот на семејството Камчеви, за начинот на кој тогаш стигнаа до фантастични 320 милиони денари (5, 2 милиони евра), ,,заработени,, со фиктивно издадени фактури за неизвршени услуги, врз основа на кои од УЈП наплатиле чисти пари врз основа на поврат на ДДВ. Во претходното продолжение објавив дека имало и истрага, имало кривични пријави, ама на крај се било ,,замрзнато,, како никогаш ништо да не се случило. Службите на УЈП, уште во текот на 2002. и 2003. година, вршеле редовни контроли во ,,Орка Холдинг,, и во останатите фирми поврзани со неа, контролирани директно или индиректно од семејството Камчеви. Куриозитет е дека Камчеви имале регистрирана и фирма со назив ,,Курташак,, ДООЕЛ со седиште во Кондово, заради мајтап и докажување дека им се може. Подоцна била згасната.

Контролите отвориле истрага против Камчеви, имало и пријави па и судска разврска, која резултирала со извршна пресуда СИ. бр. 1351/03 донесена на 15. 12. 2003 година. По низа жалби од должникот и предлози за разрешување на спорот, Основниот суд Скопје 1 на 03. 06. 2005, носи Решение за противизвршување со кое го задолжува должникот “ХООР” а. д. Кавадарци (како правен следбеник на “Орка Холдинг” а. д. Скопје) да и плати на УЈП Скопје 162. 451. 485 денари. Пресудата, донесена на крајот од 2003 година, на Ратка, Христина и Јордан Камчеви воопшто не им влијае како доволна опомена да не си играат и натаму со фиктивниот поврат на ДДВ и да не ја оштетуваат државната каса по тој основ. Тие и по оваа пресуда, продолжуваат со примена на истите методи за доаѓање до големи средства, без патем да ги извршат услугите што ги наведуваат во фиктивните фактури.

Скопското Јавно обвинителство во потполност влегло во тајните на “успехот” на Камчеви, истражувајќи го текот на парите, регистрацијата, ликвидацијата и преименувањето на нивните фирми и следејќи го однесувањето на управителите на фирмите. Врз основа на сознанија од МВР, поточно од СВР Скопје, ОЈО Скопје поднесува и кривична пријава против Јордан Камчев, неговата сестра Кристина Камчева, против нивната мајка Ратка Камчева Куноска, како и против Браниша Младеновски, Петар Јовановиќ и Насте Деспотовски, управители на фирми кои соработувале со Камчеви. Сите тие биле осомничени за предизвикување на лажен стечај и фалсификување на исправи. И процесуирани, ама попусто. 

Кривичната пријава носи бр. КО бр. 1134/2004 со датум 23. 04. 2004 година. Јордан и Кристина Камчеви како основачи и Ратка Камчева како управител на “Орка Холдинг” Скопје, помогнати од Петар Јовановиќ, Браниша Младеновски и Насте Деспотовски, во периодот од април 2002 до февруари 2003 година, за да избегнат давачки по основ на ДДВ и истовремено да обезбедат поврат на ДДВ на штета на државата, привидно со лажно издадени фактури продавале стока и имот, префрлувале средства на други сметки и отстапувале имот без надоместок. Сето тоа го правеле за да предизвикаат стечај над ТД “Хилдебранс” од с. Сарај – Скопје, фирма-правен следбеник на ТД “Орка Спорт” ДООЕЛ Скопје. Управител и потписник на жиро сметките на оваа фирма бил Јордан Камчев.

Предизвикале стечај и на фирмата ТД “Текс-текс”, правен следбеник на ТД “Орка текстил”, чиј управител и потписник на сметките е Кристина Камчева. Истото го направиле и со фирмата ТД “НАСКА” од с. Грчец – Скопје (она село во кое полиција не смее да влезе без претходно да праша!), правен следбеник на ТД “Крива текс” Скопје. На овие две фирми како правен претходник се јавува “Орка Холдинг”. Јордан и Кристина Камчеви остануваат потписници на жиро сметките на “Хилдебранс” и “Орка Текстил” и после промената на нивните имиња. После привидното истапување на “Орка Холдинг” од “Хилдебранс” како основач, пристапува нов основач и истовремено и управител – Петар Јовановиќ. По него настапува уште една промена во “Хилдебранс”. Од 25. 04 – 16. 09. 2002 година како основач се појавува фирмата “Виквуд” од далечниот Хонг Конг. Тогаш се појавува и нов управител, Браниша Младеновски. За да остане ова трговско друштво без средства, од мај до септември 2002, сите пари заработени од продажба на стока во продавниците под контрола на Камчеви, наместо на сметка на фирмите на кои биле регистрирани, биле уплаќани на сметка на ТД “Орка Текстил”.

Истрагата дошла и до сознание дека осомничениот Петар Јовановиќ на 31. 08. 2002 година по неверојатно зголемени цени извршил фиктивна продажба на целокупните стоки кои биле во магацинот, притоа издал фактури бр. 162/02 и 163/02 на вкупен износ од 660.014.212 денари. Со оваа “операција” Јовановиќ и овозможил на фирмата “Орка Текстил” да изврши поврат на ДДВ во износ од 104.380.120 денари. Кристина Камчева пред да го изврши повратот на ДДВ (на 24. 09. 2002) направила сопствена “операција”. На 10. 09. за да го остави друштвото без имот и средства, продавниците и магацините ги отуѓила-отстапила на “Орка Холдинг”, а фиктивно набавената стока од “Хилдебранс” уште еднаш фиктивно ја препродала на “Орка Холдинг” каде управител е нејзината мајка Ратка Камчева. За таа трансакција Кристина Камчева издала две фактури 1262/02 и 1264/02. Фактурите се на фантастичен вкупен износ од 746.658.769 денари, врз основа на што Ратка Камчева врши поврат на ДДВ од 123.908.647 денари. Претходно, Кристина Камчева причекала управителот на “Хилдебранс” Петар Јовановиќ на 30. 09. да поднесе аконтативна даночна пријава за создавање на обврска од ДДВ спрема државата.

Понатаму кругот бил вртен така што следна фирма за оставање без имот и средства била “Орка Текстил”, врз основа на што не би ги платила обврските по основ на ДДВ кон државата и обврските кон ТД “Хилдебранс”. За да бидат средствата пренесени во целост во “Орка Холдинг”, на 01. и 04. 11. 2002 биле издадени две книжни одобренија на име маржа, во износ од 537.369.938 денари, кои ги одобрила “Орка Холдинг”. На крај од целата кружна операција “Хилдебранс” и “Орка текстил” останале без средства и имот, со неплатени обврски по основ на ДДВ кон државата. “Орка Текстил” на 12. 11. 2002 го сменила името во “Текс-Текс”, при што привидно од основач истапува “Орка Холдинг” а пристапува фирмата “РСПСА” од Лугано. За управител на “Текс-Текс” е поставен Насте Деспотовски, а “Орка Холдинг” врши поврат на ДДВ. Патем “Орка Ходинг” го преземала под своја контрола целиот имот на “Хилдебранс” и “Орка Текстил”. Браниша Младеновски и Насте Деспотовски на крај, како управители на “Хилдебранс”, “Текс-Текс” и “Наска”, поднеле предлози за отварање на стечајни постапки за сите три фирми. Притоа употребиле лажни потврди наводно издадени од “Инвест Банка” со датум од 27. 01. 2003, според кои нивните жиро сметки се блокирани. Врз основа на тие лажни потврди, на 05. 02. 2003 биле донесени решенија за отварање и заклучување на стечајот над сите три трговски друштва.

Во тој период премиер е Бранко Црвенковски, шефица на неговиот Кабинет е Наташа Савова, денес вработена во ,,Стопанска банка Битола,, која пак е ,,перална,, за пари во сопственост на Камчеви. Нели тогаш НАРОДОТ СИ ЈА ЗЕМА СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ!? За сите овие сторени кривични дела, обвинетите никогаш не одговарале. Целата операција била завршена со погоре опишаното судско решение за извршување кое никогаш не било извршено. Камчеви подоцна продолжиле со примена на истите методи за доаѓање до големи пари со ВМРО ДПМНЕ во игра, без многу мака, со фиктивни фактури и поврат на ДДВ, пари од Буџет на РМ кој го полнат глупави и наивни буџетски корисници.

Трансферираните украдени пари подоцна патуваат до ,,Еуро-Балкан груп,, во Лугано. Тоа се оние пари, кои се само дел од вкупно украденото, оние 350.000 евра со кои Камчеви сами себе се купуваат и ја основаат ,,Мала Богородица,, па изродот ,,Систина,, па монструмот ,,Аџибадем Систина,,. За ова да се заврши во еден критичен меѓупериод ,,загина,, фирмата ,,Курташак,, ДООЕЛ од с. Кондово. Живи се Ратка, Хиристина и Орцо Камчеви…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.