logo
Search
Close this search box.

Љубовникот Муса

Во село Брест, гранично кон Косово, ,,прославено,, со Танушевци од време на почетокот на воениот конфликт 2001 година, се случуваат неубави работи. Стигна писмо од таму…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Еве ја содржината на писмото: ,,Неправилностите што ги направил Муса Јакупи во основното училиште Михаил Грамено во село Брест, се граничат со лудост. Веќе 19 години ги држи на работа послушните наставници со завршено средно училиште, не вработува според закон со високо образование оти тие не може да ги контролира. А овие што си ги има на работа со завршено средно школо си молчат и го слушаат. Им возвраќа така што за нивните работни места не распишува конкурси иако законот го обврзува на тоа. 

Од 2013 година советот на училиштето не функционира, за се одлучува директорот Муса Јакупи, колективот на училиштето и родителите на децата кои тука учат воопшто не ги прашува. Кемал Сејдиу е вработен со средно образование како техничар, а не доаѓа воопшто на работа, го има на платна листа. Евидентиран е како наставник. Добива редовна плата иако има 65 години. Вработените ,,наставници,, среднисти се и послушници на Муса Јакупи во делот на плаќање на висока парична казна по судска пресуда, за која тој бил виновен како директор на училиштето. Послушните наставници солидарно од нивните незаслужени плати ја платиле казната. Секако морале да се согласат да бидат солидарни, ако не се согласеле ќе им ги укине платите. Ќе вработи други, попослушни. Ова се случило во 2013 година. 

Муса Јакупи на послушниците не им исплаќа патни трошоци за месеците август, декември и половина од јуни. Премолчено го частат за добрината која им ја прави. Го мразат заради тоа, ама во себе. Јакупи смислил и настава во дисперзирана училница, во селото Брест во населбата Алимет. Таму наставата се одвива во дуќан. Од срам заради ова никогаш како директор не ги посетил овие ученици да види имаат ли услови или немаат, за учење. Се е препуштено на наставниците кои таму предаваат и на хаусмајсторот. Се снаоѓаат некако и со свои пари и помош од родителите одржуваат некаква настава. Во селото Танушевци организирал настава за 3 (ТРОЈЦА) ученици а вработил 6 (ШЕСТ) наставници кои воопшто и не се појавуваат на работа. Никој од наставниците не смее да превземе ништо по однос на проблемите кои ги прави директорот Јакупи бидејќи веднаш потегнува отказ. Затоа е оставен да се однесува како што сака, училиштето кое го раководи е во катастрофална состојба. Тој има канцеларија во училиштето ,,Никола Вапцаров,, па не е заинтересиран за тоа што се случува во Брест, Малина и Танушевци и во какви услови се работи таму. 

Директор е од 2003 година, а за овие 15 години директорување освен што правел проблеми и расправии помеѓу наставниците и родителите на децата кои учат во никакви услови, Муса Јакупи ништо друго и не направил. За да си нема проблеми училиштето во кое директорува го држи со години без училишен одбор. Така нема кој да му пречи во работата. Никој не знае каде се и што е со парите кои повремено пристигнуваат од министерството за образование за реновирање на училиштето кое никако и никогаш не видело реновирање. Претпоставка е дека тие пари си ги зема за себе. Неколкумина наставници кои се заинтересирани за образование на своите ученици се снаоѓаат како знаат и умеат и предаваат и во пет комбинирани одделенија, оти привилегираните среднисти од страна на Јакупи не доаѓаат од Скопје на работа. Далеку им е. 

Ние селани од селата Брест, Малина и Танушевци апелираме до министерството за образование да испрати инспекција, да го констатира криминалното долгогодишно поведение на Муса Јакупи, да воведе ред во нашите села, децата наши да почнат да учат според програма предвидена со образовниот процес. Ова не веруваме дека го има некаде на друго место во Македонија. ДУИ нека си го земе Муса Јакупи и ако им е толку добар нека го однесе во Скопје да го постави за директор ама во училиште каде сите органи ги има и каде наставниците се образувани на факултет. Можеби во некое градско училиште ќе му се израдуваат и жените оти многу е неморален и непримерено се однесува во нашите села. Нека си го земат во град, таму да се покаже…,,

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.