Како од страшливец се станува уставен судија!?
Пишува: Пишува: Екипа на „Буревесник.Нет„
Државниот обвинител Љубомир Јовевски деновиве јавно најави желба/наум дека би сакал да биде уставен судија, но истовремено нема професионална доблест и човечка храброст да се сретне со првостепено осудениот во предметот ,,МОНСТРУМ,, Фејзи Азири кој пред 6 месеци јавно во судницата на Кривичниот суд Скопје 1 го повика Јовевски да му ги предаде информациите и доказите кој е: нарачател, извршител и помагач на петкратното убиство од МВР пријавено дека се случило на Смилковското езеро во 2012 година.
На 23 февруари оваа година Основниот кривичен суд Скопје 1, со петчлен судечки совет од двајца судии, Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници, за убиството пријавено од МВР дека се случило кај Смилковското езеро изрече три доживотни казни затвор за тероризам за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се избегани на Косово а на иста казна беше осуден и Агим Исмаиловиќ кој беше во судницата.
Обвинетиот Хаки Азири беше осуден за две кривични дела: помагање на сторител по извршено кривично дело, за што доби единствена казна во траење од 9 години а Фејзи Аризи е осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело на 15 години затвор. Ова е пресудата која ја донесе Кривичниот суд во повторениот судски процес за случајот „Монструм“ по претходно поништување на првостепената правосилна пресуда за доживотни казни за сите петмина обвинети. Судот го офрли во целост обвинението за Сами Љута кој претходно исто така беше осуден на казна доживотен затвор…
По соопштувањето на пресудата, обвинетиот Фејзи Азири кој сега се наоѓа во притвор во затворот ,,Скопје,, во Шуто Оризари, а чека 6 месеци Апелациониот суд Скопје да расправа за неговата жалба за решението за притвор. Тој, поради глувоста во судница на Љубомир Јовевски и преку јавноста му упати јавен повик, цитирам:
„Притворот ми е определен и минатиот пат, кога се знаеше дека ќе се смени членот од обвинението. Јас не сум бегал и нема да бегам. Го повикувам јавниот обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Вилма Русковска да ме посетат во затворот во Шуто Оризари да им приложам докази за нарачателите и организаторите на ова убиство, за помагачите на ова убиство, со прецизни докази. Во рок од 10 дена ако не ме повикаат, или ако не ме посетат, ќе ги дадам доказите на јавноста и на странските амбасади за да се утврди кој е извршител, нарачател и помагач“.
Ниту Љубомир Јовевски, ниту Вилма Рускоска до ден денеска немаат остварено никаков контакт со Фејзи Азири!
МАЛА ЗАВРШНА НАПОМЕНА:
За овој предмет во СЈО бевме повикани есента 2017 година и дадовме искази јас и колегата новинар, Илија Максимовски. На суд не бевме повикани да сведочиме и да кажеме што знаеме!