logo
Search
Close this search box.

Луковски: ,,За ова газдите не смеат да знаат!,,

Пишува. Зоран Божиновски

На 18 мај 2006 година, на 45 денови пред парламентарните избори во Македонија, денес благоупокоениот директор на ЕРИКСОН, Жарко Луковски, му дал налог на тогашниот одговорен раководител во секторот за прислушување следење и надзор во Македонски Телеком, Димитар Ковачевски, да му овозможи пристап на Сашо Мијалков до телефонски линии преку кои ќе следи нивни разговори. Луковски и Ковачевски направиле кривично дело ,,одавање државна тајна,,!

Луковски на тогашниот раководител Ковачевски, денес актуелен премиер на Северна Македонија, му испратил ПОПОЛНОЌНА мејл порака во која прикачил строго доверлив документ, заштитен со лозинка. Лозинката и документот претходно веќе ги дал на Сашо Мијалков, а на Ковачевски дал наредба/налог да му овозможат пристап до линиите на следните институции:

Владата, МВР, МРТВ, Американската, Британската, Германската, Холандската и Хрватската амбасада, до две банки од кои онаа на Косово особено ,,интересна,,, од УСАИД, Дајнерс, Меѓународен монетарен фонд во Скопје, итн.

Сашо Мијалков на тој начин преку Димитар Ковачевски, Славко Пројкоски и Никола Љушев, ги имал на дланка сите оние кои можеле да му се испречат на патот да дојде на власт и да владее преку прислушување до средината на 2017 година, а потоа да се ,,пазари,, за да не влезе во затвор.

Многу интересен е последниот дел од пораката. Еве ја содржината:

Од: Жарко Луковски

Испратено: 18 мај 2006, 01 : 33 часот

До: Димитар Ковачевски

Под итно да му се даде на Саше слободен пристап до линиите што се наведени во табелата. Табелата е со лозинка, а Саше ја знае 😊. Јас и ти ќе се видиме утре за да ти ја кажам лозинката. За ова ГАЗДИТЕ НЕ СМЕЕ ДА ЗНААТ.

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.