logo
Search
Close this search box.

Мила Бергер: ,,Ве молам викнете ја мајка ми и викнете полиција…,,

Пишува: Зоран Божиновски

Повеќе од половина година не објавувам ништо за голготата низ која и натаму поминуваат двете сестрички, Николина и Мила Бергер, малтретирани од таткото Михаел, од ЈУМ ЦСР на Град Скопје и од министерството за труд и социјална политика, како и од адвокатите од канцеларијата МЕДАРСКИ, застапници на таткото…

Директорот на ЈУМ ЦСР на Град Скопје, после скандалозното однесување на неговиот корумпиран претходник кој беше награден со 10.000 евра од таткото Михаел за да му помогне заедно со корумпираните службенички да ги однесе децата во Швајцарија, измисли ЗАБРАНА на мајката Станислава Бергер да комуницира со медиуми. Поточно, забраната од директорот на ЈУМ ЦСР на Град Скопје се однесуваше на комуникација на мајката со мене, за Буревесник да не открива со што точно се занимаваат во центарот за му овозможат на Михаел Бергер макар насилно да ги трансферира неговите ќерки во Швајцарија и да ги оддели од мајката…

Арно ама, адвокатите од канцеларијата МЕДАРСКИ и вработените во ЈУМ ЦСР на Град Скопје, не можеа наназад цела година да победат и на суд, за да може таткото да ги однесе девојчињата од Македонија. Но, затоа максимално се малтретирани Николина и Мила со овозможување на таткото, против нивна волја да ги носи на летување и на зимување. Така, му овозможиле по Нова година да ги однесе ќерките во Маврово на зимување, во х. ,,Бистра,,. Ама, анимозитетот на децата кон него, а веројатно и неговиот непримерен и крут однос кон нив, довел до тоа поради несоодветно постапување од негова страна и невнимателен пристап, помладата ќерка Николина да се разболи и да добие воспалителен процес прво на едното а потоа и на двете уши, а тоа предизвикало и негативна реакција кај постарата сестра Мила која освен што се скарала со него увидела дека тој не ја слуша па се симнала на рецепција и оставила кратка порака напишана од неа.

,,Ве молам викнете ја мајка ми. Тел: 072/…-… и полиција. Фала,,

Веднаш дошло до паника кај вработените, ова се случувало на Бадник пред полноќ, почнале да бараат кој ја напишал оваа порака, па прегледале безбедносни камери и востановиле дека станува збор за Мила Бергер. Дошла и полиција, па се јавувале кај мајката и не можеле да ја најдат бидејќи не одговарала на повици од непознати броеви доцна навечер, па ја пронашле дури следното утро. Итно се упатила кон Маврово, ги превземала двете деца и ги донела дома во Скопје…

Со ова најнова мрачна епизода не престанува малтретирањето на двете деца и не застануваат силните напори на ЈУМ ЦСР на Град Скопје да ги одделат од мајката и да му овозможат на таткото да ги пренесе во Швајцарија. Проблем е што многу наскоро ќе има техничка влада, нов министер за труд и социјална политика, па внатрешните борби за превласт меѓу ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ќе добијат предимство во однос на загорчувањето на животите на сестрите Бергер и сите слични случаи кои ги има многу во последните година дена…

Наместо да загорчуваат животи на децата и нивните родители, вработените во министерството за труд и социјална политика ќе си ги загорчуваат животите едни на други!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.