Минчо, челичар, клептоман, измамник

Словенечкиот ракометар, Ренато Вугринец, тотално неинформиран за криминалниот опус и клептоманската природа на ,,бизнисменот,, Минчо Јорданов, во март 2013 година склучил договор за настап за РК ,,Металург,, Скопје, клуб покритие за перење пари и долгогодишен грабеж на Македонија и Хрватска…


Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Ренато Вугринец, како и другите популарни и познати светски ракометни имиња дојдени во ,,Металург,, по слава и пари, поим немале дека Минчо Јорданов си го мери со друг сличен клептоман како него, Михајло Михајловски, и се обидува со ,,Металург,, да докаже дека може да стане посилен од РК ,,Вардар,,. Освен неуспешниот обид на Јорданов со РК ,,Металург,,, неуспешно заврши и обидот да создаде силен и европски фудбалски клуб ,,Металург,,. Тој експеримент траеше три сезони, бидејќи Јорданов внатрешно ограбен од неговите секторски директори кои му прикажуваа многу поголеми трошоци од реалните, брзо се откажа од фудбалската ,,железарска секција,,. Во ракометот се задржа подолго, имаше и постабилна управа во клубот, а и полесно се влегува во ракометна отколку фудбалска Лига на шампиони. Во ракометот се задржа и заради измамникот од Хрватска Лино Червар, со кој во тандем лажеа дека ќе создадат и силна клупска ракометна екипа и силна репрезентација на Македонија, чиј селектор беше измамникот од Хрватска. 

Измамата се состоеше во неговото посредништво да го внесе Јорданов во кабинетот на екс премиерот на Хрватска, Иво Санадер, правосилно осуден за злоупотреби на премиерската функција. Лино Червар во Македонија глумеше ракометен стратег на ,,Металург,, и ,,Македонија,,, а на Минчо Јорданов му беше отворач на вратата од кабинетот на Иво Санадер. За осум години владеење со Хрватска и скоро исто толку терање бизнис со Јорданов, преку Червар, Хрватска за набавка на челик од Макстил по скоро двојно поголеми цени отколку на светската берза, е оштетена околу 2,8 милијарди евра, а Македонија неколку стотини милиони евра затаен данок од страна на ,,Макстил,, и Јорданов, поради континуирано прикажување загуба на компанијата во Македонија. Челикот кој Јорданов го испорачувал на Хрватска бил за потребите на хрватските бродоградилишта кои ланската и оваа година дефинитивно пропаднаа и се пред ликвидација. Не им успеа да ги преживеат Минчо, Лино и Ивек!

Во тој мега грабеж, Јорданов и Червар тераа ракомет во ,,Металург,, и во репрезентацијата на Македонија додека Ивек Санадер не падна во притвор, со извесна идна правосилна пресуда за него. Тука пукна нивната ракометно челичарска дружба, па им згаснаа и надежите на ракометарите дека ,,Металург,, ќе биде стабилен европски ракометен гигант како ,,Вардар,,. Згаснаа и надежите дека ќе си ги наплатат побарувањата од клубот на Минчо Јорданов. Кога секна чешмата од Хрватска да тече, секнаа и парите кои течеа кон РК ,,Металург,,. Ракометарите брзо сфатија дека пари од ,,Металург,, и Јорданов нема да наплатат ако не поднесат тужба. РК ,,Металург,, е акционерско друштво, така е регистриран и според Закон за спорт и за организирање натпреварувања во сениорска конкуренција, како во фудбалот така и во ракометот. Ракометарите имаа(т) со ,,Металург,, професионални договори кои се усогласени со законите на Македонија за акционерски друштва, но и со правилници кои ги пропишува европската ракометна федерација.

Ренато Вугринец, познат словенечки ракометар од март 2013 година има професионален договор со РК ,,Металург,,. Откако сфатил дека сопственикот и управата на клубот немаат намера да си ги испочитуваат обврските преземени со потпис на договорот, Вугринец ангажирал адвокат и поднел тужба против РК ,,Металург,,. Има и првостепена и второстепена, правосилна пресуда (февруари 2019 година) и чиста ситуација што се однесува до долгот на клубот кон него. Со пресудата на Апелациониот суд Скопје, делумно била уважена жалба од клубот (од Минчо Јорданов), да се врати на првостепено одлучување во делот на исплата на камати. Ама главницата не е спорна, пресудена е во корист на Ренато Вугринец. И покрај тоа, ракометарот не може да си ги наплати своите побарувања. Истиот пат го минуваат и други ракометари, ама тие си молчат и се надеваат. Вугринец ми се обрати и побара да ја објавам вистината. Огорчен е поради фактот дека во Македонија не се почитува правосилна пресуда. Вели:

,,Добив пресуда во моја корист и мислев дека нема да има проблем да биде наплатен долгот. Ама пред да се пресуди на Апелационен суд се искомплицира работата, добив понуди од непознати луѓе да ми помогнат да наплатам ама да се откажам од дел од долгот во нивна корист. Одбив, па дочекав правосилна пресуда и ја блокирав сметката на клубот по законски пат. Дознав дека двајца ракометари веќе ја блокирале сметката пред мене, со нивни побарувања. За мене и нив дајца, вкупниот долг е 350.000 евра. Како функционира клубот на никој не ни е јасно? А функционира непречено, како да нема никаков долг. Тотално правно лудило е ова! Преку РФМ клубот неколку години бараше ,,вајлд карта,, за учество во Лига на шампиони и ја добиваа, а сметката блокирана. Како играа таму, како плаќаа, преку која сметка, е прашање за РФМ и за Агенција за спорт и млади, каде одлично знаат за ова безаконие. Серија кривични дела е направена тука, никој не одговара кривично. Како е можно ова? Во било која земја со нормално уредени односи ваков клуб ќе биде префрлен во најнизок ранг на натпреварување. Многу сум лут и бесен и разочаран, како да го решам проблемот кој го имам!?,,

Вугринец највеќе се кае што му верувал на измамникот Јорданов и паднал на неговите слатки ветувања. Заради вербата дека има работа со сериозен човек и бизнисмен, настрадал до степен да помине низ малтретирање, понижување и тортура од Јорданов и ,,Металург,,. Научил дека Јорданов е бескрупулозен измамник и лажго, нешто што на овој простор и не е така невообичаено. Научил и дека овде договор со професионален клуб не гарантира исплата, а еве сега учи и дека правосилна пресуда не може да се изврши ако е во прашање клептоман како Минчо. Клептоманот е посилен од системот. Поради верба во клептоманот, Вугринец одбива два ,,солени,, договори со странски екипи, а од едната одбива и капитенска лента, договор кај нив да ја заврши кариерата и потоа да продолжи како спортски директор.

Вугринец останува во ,,Металург,, и дури зема македонски пасош за да може да настапува за нашата репрезентација. Поим немал дека заиграл за трговци кои наместо да играат ракомет, тргуваат со национални чувства и обележја. За ова станал свесен кога видел во живо дека ,,Металург,, нема да го испочитува договорот, а сурово се освестил заедно со другите играчи кога ги исфрлиле од закупените станови. Измамникот Јорданов и членовите на управата на РК ,,Металург,, ниту закупнините и трошоците за становите во Скопје не им ги платиле. На крај, Вугринец и колегите биле уценети од Јорданов дека нема да добијат исписница да заиграат во друг клуб, ако не потпишат дека нема да тужат. Вугринец одбил па тужел и добил правосилно на суд, ама не може да си го наплати побарувањето. Со тоа што преживеал овде ги запознал и РФМ и ЕХФ.

На крај за да стави крај на малтретирањето од страна на Јорданов, му понудил да биде исплатен во целост и да одигра една цела сезона во Металург бесплатно, за да не се тужат, па мирно да се разделат. Минчо ни ова не го прифатил, затоа што никако немал и ден денес нема намера да му го исплати долгувањето. Затоа што себе се доживува како Господар на Македонија, недопирлив и неуништив. Посилен од судот и извршната власт…

Од сервилните служби на РФМ секако е посилен. Тие се посебна приказна…

НАПОМЕНА: се обидов да контактирам со РФМ. Телефонот за контакт не им е во функција. Пратив порака до генералниот секретар, се врати како неиспорачана. Ја имате во прилог

 

 

 

   
   

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.