Министер фалсификатор и фалсификатен новинар се перјаниците на СДС од Нашата земја……
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
ТЕШКО НА СДСМ АКО ДОЈДЕ ДЕН РОБЕРТ ПОПОВСКИ ДА ИМ КРЕИРА МЕДИУМСКА ПОЛИТИКА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ!
Тогаш опозициониот лидер, денес премиер, Зоран Заев, бил советуван од некој околу него, па советот го прифатил како добронамерен во опозиционата борба да му даде доверба на Роберт Поповски, екс самоизбран претседател на ЗНМ. Велам самоизбран затоа што имав обврска и чест, по десетгодишна екскомуникација од светската и европската новинарска асоцијација, поради несоодветно раководење на ЗНМ од страна на Мирјана Димовска, да бидам Кородинатор на ЗНМ за Куманово, Крива Паланка и Кратово, во критичната 2001 и бурната 2002 година.
Светската и Европската новинарска организација ни помогнаа со многу пари и многу логистика, да се реформираме, да усовиме Кодекс, да се ставиме вор ед, ни ги простија долговите и ни подарија ШЕСТ РЕГИОНАЛНИ КАНЦЕЛАРИИ на ЗНМ, едната беше во Куманово. Ни подарија опрема (маси, столици, компјутер, телефакс и печатач), а мене лично ми помогна Васил Тупурковски со средства од МОК, да ја доопремам кумановската канцеларија на она на што личи на фотографиите во прилог. Потоа Роберт Поповски ја разнебити и денес таа канцеларија не знам на што личи…
Во 2002 пред и после изборите претседател на ЗНМ беше Иван Андреевски, генерален секретар Сашо Чолаковски. Ама генсекот веднаш по победата на Црвенковски на тие избори, се летна да му биде портпарол во Владата. Повлече нога, па 23 познати новинари, наши соборци претходните две години против ,,режимот,, на Љубчо Георгиевски, до мај 2003 година станаа ПАПАГАЛИ/ПОРТПАРОЛИ на министри, се распоредија по кабинети во Владата. Бидејќи не се борев за папагализација на домицилното новинарство, во мај 2003 на една новинарска трибина, пред околу 70 присутни си поднесов писмена неотповиклива оставка, и пред сите му ја врачив на наследникот на Чолаковски, актуелен генсек во тој момент Роберт Поповски. Ми се налути за ова и се боидуваше да ме премисли, ама не попуштив. Побарав примопредавање на координаторската функција и опис и попис на затекнатото во канцеларијата во Куманово, ама тоа Поповски не го направи. Имаше и неплатени долгови кон издавачот на просторот, имаше струја и вода неплатени, неплатени сметки за телефон.
Лут на мене што така заминувам, Поповски организираше избор на нов координатор на моето место, а како што мнозинство во Куманово беа ,,новинари,, покорни на Драган Даравелски, а ги предводеше неговата баба Златка Џимревска, тогаш директорка на денес мртвата РТК Куманово, за нов координатор избраа молер/кречач кој глумеше спикер во ТВ ЗОРА/ТВ НОВА на Даравелски. Канцеларијата ја беа отвориле без мое присуство, сопственикот на просторот си земал што мислел дека вреди да се земе, за да си надополни неплатени долгови кон него, а молерот брзо замина кон Авганистан, преку Браун и Рут.
Подоцна му истече мандатот на Иван Андреевски и редно беше да се избере наследник, нов претседател. Со Мира Костиќ (денес претседателка на некаков Совет на некаква чест во ЗНМ!) бевме единствените кои бараа финансиски извештаи за неколку години, прашувавме каде потрошија огромни средства од странски донации, потрошени за божемната реформа на овдешните новинари и медиуми преку ЗНМ. Немаше ни отчет, немаше ни годишно Собрание, немаше НИШТО! Направија криминална маневра. Иван Андреевски Маче тивко се повлече, А Роберт Поповски најмил МИНИБУС, во него качил десетмина новинари, ги излажал дека одат на некаков семинар во Маврово и таму одржал нешто на што му дал назив ИЗБОРНО СОБРАНИЕ. Знам сигурно дека актуелниот портпарол на Владата на Зоран Заев, Душко Арсовски, бил присутен на тоа ,,изборно собрание,,. Од него добив потврда дека бил таму, ама не биле известени дека станува збор за собрание!
На тоа фалсификатно изборно собрание, Поповски си назначил и генерален секретар по мерка, Газменд Ајдини. Типот имаше врска со новинарството преку ИРЕКС ПРОМЕДИА, фондацијата која даде најмногу пари и логистика за ЗНМ и за опрема. Бидејќи никогаш никаде не видовме финансиски извештај, за да продолжат тие бројки износи да се недостапни, Роберт и Газменд го присвоија ЗНМ.
Подоцна, Поповски за малку ќе се наградеше со уште еден мандат, ама морав да најавам и да дојдам од Белград, дека ако видам негова кандидатура на Скопски Саем, контра Насер Селмани, дека од говорница на Собрание ќе барам ОТЧЕТ кој не го видов од 2001 година, за секој потрошен денар! Па се откажа Поповски од кандидатура, оти седнав во прв ред и чекав, па Насер Селмани го избравме за претседател.
По доаѓањето на власт на Заев во 2017 година и почетокот на неговото премиерување, по Роберт Поповски сфатив дека ќе има забегување. Заев го именуваше за МИНИСТЕР ЗА ОТЧЕТ И ТРАНПАРЕНТНОСТ!!!!! ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ!!!!
Типот што никогаш не поднесе отчет за ниеден потрошен денар, што фалсификуваше завршни сметки и собрание во ЗНМ, станал министер за очит и транспарентност. Тогаш сфатив дека не е на арно во Македонија и дека Заев ќе оди од катастрофа во катастрофа, оти контрола на медиуми преку Поповски и контрола преку одборот зависници од послушност собрани околу Поповски, ќе му ја уништи и власта ама и партијата, каде клонови на Поповски се изнапикаа да урликаат во хор со ботови и Љупчо Николовски и брат му (И ПОРТАЛ)…
Финале на оваа новинарска домицилна трагедија по повод Светскиот ден ан слободата на медиумите е почетокот на МАЈМУНИЗАЦИЈАТА на граѓаните на Охрид. Утре во спортската сала ,,Билјанини извори,,, со делегирање на фалсификатниот новинар Сашо Денесовски викан Мајмун, назначен за Координатор од страна на Зоран Заев, започнува масовната имунизација/вакцинација. Денесовски е КООРДИНАТОР на таа имунизација која јас ја нарекувам МАЈМУНИЗАЦИЈА. Слушам дека Охриѓани се констернирани и навредени, ама никој не ги прашува за мислење. Дале доверба на гласање. Гласале МАЈМУН да ги раководи.
Такво време дошло…