Немшиќ: ,,Ова е голема акција, вклучен е и канцеларот Шредер!,,

Пишува: Зоран Божиновски

По избивањето на аферата со прислушкување на стотина грчки политичари, премиерот, високи функционери и американската амбасада во Атина, од страна на главниот извршен директор на Дојче Телеком, РЕНЕ ОБЕРМАН, преку Елек Штрауб и Борис Немшиќ, биле превземени мерки скандалот да биде заташкан.

Човек за врска им бил денес актуелниот премиер Димитар Ковачевски, тогаш вработен во секторот за финансии во Македонски Телеком и одговорен за прислушување и следење комуникации. Откако преземале мерки Германците, Унгарците и Димитар Ковачевски, на 9 март 2005 година во Атина бил убиен електроинженерот Костас Цаликидис, вработен во Водафон Грција.

Месец дена пред ова убиство, Борис Немшиќ од Дојче Телеком, по наредба на Рене Оберман му пишува ПРЕДПОЛНОЌНА ДРАМАТИЧНА ПОРАКА на Ковачевски, му дава упатства што треба да направи и му нагласува поименично кој е вклучен во акцијата, а го набројува тука како вклучен и тогашниот германски канцелар ГЕРХАРД ШРЕДЕР.

На крај Немшиќ му нагласува на Ковачевски мејл поштата да не ја препраќа и да ја уништува! Ама Ковачевски не послушал, поштата е зачувана и еве после многу години стигна до Буревесник за објавување и осветлување на околностите на убиството на Цаликидис. Еве ја во продолжение, мејл пораката од Немшиќ до Ковачевски:

Од: Борис Немшиќ

Испратено: Понеделник 07.02.2005 23:21 часот

До: Димитар Ковачевски

Господине Ковачевски,

По наредба на г-дин Оберман од вас ќе се бара да ја исклучите интерконекцијата за следење. Кога и како, ќе бидете навремено известени. Исто така ќе бидете навреме известени за реактивирање. Ова дело е во договор со американскиот Netcracker и израелските поединци. Истото ќе биде проследено до грчкиот оперативец во Водафон како и до оперативците во Бугарија и Албанија. Тоа е голема акција на Б. Пфафенбах, Ј. Вајдман, С. Капферер и многу други, вклучително и КАНЦЕЛАРОТ. Пристапете кон оваа задача со најголема грижа.

Евиденцијата на повиците нема да содржи содржина на повикот и разговорот, туку само броевите на учесниците, времињата и времетраењето на повикот

Не препраќајте ја е-поштата и уништувајте ја.

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.