ОЈО Битола во низата мега случаи кои долги години не ги решава и кои поминале низ рацете на речиси сите обвинители, го одолговлекува и случајот ,,СИВАКОВИ,,. Иако од мај 2012 има кривична пријава од СВР Битола против извршителката Николина Иванова, обвинителот Сулејман Алијевски не сака да го работи предметот…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Со месеци, по првиот објавен текст на оваа тема, чекав ОЈО Битола по допрен глас да реагира и да се покрене случајот ,,СИВАКОВИ,, да ПОЧНЕ да го решава. Предметот е заглавен кај обвинителот Сулејман Алијевски. Кога изгубив трпение, минатата работна недела побарав прием кај овој обвинител за да му поставам неколку новинарски прашања на оваа тема, за конкретнот предмет. Не добив никаков одговор, што е НАЈКОНКРЕТЕН одговор дека Алијевски нема намера да ја процесуира извршителката Николина Иванова иако има стотици конкретни докази дека со помош на моќни помагачи од Еуро Стандард банка, сопственост на криминалецот Трифун Костовски и серија поситни играчи, насилно и со измама им ја одземала куќата на семејството СИВАКОВИ. Во прашање е долг од 47.000 евра по невратен кредит (неколку рати), куќа и дворно место вредни над 300.000 евра. По овој линк ја имате деталната сторија на оваа тема, можете да се подсетите на генезата на случувањата:
https://burevesnik.news/index.php/ekskluzivno/406-opticharska-sonuvalka
Овде, во ова продолжение од сторијата сакам да се задржам на начинот како битолското ОЈО и помага на извршителката Николина Иванова да се спаси од кривичен прогон и од сигурна затворска пресуда за сите тешки законски прекршувања кои ги направила за противправно да се стекне со огромна имотна корист, сопственост вредна над 300.000 евра на семејството СИВАКОВИ. Во конкретниов последен период на Иванова максимално и тоа сосема свесно и помага обвинителот Сулејман Алијевски викан Суљо, со непостапување и со неработа врз предметот, со чиста намера да поминат сите можни рокови тоа да биде сторено и делото да отиде во застарување.
Во неговото споро и тактичко ,,водење,, на овој предмет од порано имаат помогнато и судии од Основниот суд Битола. Адвокатите на Сивакови, нивни застапници Гоце Ристески и Маја Несторовска Дојчиновска имаат поднесено граѓанска и кривична тужба во овој предмет, во двете тужби е тужена извршителката Николина Иванова за злоупотреба на службената положба, а тужена е и Еуро Стандард банка, сопственост на криминалецот Трифун Костовски. Банката е тужена заради неизвестување на клиентите, СИВАКОВИ, дека заради задоцнета уплата на неполни три рати од кредит ќе бидат дадени на извршител. Банката е тужена и за неизвестување на СИВАКОВИ дека кредитот бил префрлен од едно физичко лице, Лилјана Сивакова на друго физичко лице, а со залог на име на Лилјана.
Адвокатите на Сивакови испратиле писмо до банката со прашање зошто тоа било направено и добиле одговор не Банката не е должна да одговара на такви прашања. Сивакови го имаат тоа писмо, дел е од доказите кои обвинителот Сулејман Алеијевски Суљо од ОЈО Битола ги има кај себе и не сака ни поглед да фрли на нив. Од доказите кои адвокатите ги приложиле во тужбата против Иванова и Еуро Стандард банка, сопственост на криминалецот Трифун Костовски, јасно се гледа дека Банката имала намера заедно со Иванова да им одземе на Сивакови имот шесткратно поголем од кредитот кој го подигнале, без да ги извести за тоа, иако од Еуро Стандард банка, сопственост на криминалецот Трифун Костовски, биле должни тоа да го сторат тоа. Наместо тоа, од банката (по упатства од криминалецот Трифун Костовски, како да се ограбуваат клиенти) демнеле Сивакови да задоцнат со неколку рати кредит, за да им одземат куќа и дворно место несразмерно повредни од номиналниот износ на кредитот.
Инаку, Еуро Стандард банка, сопственост на криминалецот Трифун Костовски е вмешана и во фалсификувањето доставници со фалсификуван потпис на сопругот на Љиљана Сивакова, Васил Цикец Сиваков, за да се создаде макар законски привид дека тој бил уредно известен за извршувањето. Точно 42 фалсификувани доставници се во досието ,,СИВАКОВИ,, кај обвинителот Сулејман Алијевски. Не сака да ги види! Обвинителот Алијевски не сака ни да ја повика адвокатката Маја Несторовска Дојчиновска да посведочи што видела и чула и што има да понуди како доказ за злоупотребите во овој предмет.
Лилјана Сивакова своето го кажала до најситни детали на распит во граѓански спор, ама било пресудено на нејзина штета, а на Апелационен суд по жалба иако било извесно дека ќе биде пресудено во нејзина корист, сепак Николина Иванова имала посилни врски па на нејзина жалба и било удоволено на штета на Сивакова. Посилна и поткрепена со докази била кривичната тужба од Сивакова. Предметот прво го почнала една обвинителка, па дошол кај Оливера Проеска која го имала неколку месеци па го оставила заради трансфер во Охрид, па ја наследила Павлина Јанкуловска. Иако има неколку стотини страници цврсти докази за еклатантен пример на злоупотреби, Јанкуловска воопшто не ја повикала на распит да сведочи Лилјана Сивакова, само донела решение да ја отфрли тужбата против извршителката Иванова, а покренала обвинение против Васил Цикец Сиваков за фалсификување потпис на полномошно, иако имала цврсти докази дека друг го фалсификувал неговиот потпис т. е. Николина Иванова, а со знаење на Еуро Стандард банка, сопственост на криминалецот Трифун Костовски. Подоцна жалбата на оштетената Лилјана Сивакова ја отфрлила и Мери Тромбева од Вишото јавно обвинителство Битола, а Сивакови за отрфлањето дознаваат на монтираниот кривичнеи процес против Васил Цикец Сиваков за наводен фалсификуван потпис на полномошно.
Подоцна Лилјана Сивакова тужи повторно. Ја застапува адвокат Стефан Гајдаровски. Тужбата стои година и пол и на крај обвинителот Сулејман Алијевски Суљо, а тој ја отфрлил со потполно нејасно образложение во кое цитирал член од законот кој нема важност од 2016 година и е преиначен, а предметот датира од 2012 година. На неговото отфрлање Сивакова и Гајдаровски поднесуваат жалба до Вишото јавно обвинителство, жалбата им е основана, добиваат сатисфакција, на неа е потпишан виш јавен обвинител кој бил активен кога жалбата е поднесена, ја решил во корист на Сивакова и се пензионирал. Со тоа ОЈО Битола го добива назад предметот со задолжување постапката да ја продолжи. секако дека постапката до денес не продолжува бидејќи обвинителот Суљо и погодува на мафијата.
Инаку, кривичната пријава од СВР Битола против извршителката Николина Иванова ШЕСТ години е на разгледување во ОЈО Битола. По многу ургенции до обвинителот Сулејман Алијевски да го разгледа предметот, тој бесно ја отфрла кривичната пријава против Иванова, која по жалба до Вишо јавно обвинителство еве му се враќа на повторно решавање. Сега од чист инает, спротивно на сите закони, Алијевски намерно одолговлекува со решавање на предметот, чека да поминат сите рокови и чека заминување во пензија. Иако има рок од 6 месеци да донесе одлука, веќе 8,5 месеци не превзема ништо, освен повикување на еден сведок и негов распит.
Обвинителот Алијевски може да ја притвори извршителката веќе врз основа на фалсификуваниот записник од наводната лицитација за куќата на Сивакови која воопшто не е одржана, а Иванова сочинила лажен записник со фалсификуван потпис на Васил Цикец Сиваков, пишала во записникот дека бил присутен на таа ,,лицитација,, иако тој има сведок (Љупчо Кокалевски) кој со изјава тврди дека извршителката Иванова во 9 часот предпладне му јавила на телефон на Сиваков дека наводната лицитација ќе се одржи во 13 часот истиот ден, да дојде да присуствува. Васил Цикец Сиваков отишол во тоа време кај Иванова но лицитацијата немало, веќе била завршена, биле присутни браќата Рамбовци, новите сопственици на куќата и имотот на Сивакови, кои наводно дале најдобра понуда. Не се знае кој бил друг понудувач и како течела лицитацијата. Извесно е дека не течела оти не ни била одржана.
Законот вели дека Николина Иванова претходно МОРАЛА да ја извести Лилјана Сивакова за одржување на лицитација на нејзин имот и тоа најмалку една недела претходно, А Сивакова имала законско право да понуди друг подвижен или недвижен имот за намирување на долгот кон банката. Сивакова можела долгот да го намири со камиони во нејзина сопственост или со недвижен имот во центарот на Битола, наследен од родителите. Ама извршителката и Еуро Стандард банка, сопственост на криминалецот Трифун Костовски се намерачиле на вредната куќа и дворното место вредни над 300.000 евра. Сето ова, обвинителот Сулејман Алијевски не сака да го види, па во бескрај одолговлекува со покренување обвинителен акт против Иванова, за да ја спаси од притвор и затвор и од враќање на имотот на Сивакови, како и исплата на штетата која им е нанесена.
Обвинителот Алијевски сега веќе коруптивно вплеткан во предметот и веќе отворено ставен на страната на одбрана на Иванова, не сака да ги разгледа ни доказите од кои се чита дека должник на Еуро Стандард банка, сопственост на криминалецот Трифун Костовски, не е физичко лице, туку кредит е земен од правно лице кое има подвижен имот да си го намири долгот. Николина Иванова била должна по закон за тоа да ја извести Сивакова, ама не го направила тоа, ја прескокнала и директно со банката од криминалецот Трифун Костовски договарала како да и го заплени ЦЕЛИОТ имот, куќата и дворното место. Обвинителот не сака овие докази да ги разгледува бидејќи на тој начин ќе погодува на граѓани кои се оштетени од извршителско банкарска мафија од која вришти и пишти Битола и околината. Ако Салијевски го почитува законот ќе се расплете клупко од вакви стотина случаи во кои се оштетени граѓани кои паднале во криминалната мрежа на банките (во случајот Еуро Стандард банка во сопственост на криминалецот Трифун Костовски) и извршителите (во случајот Николина Иванова).
Обвинителот СУЉО е последната одбрана на битолската извршителско банкарска мафија. Ќе издржи ли со одбраната додека да се пензионира и ,,откачи,, од предметот!? Како тргнал, ќе одолее и нема да се вмеша во решавање на овој тежок предмет иако е должен тоа да го стори, ќе си го наплати своето од мафијата и ќе се пензионира. На внуците ќе им раскажува дека имал чиста кариера.
Ќе ги лаже!