Дали знаете дека во правосудството во Северна Македонија, измамата и корупцијата царуваат преку лажирани записници…
Пишува: Зоран Божиновски
Тоа што во Законот за кривична постапка, во глава 5 која се однесува на водење записник за главната расправа е запишано во член 374, судиите од Кривичниот, Граѓанскиот, Апелациониот суд Скопје, како и истите низ целата земја, во договор со обвинителите се договориле ДА НЕ ГО ПОЧИТУВААТ!
Член 374 се однесува на начинот на водење на записник за главна расправа и во став 1 децидно е наведено дека текот на главната расправа се снима тонски или визуелно-тонски. Значи или аудио или комбинирано и аудио и видео. АМА СЕ СНИМА!
Кога ќе почне расправата, претседателот на советот (судечки судија!), а до него седи негов колега или колешка, плус поротници, ТОЈ ги известува сите присутни странки и другите учесници во постапката за тоа дека расправата СЕ СНИМА и дека снимката претставува тонски или визуелно-тонски запис од одржаната расправа.
САМО во ситуација КОГА НЕ ПОСТОЈАТ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА СНИМАЊЕ, во став 3 од овој член е запишано дека судечкиот судија може да нареди за текот на главната расправа да се води стенографски записник.
ПОД ПОЛНА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ТВРДАМ ДЕКА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ СЕ ОДНАПРЕД ДОГОВОРЕНИ, ДА НЕ ГИ СНИМААТ ГЛАВНИТЕ РАСПРАВИ НИТУ ТОНСКИ НИТУ ВИЗУЕЛНО, А ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ПОСТОЈАТ ВО СИТЕ СУДОВИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ОСОБЕНО ВО КРИВИЧНИОТ, ГРАЃАНСКИОТ И АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ!!!
Ова го прават за да можат да манипулираат со неуки странки застапувани од корумпирани адвокати, неуки странки кои по главната расправа не добиваат ниту стенографски записник, па поради нивните корумпирани адвокати подоцна немаат ниту поим дека записниците кои нивните адвокати ги добиле во пишана форма, на бити места се изменети и не соодветствуваат со кажаното на главната расправа!
Ова се прави за да се манипулира со такви странки, за да бидат убедени од такви адвокати да признаат вина и да се скрати постапката, што на судиите кои завршуваат предмети на тој начин им носи ореол на успешност, скратиле и од трошоците на судот, со признание на вина издејствувале и задржување на запленетото на претрес кај осомничените/обвинети/осудени.
ЕДНОСТАВНО, СУДИЈАТА, ОБВИНИТЕЛОТ И АДВОКАТОТ, ТРИУМФИРАЛЕ, А ОСОМНИЧЕНИОТ ПА ОБВИНЕТ ПРИЗНАЛ И ДОБИЛ ПОБЛАГА КАЗНА, ПА Е ДУРИ ПОФАЛЕН ОД КОРУМПИРАНИОТ АДВОКАТ ДЕКА ,,ДОБРОО ПОМИНАЛ,,, ,,ДЕКА СЕ СПАСИЛ ОД ДОЛГОГОДИШЕН ЗАТВОР,,, ,,ДЕКА ИМАЛ СРЕЌА ЗАТОА ШТО ТОЈ КАКО АДВОКАТ ИМА ДОБРИ И ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ СО СУДИЈАТА И ОБВИНИТЕЛОТ!,, И ТАКА НАТАМУ И ТАКА НАВАМУ…
Сето тоа се темели на НЕСНИМАЊЕ НА ГЛАВНАТА РАСПРАВА ниту аудио ниту аудио визуелно, што е гаранција за корумпираниот адвокат, судечкиот судија и неговиот колега заменик и за обвинителот дека – нема доказ за злоупотребата на член 374 од Законот за кривична постапка на штета на осомничениот, обвинет, осуден!
Инаку, тонскиот или визуелно-тонскиот запис од одржаната расправа е дел од судскиот предмет кој се води во автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС). Тоа е оној компјутерски систем кој е донација од САД и е најзлоупотребуван во овдешното судство, оценето со НУЛА во последниот извештај од ЕУ!
Тој тонски запис не смее да се објавува, емитува и користи за намени и цели надвор од кривичната постапка. Ама, судечкиот судија е должен по завршување на главната расправа да им даде копија на странките, а осомничените/обвинети/осудени се меѓу нив. По член 374 од ЗКП, судот е должен во рок од три дена да изготви и да достави препис од стенографскиот записник, во печатена или електронска форма. ДЕЦИДНО е наведено во овој член од ЗКП дека, цитирам:
,,Копија од снимката се доставува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа…,,
Постои програма во судот која се вика ФЕМИДА и во која се чуваат овие тонски записи. Па странката (осудениот!) може подоцна, во фаза на подготовка на жалба до повисок суд, доколку нема копија од тонскиот запис, да побара од програмата ФЕМИДА, преку судечкиот судија да добие копија од една, две, три или од сите главни расправи, за да исправи неправда доколку смета дека и е нанесена!
За да докажам овде пред вас и во јавноста која го чита ова, замолив адвокат за кој знам дека не е корумпиран, да побара од еден судечки судија, копија од конретни главни расправи во предмет во кој знам дека досудил казна која заедно со неговиот заменик и поротниците, и соучество на еден корумпиран адвокат, обвинител и претходно договорен судија за претходна постапка, МОНТИРАЛЕ ПРОЦЕС ПРОТИВ лажно осомничен за кој немале никаков доказ дека е виновен, му заплениле имот од голема вредност, го притвориле за да го изолираат од јавноста и го држеле во притвор додека корумпираниот адвокат не го убедил дека е јадобро е да признае вина ако сака да излезе од притвор, а борбата за запленетиот имот од голема вредност, ќе ја водат подоцна!
НЕКОРУМПИРАНИОТ АДВОКАТ кој го замолив да побара две конкретни снимки од две конкретни главни расправи, поднесе барање и доби повратен одговор дека снимките НЕ ПОСТОЈАТ во програмата ФЕМИДА! А не постојат затоа што тие снимки не се направени, а судечкиот судија и неговата заменичка која седела до него тоа НАМЕРНО НЕ ГО НАПРАВИЛЕ, за да нема аудио или аудио визуелн снимка од ова ЗЛОДЕЛО, од ова нефер судење, од оваа злоупотреба на судиска, обвинителска и адвокатска функција. Доказот го имате овде во прилог!
Инаку, ова со НЕСНИМАЊЕТО на главни расправи, со злоупотреба т.е. намерно прекршување на член 374 од ЗКП е судска пракса особено присутна откако стана премиер Зоран Заев и прекуноќно изврши смени на претседатели на судови и обвинители низ процес кој ЦИНИЧНО го нарекуваше РЕФОРМА НА ПРАВОСУДСТВОТО. Дури оформи и Комисија за реформи на која сам се постави за претседател иако е економист и блага врска нема со правото…
Зоран Заев таа реформа ја спроведе за да смени лоши, корумпирани и политички инструирани од неговите претходници, а со таа реформа донесе полоши, покорумпирани и политички инструирани лично од него и делумно од ДУИ!
Баш никаков ефект нема да постигне ниту актуелниот премиер Христијан Мицкоски, со најавите на реформи на правосудството и обвинителството, под притисок на американската амбасадорка Агелер. Едноставно, може само овие актуелни полоши, покорумпирани и политички инструирани од Зоран Заев, да ги замени со бившите лоши, корумпирани и политички инструирани кои беа сменети од реформаторот Заев. Ќе добие резултат двојно полош од претходниот екстремно лош…
Едноставно е, а затоа и погоре пишав дека ова го пишувам под полна кривична одговорност, затоа што знам дека освен САМО во Кривичниот суд Скопје, во големата сала позната како ,,единица,,, каде ПОСТОЈАТ услови за аудио и аудио визуелно снимање на расправите, во сите останати судници на Кривичниот, Граѓанскиот и Апелациониот суд во Скопје, како и низ целата земја, овие системи за снимање НАМЕРНО се онеспособени и намерно се расипани, да не функционираат, за да нема услови за снимање и за да го примени судечкиот судија СТАВ 3 од ЧЛЕН 374, да нареди за главната расправа да се води стенографски записник…
Ова е направено за да секој судија си управува/тргува во својата судница како во свој САМОСТОЕН ТРГОВСКИ ДУЌАН, оти е релаксиран и олабавен дека снимка нема, таков непобитен доказ во програмата ФЕМИДА нема, дека воглавном неуките странки поим немаат дека записниците подоцна не соодветствуваат на тоа што е кажано, т.е. ,,прилагодени,, се и ,,суредени,, во договор со корумпираниот адвокат и обвинителот, па главните расправи неминовно водат до признавање вина и радост што осомничениот/обвинет/осуден наместо 10 добил САМО 5 години затвор, со попатна утеха дека ќе има и скратување од 1/3 на таа казна…
ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР ЗА КРАЈ:
Лежев притвор во Шутка 15 месеци, од крај на април 2016 година до средина на јули 2017 година. По првото изведување кај судија за претходна постапка НЕ ДОБИВ ЗАПИСНИК! Преку командирот на смена и затворската управа побарав ВЕДНАШ а најдоцна за 48 часа да добијам записник, добив одговор:
,,ОВДЕ ВО ПРИТВОР НИКОЈ НЕ ДОБИВА ЗАПИСНИК!,,
Бидејќи претходно во Нови Сад, Србија лежев 10,5 месеци екстрадициски притвор и скоро напамет го знаев Законот за кривична постапка, веднаш напишав писмо до судијата за претходна постапка, со цитирање на член од ЗКП според кој имаат обврска да ми доставуваат записник после секоја истражна постапка, а подоцна доколку ми судат, после секој главна расправа! За два дена добив копија од записникот кој го барав, а од командирот на смена во притвор добив објаснување дека јас сум првиот и единствен што побарал и добил записник!
Подоцна ми судеа, имавме над 80 главни расправи, заедно со мојата адвокатка, редовно доставуваа записници. Снимки не даваа, затоа што системот за снимање веќе беше расипан и водеа стенографски записник. Ама, ми судеа и по стар Закон за кривична постапка, оти истрагата против мене била почната пред да биде донесен изменет ЗКП со член 374 во него, па немаа обврска да снимаат, дури и да беше исправен системот…
Како и да е, добивањето копија од записник после секоја главна расправа, ми помогна НАЈДЕТАЛНО да го проучам секој посебно, да ги констатирам (не)намерните пропусти и на почеток на секоја следна главна расправа НАЈПРВО да барам ИСПРАВКА на сите пропусти во записникот од претходната расправа. Така и пишува во ЗКП: ,,секоја следна главна расправа започнува со усвојување на записник од претходната!,,. А јас не дозволував усвојување на записник од претходна главна расправа ако не се исправи сето она што прецизно сум го воочил, запишал и побарал да се исправи!
Се помачивме, ама на крај ги победив, а планираа брза, кратка и ефикасна постапка со мое квичење и молење што побрзо да излезам од притвор. Напротив, на мојата адвокатка и забранив да бара мое пуштање од притвор пред истек на предвидените 15 месеци, затоа што само таму имав доволно време, многу простор (28 квм), мир, книги и копија од стар и од нов ЗКП, па постојано подготвував одбрана која се темелеше на напад, на која на суд немаа соодветен одговор ниту судијката ниту обвинителот. На моменти ја молеа мојата адвокатка да ги брани од мене т.е. од моите аргументирани вербални напади на кои немаа соодветно правно противоружје. НЕМАА ДОКАЗИ ПРОТИВ МЕНЕ!
п. с. постојано пишував, скоро секојдневно од притвор испраќав дописи до предметната судијка и од затворската управа барав ИНДИГО, за да имам копија од нив. НЕ МИ ДАДОА, па откако ќе ги завршев, ги препишував да имам копија за себе и водев евиденција на кој ден сум пратил што сум пратил, дали било барање, дали информација, дали укажување и нешто слично. ТИЕ ПИСАНИЈА БЕА ПИШАНИ СО КУЛТУРЕН И ПРАВЕН ЈАЗИК, НО БЕА КРАЈНО ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ЗА ОНИЕ ДО КОИ БЕА АДРЕСИРАНИ И ЗА ТИЕ НАД НИВ! ЗА НАРАЧАТЕЛИТЕ НА МОЈОТ КРИВИЧЕН ПРОГОН!