logo
Search
Close this search box.

Организиран грабеж како системско решение

Владата, нејзините стручни служби, надзорниот и управниот одбор на ТЕЛЕКОМ, не ме удостоија со објаснувања на табелите кои ги имате во прилог со оваа објава. Или не сум достоен или немаат одговор. Но, некогаш и неодговор е посилен од било каков одговор…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Табелите поединечно и детално нема да ви ги објаснувам. Ги прикажуваат катастрофалните состојби во ТЕЛЕКОМ и системски воспоставениот грабеж од секоја поединечна ставка погодна за грабеж. Не ни размислувале дека еден ден можеби ќе снемаат сила за грабеж, дека ќе изгубат моќ и власт. Интензивно краделе и разнесувале. Зрак надеж дека ќе се спасат од кривичен прогон им е актуелната извршна власт. За една година владеење Владата како носител на златна акција во Телеком, преку делегирање на свои претставници во управниот и надзорниот одбор, НЕМА РЕЗУЛТАТ. Главниот оперативен директор Горан Трајановски и претставниците во управниот и надзорниот одбор, се само неми посматрачи на управувањето со Телеком од надвор, од Жарко Луковски, Сашо Мијалков и Никола Груевски, преку корумпираниот Назим Буши и претставниците на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, Андреас Маерхофер и Андреас Елснер, како и комплетниот менаџерски тим од поодамна инсталиран од ВМРО ДПМНЕ. Работите ескалираат овој месец, до степен ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ го натера на оставка и заминување Андреас Елснер и испраќање нов директор, др Петер Фајл, финансиски стручњак со богато искуство во расчистување на вакви ситуации. ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ веќе закажа вонредно собрание на акционери за 28 јуни за да отпочне со средување на хаотичната состојба во Компанијата. Тука Владата е сведена на ниво на пасивен гледач кој за ништо не се прашува. Враќањето на Никола Љушев од Црна Гора за директор на Телеком, без согласност и без консултација со Владата е индикатор дека Германците понатаму сами ќе командуваат во Телеком. Не знам само што ќе биде со гледачите кои Владата ги делегирала во УО и НО на Телеком. Ќе почекам крај на собранието на 28 јуни, па ќе стане јасно што улога им е наменета…

Во табелите кои ги имате во прилог можете, ако малку сте упатени во читање на ваква ,,литература,,, да прочитате колку пари се потрошени инсталација на локална мрежа, односно нови конекции или за нови претплатници. Тука спаѓаат мини проекти, поврзување на помал број на претплатници. Прикажана е и ставка за проширување на разделници. Тие се почетните конекции од централа па до претплатник. Ова проширување има за цел да се ослободи простор за ВИП операторот за да може и тој да користи разделници за фиксна телефонија. Тоа е уште еден доказ дека ТЕЛЕКОМ и ВИП се една иста ,,фирма,,, еден ист оператор и дека во јавноста лажно се продава конкуренција од два оператери.

Во табелите е содржана и ставка за пренос на податоци кој се врши преку радио линкови на одредена фреквенција каде што нема достап за пуштање на кабел. Прикажани се и ставки на конекции до базни станици. Тоа е поврзување со оптички кабел на разделникот со базната станица. Парите определени за 4G мрежата се потполно непотребно одвоени и потрошени затоа што за таква мрежа во Македонија нема никаква стабилност. Тие пари се одлеани во сосема непозната насока. Во табелите имате прилика да прочитате и ставка за интернет протоколи, ама спроведено е воведување на нестабилна ИМС платформа. Има и ставка за продажбата на централите, за што пишував во претходните објави. Во оваа ставка се предвидени и замени на модеми и рутери (оние кинеските!), присутно е и перење пари во тој сегмент.

Па имаме ПСТН миграција, односно префрлување на претплатници од продадените централи на нестабилната ИМС платформа, без да знаат дека тоа им е направено. Ова е реализирано за да се фатат роковите за префрлање на претплатниците и нормално заради високите менаџери да земат огромни бонуси. Тука од брзање се изгубени илјадници претплатници, ама не се отидени далеку, најдалеку отишле во сестринската ВИП. После следуваат опреми за интернет: АДСЛ, оптика, ФТТХ (оптика до дома) каде се прави општ хаос со оптичко поврзување на претплатници со различна опрема, останата како отпадок од поразвиените земји. Во табелите кои ги имате во прилог можете да читате и за одвојување на пари за мониторинг системи кои ден денес не се довршени. Ама почнати се! Инсталирани се НГОСС системи, во превод нова генерација на оперативни системи и софтвер. Тука спаѓаат SugarCrm и NetCracker, пишував и за овој криминал. За техничките продукти за развој воопшто да не објаснуваме, постојано као надградба на платформите постојано као со нова опрема со истата функција.

Посебно големи се ставките за одвојување на пари за легализација на објектите (за продавање), а прикажани се парите како обнова на зградите на телеком, адаптација и опремување на зградите, па трошоци за греење и ладење каде што скоро ништо не е превземено, а трошоците се огромни, па системи за следење на салоните на Телеком односно за следење на продажбата и услугите на клиентите. Овие системи се користени ако директорите му се намерачиле некому да го избркаат од работа па го следат. Друга намена системите за следење на салоните ниту имале ниту ќе имаат. Но, секако дека се потрошени огромни пари од буџетот на Телеком за реализација на овој проект. Во табелите има и ставка на пари потрошени за системот за безбедност, кој воопшто не е сменет (15 години е стар). Корисен е да можат моите извори преку тој систем да ми обезбедат податоци и докази, а да не бидат снимени и фатени.

Системот за безбедност ги опфаќа идентификационите картички на вработените за кои без врска се одвоени големи пари, па денес служат за украс. Потрошени се и пари за надградување на софтвер, лиценци за софтвер, компјутерска опрема, алатки за различна поддршка, компјутерска мрежа во Телеком и уште некои измислени глупости, ама редовно прескапо прикажани како трошок. Континуирано се одвојуваат и пари за нестабилната ИМС платформа, па трошоци за ФТТХ мрежа кои нон стоп имаат проширување и служат како трошоци за намирување на надворешни изведувачи. Тука се и трошоци за Т-Мобиле кои главно се сведуваат на божемно подобрување на фреквенциите со поставување на базни станици и кај треба и кај не треба. Сѐ прават ама од 4G мрежа абер нема ама се наплаќаат пари како да ја има. Најголеми трошоци имаме кај имплементација и развој на софтвер. Тука спаѓа и нет крекерот. Поголемиот број од оние кои тој проект го ,,работеле,, трансферирани се кај Жарко Луковски во Ериксон и од таму сега, од далечина командуваат, а божем Телеком управува. Тој софтвер до ден денес не е доразвиен, стои во место. Огромни суми се потрошени и за набавка на технолошки и менаџерски возила, конекции со Топлификација, итн. Најголема глупост и една од скапите ставки е легализација на базни станици исто како и легализацијата со подземна тк инфраструктура, инаку класично перење пари..

Најкратко кажано, табелите го прикажуваат воспоставениот систем за грабеж на стотици милиони евра, без да дозволат макар една институција да им влезе со прашање: ШТО СЕ СЛУЧУВА ОВДЕ!?

 Преземи Табели >>

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.