Подземјето на АЕК и Телеком

Помеѓу Агенцијата за електронски комуникации и ТЕЛЕКОМ постои подземна криминална врска, заснована на чисто беззаконие…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Врската е реализирана по замисла и по желба на Жарко Луковски, а со знаење и одобрување на Никола Груевски и браќата Сашо и Владимир Мијалкови. И ова незаконско поврзување е прикажано како проект и се исцицани огромни пари од Телеком. АЕК е регулаторно тело ама од сосема приватни профитни причини но и од причини да се има потполна контрола над системот и корисниците, АЕК поседува сосема иста пресликана база на податоци како и Телеком. ,,Проектот,, е започнат со предлог на Луковски на Борд на директори на Телеком, предлог поминат без никаков проблем. Во (не)дело го спроведуваат и го воспоставуваат Николче Тасевски и Зоран Мурџев. Прво направиле огромни спецификации на трошоци за надворешните фирми, за да се произведе наводна потреба од спроведување на овој проект од нивна страна. Повторно се вклучени сите геодетски фирми кои ги опишавме кога објавивме како е изведен подземниот катастар на ТЕЛЕКОМ, оној кој нема никакво совпаѓање со планираното во однос на изведеното. Пак истите геодетски фирми, по избор на Луковски се наполнети со многу пари, за да го поврзат подземно Телеком со АЕК.

Огромни пари се издвоени и одлеани и за сопствена работа од Телеком, која воопшто и не се наплаќа, ниту се наплаќала некогаш во Телеком. Сопствената работа би требала да биде за плаќање на вработените кои учествувале во проектот, меѓутоа тие овие пари никогаш ги немаат видено. Овие пари завршиле директно во џебовите на Жарко Луковски, Лазар Динов, Мирослав Јовановиќ, Лилјана Најденова и Назим Буши кој поим нема што се случува, ама за да не крева врева и да не протестира вклопен е како примач. Во проектот е измислено плаќање кон геодетски фирми кои само удриле печат и потпис на фактура. Краен резултат е дека АЕК и Телеком подземно се поврзани (ВИДИ ПРИЛОГ ТАБЕЛИ) ама нема никаква база на податоци која тоа ќе го потврди. Од Телеком се издадени согласности за градба, рачно и без внесување во база на податоци.

Во Телеком постои ГИС база за внесување на просторни податоци. Таа база е купена за огромни пари, ама не се ажурира или се ажурира многу малку бидејќи само еден човек во Телеком ја работи таа работа и е со огромни недостатоци. Затоа, Телеком како сериозна фирма не работи на професионален софтвер туку ,,благодарение,, на Зоран Мурџев работи во Google Earth со огромна неточност. Дури и размената на податоци помеѓу техника и продажба оди преку аматерскиот Google Earth, симнат од интернет. Тоа е последица од вистинското лице на ,,професионалците,, Лазар Динов, Мирослав Јовановиќ, Николче Тасевски и Зоран Мурџев. Од страна на секторот продажба учество во ова има Бранко Станчев, кој во Телеком е познат по тоа дека баш ништо не разбира од тоа што му е надлежност, туку запомнил само дека заедно со директорката Емилија Андоновска има ,,света задача,, да го аутсорсира кол центарот на Телеком…

Инаку, во име на сите геодетски фирми поврзани со криминалното подземно поврзување меѓу АЕК и Телеком, стои професорот на геодетскиот факултет од Струмица, Ване Георгиев. На бројните фактури се менуваат имиња на фирми, а проф. Георгиев командува и наплаќа ,,сработен воздух,,. Георгиев е поранешен вработен во Телеком, ама со Луковски воспоставиле бизнис за испумпување на пари по основ на ,,соработка,, со геодетски фирми, па си ,,работеле,,…

А, кој да ги спречи?

НАПОМЕНА: Во продолжение имате прилог од едни циркуларно писмо, за да видите како тоа ,,сработувале,, проф Георгиев, геодетските фирми и Телеком. И ги имате ТАБЕЛИТЕ од целиот овој криминален проект…

Преземи ТАБЕЛИ >>



Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.