Подземниот закон на Жаре

Идејата за легализација на подземна TK инфраструктура била присутна во ТЕЛЕКОМ уште во 2011 година, со носење на спорниот закон за легализација на подземна ТК инфраструктура од страна на Министерството за транспорт и врски, под раководство на Миле Јанакиевски…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Уште од почетокот била поставена дилема што всушност се легализира: кабел или ров? Кабел не е логично бидејќи во купопродажниот договор на Македонски Телеком стои дека целата подземна инфраструктура е во сопственост на Deutsche Telekom односно на Маѓар Телеком. Затоа и проектот тапкал во место две години. Во 2013 година на чело на Секторот за управување на мрежи менаџментот го именувал битолчанецот Николче Тасевски, кој го ставиле и за проект менаџер за легализацијата. Тој со поддршка од Жарко Луковски, Мирослав Јовановиќ, Ирена Мишева и Лазар Поповски требало под итно да пресече дека легализацијата мора да почне и тоа легализација на кабли (кои еднаш биле купени со купопродажниот договор на Телеком). Зошто легализација на кабли, а не на ров? Бидејќи во еден ров обично се наоѓаат по десетина кабли, така што наместо еден елаборат за ров, тие ,,правеле,, десет елаборати за кабел, што е многу повеќе кеш пари за извлекување од Телеком. Набрзо донеле и буџет и избрале ,,подобни,, фирми кои ова ќе го спроведат замисленото во дело.

Телеком во тој период располагал со вработени геодети и само им било потребно да им се даде лиценца, за да ги потпишуваат елаборатите. Ама тие биле неподобни, бидејќи така ќе биле заштедени пари на ТЕЛЕКОМ (на сопствениците од Германија и на граѓаните!), ќе немало за крадење преку измислени трошоци. Ова на директорите раководени од Луковски не им одговарало. Геодетските фирми (ви ги давам во прилог на овој текст) цело време додека траела оваа криминална операција добивале податоци од Николче Тасевски, Зоран Мурџев и нивниот надреден Лазар Динов. Надворешните фирми не вршеле скоро никакви теренски активности бидејќи вработените во ТЕЛЕКОМ им ја вршеле целата работа. Надворешните фирми напорно работеле на пишување фактури, па откако ги потпишувале елаборатите, го чинеле најголемиот напор – одење во банките во кои имаат сметки за да ги трансферираат милионите од Жарко Луковски. Парите од измисленото трагање на терен и премерот кој требало да го вршат надворешните геодетски фирми пак се враќале во најголем обем кај Луковски, Тасевски, Мурџев и Динов. Главно, сите биле задоволни. Во текот на одвивањето на оваа операција се двоеле пари и за божемно обесштетување на обичните граѓани доколку кабелот поминува низ нивно земјиште. Граѓаните за ова ниту имале поим, ниту биле известени, на голем број од нив имотот им бил узурпиран, а големите директори парите ги подигнале по овој основ, па НИКОЈ не бил обесштетен. Според законот ако кабел поминува низ нечиј двор тоа е сопственост на ТЕЛЕКОМ и може кога сака да прави и што сака во тој двор. Таков е законот на ГАЗДА ЖАРКО ЛУКОВСКИ! Обесштетени се само мал број поединци и фирми блиски до директорите и до Луковски, ама тоа само оние кои знаеле за оваа работа.

За да се запишат во катастар овие кабли, потребно е изведбената документација да е иста со проектната, што не е случај со ниеден кабел. Нема совпаѓање, оти нема никаква контрола. Сѐ е изведено напамет, само за да се испумпаат пари од ТЕЛЕКОМ. Никој не знае како ова поминало во Катастар, како е легализирано? Посебно ќе се позанимаваме со ,,актерите,, од Катастар, да објасниме како таму поминувало се, без контрола. И кој кеширал!? Тоа е посебно криминално ниво. Целиот проект на легализација на подземната ТК инфраструктура чинел 14.000.000 евра, про форма не е затворен, оти сеуште трае. Оставена е резерва да можат и натаму да се испумпуваат пари. Малку и новата извршна власт да цица, преку новите ослепени, оглувени и онемени, крајно загладнети членови на управен и надзорен одбор во ТЕЛЕКОМ, да се ,,поткожи,, и омрси.

За да молчат и не брануваат…

п. с. Стручњаците за грабеж по секакви измислени основи: Тасевски, Мурџев и Динов, во меѓувреме постојано патуваат во Црна Гора за да ги подучат ,,колегите,, по криминал од ТЕЛЕКОМ ЦРНЕ ГОРЕ како се краде на измислена легализација на подземна тк инфраструктура

[widgetkit id=33]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.